Валентина Нестор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валентина Нестор
Роден 6 август 1928
Пустец, Мала Преспа, Албанија
Националност Македонка
Занимање лектор

Валентина Нестор (16 ноември 1971 во Пустец, Мала Преспа) — македонски лекторка по македонски јазик во Тирана.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното и средното образование во родното место, Валентина Нестор дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година и била избрана за лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана (1996). Постдипломските студии ги завршила на својот Факултет со магистерската дисертација „Лексички заемки помеѓу македонскиот и албанскиот јазик“ (2003), каде што ја одбранила и докторската дисертација „Албанското лексичко-граматичко влијание врз говорот на Мала Преспа“ (28. Ⅵ 2006).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Нестор“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1044. Text "series " ignored (help)