Наталија Бороникова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Наталија Владимировна Бороникова
Natalija Boronikova.JPG
Роден 6 февруари 1973
Перм, Русија

Наталија Владимировна Бороникова (руски: Наталия Владимировна Боронникова) — познат македонист од Перм и еден од најмладите научници во Руската Федерација кои се занимаваат со македонскиот јазик.[1]

Родена е на 6 февруари 1973 година во градот Перм, Русија.

Кандидат по филолошки науки, доцент на Пермскиот државен универзитет, Филолошки факултет, катедра за општа и словенска лингвистика.

Средно училиште завршила во 1990 година во градот Перм (Русија). Од 1991 година до 1996 година студирала на Филолошкиот факултет на Пермскиот државен универзитет, дипломирала со специјализација „Филолог. Предавач по руски јазик, литература и словенски јазици„. Во 1998 година се запишала на постдипломски студии на катедрата за општа лингвистика на Пермскиот државен универзитет по специјализација „Теорија на јазикот„ (ментор – проф. д-р Jуриj Левицки). Во 2002 година ја одбранила кандидатската дисертација на тема „Функционална анализа на семантиката на членот„. Во 2007 година се здобила научно звање доцент.

Од 1996 година работи на катедрата за општа и словенска лингвистика на Пермскиот државен универзитет, најпрво како секретар (1996 – 1997), потоа како асистент (1998 – 2001), виш предавач (2002 – 2004), доцент (од 2005). Од 1998 година исто така е вработена на катедрата за општа лингвистика при Пермскиот педагошки универзитет. Предава Вовед во лингвистиката, Историја на лингвистичките студии, Методи на лингвистичките истражувања, Општа лингвистика, Македонски јазик, Бугарски јазик. Во 2003-2004 учебна година организира група специјализирана за македонски јазик при Пермскиот педагошки универзитет.

Влегува во редакциски одбор на меѓународниот зборник на научнит трудови „Филолошки студии„. Учествува во научно-истражувачки проекти, меѓународни конференции и симпозиуми (Македонија, Унгарија, Чешка, Полска, Естонија, Литванија).

Се специјализира за прочување семантика и функции на категоријата определеност-неопределеност, деиксисот, теоријата на референција. Неjзините научни интереси лежат во областа на теорија на јазикот, историја на лингвистичките студии, теоретската граматика, синтаксата и словенските јазици.

Библиографија на научната и стручна работа[уреди | уреди извор]

I Најважни трудови[уреди | уреди извор]

  1. Артикль: вопросы теории и типологии. Пермь: Перм. ун-т., 1999. 88 с. (В соавторстве с Ю.А. Левицким).
  2. Функциональный анализ семантики артикля: Дисс. … канд. филол. наук. Пермь: Перм. ун-т., 2002. 176 с.
  3. Синтаксис: Учебное пособие по курсу «Современный русский язык». Пермь: Перм. ун-т., 2002. 199 с. (В соавторстве с Ю.А. Левицким).
  4. История лингвистических учений: Учебное пособие. Москва: «Высшая школа», 2005. 302 с. (В соавторстве с Ю.А. Левицким).
  5. Введение в языкознание: Курс лекций. Пермь: Перм. ун-т., 2006. 343 с. (В соавторстве с Ю.А. Левицким).
  6. Русская спонтанная речь коми-пермяков: Звучащая хрестоматия / кол. авт., науч. ред. Т.И.Ерофеева. Пермь, 2007. 72 с. (Соавт. Т.И.Ерофеева, Е.В.Ерофеева, Т.И.Доценко, Е.В.Овчинникова, И.А.Угланова).

II Книги[уреди | уреди извор]

  1. Морфология македонского языка в таблицах, схемах и упражнениях: Учебно-методическое пособие / Сост. Н.В. Боронникова. Пермь: Перм. пед. ун-т, 2005. 79 с.

III Студии и статии во зборници и списанија[уреди | уреди извор]

  1. Функционирование имени в южнославянских текстах // «Słowa, słowa, słowa»… w komunikacji językowej / Pod red. M. Grabskiej. Gdańsk, 2004. T. II. S. 223-228.
  2. Определенность-неопределенность в системе глагола (категория ЛИЦО) // XXX научна конференција на XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 11-13 август 2003) / Гл. и одгов. уредник М. Каранфиловски. Скопје, 2004. С. 293-305.
  3. Емоционален деиксис во ситуацијата на општењето // XXXII научна конференција на XXXVIIШ меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 15-17 август 2005) / Гл. и одгов. уредник Е. Црвенковска, Т. 1. Лингвистика. Скопје, 2006. С. 105-118.
  4. О субъективности грамматики // Вестник Пермского университета: Научный журнал / Гл. ред. В.В. Маланин. Вып. 3 (3). Филология. Язык, цивилизация, культура. Пермь, 2006. С. 31-37.
  5. К Проблеме так называемой „двойной определенности„ именной группы в македонском языке, Международный научный симпозиум „Славянские языки и культуры в современном мире„, Москва, 2009

Наводи[уреди | уреди извор]