Слогница речовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слогница речовска
Корица на оригиналното издание.
АвторЃорѓија Пулевски
ЗемјаКнежевство Бугарија
Јазикмакедонски
Жанрграматика и правопис
Издадена
1880
Медиумпечатено

Слогница речовска или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ — книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски.[1] Важи за прва печатена македонска граматика[2], но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.

Писмо[уреди | уреди извор]

При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.

Големи букви
А Б В Г Д Е Є Ж З І И К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ъ Ы Ь Ѣ Ю Ѫ Џ Я Ѳ
Мали букви
а б в г д е є ж з і и к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ъ ы ь ѣ ю ѫ џ я ѳ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Слогница речовска, Ѓорѓија Пулевски, 1880, Софија.
  2. Ѓорѓија Пулевски Архивирано на 15 април 2008 г. на страницата на МАНУ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]