Магдолна Хас
Изглед
Магдолна Хас (унгарски: Hász Magdolna) (??? - Будимпешта, 23 август 2006) — унгарска македонистка. Долги години работела како лектор по унгарски јазик на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преведувач, библиотекар и афирматор на македонскиот јазик, литература и култура.[1]
Автор е на антологијата на македонски расказ на унгарски јазик „Балканскиот клуч“ во нејзин избор и превод, објавен во Будимпешта, во 2005. Автор и препејувач на антологија на македонската поезија. Има преведено повеќе прозни и поетски дела од македонските автори Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Радован Павловски, Венко Андоновски и Милован Стефановски, објавени во периодични литературни изданија.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- A macedon kolteszet es Mihail Rendzsov, Hitel, 2000/7, Будимпешта.
- Macedonia es az alban kerdes, Hitel, 2000/7, Будимпешта.
- Egy nemzet, mint a tobbi, Magyar Narancs, 2000/34, Будимпешта.
- A hatezer eves Adam, Juhari Zsuzsannaval, Nepszabadsag, 2001.03.03, Будимпешта.
- Неколку карактерни особености на унгарскиот јазик, во огледало на морфолошките категории, Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 24, Скопје, 1998.
- Автобиографија во унгарската книжевност во XVII-XVIII век - Автобиографија на Ката Бетлен, Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 24, Скопје, 1998.
Преводи
[уреди | уреди извор]- Иштван Еркењ: Едноминутни новели, Lettre Internationale, Македонско издание, 1998/10.
- Ѓерѓ Конрад: Слуга на општеството, Lettre Internationale, Македонско издание, 1998/11-12.
- Естер Бабарци: Последните десет години на унгарската книжевност, Lettre Internationale, Македонско издание, 1999/13-14.
- Агнеш Хелер: 1968, Lettre Internationale, Македонско издание, 1999/13-14.
- Апарна Рао: Жената во циганската култура, Lettre Internationale, Македонско издание, 2000/17.
- Жак Дерида: Дали филозофијата има сопствен јазик? (преземено интервју), Lettre Internationale, Македонско издание, 2000/17.
- Гашпар Наѓ: Поезија, Lettre Internationale, Македонско издание, 2000/18.
- Агнеш Хелер: Крајот на милениумот (преземено интервју), Lettre Internationale, Македонско издание, 2000/18.
- Масло и платно - современо унгарско сликарство, Каталог за изложба, Скопје, Музеј на Град Скопје, 2000.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Magyar nemzeti bibliográfia: Időszaki kiadványok repertóriuma (унгарски) (55. изд.). Országos Széchényi Könyvtár. 2000.