Прејди на содржината

Волф Ошлис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волф Ошлис со македонскиот писател Саво Костадиновски

Волф Ошлис (германски: Wolf Oschlies) е македонист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа.

Роден е во 1941 година во Кенигсберг, Источна Прусија, од 1945 Калининград, Советски Сојуз, од 1991 Русија. Студирал славистика на универзитетот во Хамбург. Од 1973 се вработил во Центарот за аналитика во германската сојузна влада. Исто така работел и во „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн. Од 1977 до 2006 работел и предавал како професор на Универзитетот во Гиcен. Денес е публицист за Источна Европа и пишува редовно за мрежниот весник „Евроазиски Магазин“ (Eurasisches Magazin) и „Пруски алгемајне цајтунг“ (Preussische Allgemeine Zeitung).

Творештво

[уреди | уреди извор]

Постојано објавува статии посветени на Македонија. Проф. д-р Волф Ошлис е соавтор на првиот „Учебник по македонски јазик“ (со Вера Боиќ) објавен надвор од границите на поранешна Југославија (1984, преобјавен во 1996 и во 2007 година).

Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001–2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), како и книга за Мајка Терeза (2009).

Ошлис, меѓу другото, досега превел и повеќе дела од македонската книжевност на германски јазик, меѓу кои и „За македонцките работи“ (2012) на Крсте П. Мисирков.

Тој е редовен учесник на Летната школа и на научниот собир на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, на научни собири, организирани во Република Македонија, но учествувал и на славистички собири во светот, каде што настапувал и со реферати на македонистички теми.

Тој е и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на наградите „Духовен воин“ и Златно перо за превод на книгата „За македонцките работи“. 2012 Ошлис доби признание „Пријател на Република Македонија“ за неговата поддршка за промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот.[1] Ошлис ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката на 21 декември 2013 година во Собранието на Република Македонија.[2]

Публикации

[уреди | уреди извор]
  • Lehrbuch der makedonischen Sprache in 50 Lektionen ("Учебник по македонски јазик"), Verlag Sagner, München, 2007. ISBN 978-3-87690-983-7
  • Mutter Teresa – Die Jugend in Skopje (Mајка Терeза - jyносттa во Скопје). Wieser Verlag, Klagenfurt/Celovec 2009, ISBN 978-3-85129-828-4
  • "Волф Ошлис Проблемот на јазикот на Македонците во трудовите на раната германска македонистика" (Wikisource)
  1. Волф Ошлис[мртва врска]: Ќе останам пријател на мојата Македонија!, Новa Македонија, 17.8.2012
  2. Волф Ошлис и Паца Лазарова[мртва врска] се добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, Telegraf Mk, 21 декември 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]