Македонистика
Македонистика |
---|
Граматика |
Правопис и правоговор |
· Азбука· |
· Транслитерација· |
- Македонизам води тука. За други значења на поимот, видете македонизам (појаснување).
Македонистика[1] — наука која ги проучува развојот, правописот и другите одлики на македонскиот јазик.
Историски развој
[уреди | уреди извор]Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави Србија и Бугарија кон Македонија, кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.
Интересот на славистите за Македонија, за македонските дијалекти, литература и народно творештво датира уште од времето на основачот на славистиката Јозеф Добровски (1753-1829). Почетоците на организирано учење на македонскиот јазик на ниво на академска настава се врзуваат со првото предавања по македонски јазик одржано на Карловиот универзитет во Прага во 1946, а го одржал професорот Антонин Фринта. Оттогаш наваму македонскиот јазик и македонската книжевност претставуваат предмет на научен интерес за повеќе специјалисти - слависти и балканисти, за што сведочат бројните трудови напишани од странските македонисти, а македонскиот јазик стана наставен предмет застапен на околу 30 универзитети во светот.
Поистакнати имиња на македонската струја во лингвистичката наука се Ѓорѓи Пулевски, Крсте Петков Мисирков, Петар Драганов...
Современ развој
[уреди | уреди извор]Својот вистински расцут македонистиката го доживува по обновувањето на македонската државност во 1944 година. Со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик и основањето на низа образовни и научни установи чиј основен предмет на изучување е македонскиот јазик, се создаваат сите услови за непречено и објективно развивање на македонистиката како дел од светската лингвистичка наука.
Македонистиката во словенските земји
[уреди | уреди извор]Првото предавање по македонски јазик на странски универзитет е одржано 1946 г. на Карловиот универзитет во Прага, еден од најстарите универзитети во Европа, а го одржал професорот Антонин Фринта. Тој држел предавања по македонски јазик од 1946 до 1948 година. Со ова почнува пробивот на македонистиката на странските универзитети. Оттогаш до денес настава по македонски јазик се одржувала и се одржува на околу 30 универзитети во странство. Најзастапени се центрите во коишто се изучува македонскиот јазик во словенските земји. Разбирливо е дека најголем интерес за македонистиката постои во словенските земји, впрочем таква е состојбата и со другите словенски јазици зашто токму во овие земји постои и најширок интерес за славистичките студии.
Македонистиката во несловенските земји
[уреди | уреди извор]Македонистиката во несловенските земји е од големо значење за самиот македонски јазик. Истражувањата и публикациите уште во 19 век во Германија, Австрија, Франција, а подоцна и во САД, Италија, Австралија, Канада, Јапонија и други помогнале во стандардизацијата на македонскиот јазик и негово меѓународно промовирање. Низ голем број странски факултети се предава македонскиот јазик и опстојуваат голем број на македонски катедри. Најпознат несловенски македонист е Виктор Фридман и Кристина Крамер и Хорас Лант.
Институции
[уреди | уреди извор]Македонистиката во светот
[уреди | уреди извор]Универзитетски лекторати по македонски јазик има во Италија, Полска, Романија, Русија, Словенија, Франција, Хрватска, Чешка, САД, Австралија, Јапонија и во други држави.
Истакнати македонисти
[уреди | уреди извор]Ова е нецелосен список на истакнати македонисти и се подредени по азбучен ред.
- Ала Шешкен Русија
- Андре Вајан Франција
- Андре Мазон Франција
- Анри Боасен Франција
- Благоја Корубин Македонија
- Блаже Конески Македонија
- Блаже Ристовски Македонија
- Божидар Видоески Македонија
- Валентина Нестор - Албанија
- Вера Сојчевска Антиќ Македонија
- Виктор Фридман САД
- Владислав Илич-Свитич Русија
- Влоѓимеж Пјанка Полска
- Волф Ошлис Германија
- Гизела Баер - Германија
- Гизела Хавранек - Германија
- Горан Калоѓера Хрватска
- Далибор Брозовиќ (hr) Босна и Херцеговина
- Драги Стефанија Македонија
- Дина Станишева Бугарија
- Елена Верижникова Русија
- Збигњев Голомб - САД
- Зоран Константиновиќ Србија
- Зузана Тополињска Полска
- Иван Доровски Чешка
- Илија Чашуле Австралија
- Јуми Накаџима Јапонија
- Јорданка Фулон - Христова - Македонија и Франција
- Кажимјеж Фелешко Полска
- Кирил Конески Македонија
- Коста Пеев Македонија
- Кристина Крамер - Канада
- Крсте Петков Мисирков — Македонија
- Кшиштов Вроцлавски
- Лешек Мошински - Полска
- Лиу Јару - Кина
- Људмил Спасов - Македонија
- Магдолна Хас - Унгарија
- Миле Томиќ - Македонија предавал во Романија.
- Марија Коробар - Белчева - Македонија
- Наталија Бороникова - Русија
- Наум Китаноски - Македонија
- Нуло Миниси - Италија
- Павле Ивиќ - Србија
- Петар Драганов - Русија
- Петер Хил - Германија
- Радомир Ивановиќ Србија
- Реџиналд де Бреј Австралија
- Рина Усикова Русија
- Самуил Борисович Бернштејн - Русија
- Снежана Веновска - Антевска — Македонија
- Трајко Стаматовски - Македонија
- Умберто Чинкве Италија
- Франтишек Вацлав Мареш - Чешка
- Фроса Пејоска - Бушеро - Франција и Македонија
- Хорас Лант - САД
- Повеќе
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Димитар Пандев, Вовед во Македонистиката, Скопје, Македонска реч, 2010
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонски јазик 2008 година на македонскиот јазик Архивирано на 15 август 2009 г.
- Дигитален архив на македонскиот јазик
- Библиографија на македонскиот јазик
- Литературна база на македонскиот јазик Архивирано на 15 септември 2009 г.
|