Македонски писма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано
Македонска граматика
Македонски јазик
Macedonian language in old cyrillic.svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Македонски писма — збирен назив за сите досегашни азбуки и системи на пишување што ги користел македонскиот јазик низ вековите па сѐ до денес. Хронолошки и квантитативно, македонскиот јазик користел осум различни азбуки, во зависност од временскиот период и развојот на самиот јазик.

Глаголица (Ранохристијанска македонска азбука)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Глаголица.

Глаголицата била азбука што во Македонија се користела од VII до XII век. Глаголицата е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици. Името доаѓа од старословенскиот збор глаголъ, што значи збор (исто така и потекло на буквата „Г“). Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон. На територијата на Македонија престанала да се користи во XII век кога е сменета со кирилицата.

Азбука[уреди | уреди извор]

Изглед Уникоден знак Старословенско име Црковнословенско име Звучност на македонски Претпоставено потекло Потомци во словенските јазици
Azu Азъ Аз а Знак крст или хебрејската буква Алеф א (А а)
Bouky Бoукъі Буки б Непознато; Самаритската буква /м/ го има исиот знак, но превртен (Б б)
Vede Вѣдъі Веди в Веројатно од латинското V (В в)
Glagolu Глаголи Глаголи (Глагол) г (Γ γ) грчка гама (Г г)
Dobro Добро Добро д (Δ δ) грчка делта (Д д)
Jestu Естъ Јест је Веројатно од самаритското /хе/ или грчкиот број сампи (900) Руско (Е е), (Є є);
Zhivete Живѣте Живете ж (Ж ж)
Dzelo Ѕѣло Ѕело ѕ (Ѕ ѕ)
Zemlja Земліа Земља з (Θ θ) варијанта од грчка тета (З з)
I, Izhe Ⰺ, Ⰹ Иже Иже и, ј (Ι ι) грчка јота со диресеза (И и)
I И I и, ј Непознато, веројатно комбинација од христијанските симболи круг и триаголник (І і)
Gjerv Г'ервь Ѓерв ѓ Непознато (Ѓ ѓ) (Ћ ћ), (Ђ ђ)
Kako Како Како к Од хебрејската Коф ק (К к)
Ljudie Людьѥ Људи л (Λ λ) грчка ламбда (Л л)
Myslite Мъіслите Мислете м (Μ μ) грчко му (М м)
Nashi Нашь Наш н Непознато (Н н)
Onu Онъ Он о Непознато (О о)
Pokoi Покои Покој п (Π π) грчко пи (П п)
Rici Рьци Р'ци р (Ρ ρ) грчко ро (Р р)
Slovo Слово Слово с Непознато, веројатно комбинација од христијанските симболи круг и триаголник (С с)
Tvrido Тврьдо Твердо т (Τ τ) грчко тау (Т т)
Jeru Оукъ Ук у Лигатура на он и ижица (У у)
Fritu Фръть Ферт ф (Φ φ) грчко фи (Ф ф)
Heru Хѣръ Хер х Непознато (Х х)
Otu Отъ От от Лигатура на он и превртено он От (се користи само за транскрипција од грчки)
Shta Шта Шта Шт Лигатура на ша врз тврдо (Щ щ)
Ci Ци Ци ц (צ ץ) хебрејско цаде צ (Ц ц)
Chrivi Чрьвь Черв ч (Ч ч)
Sha Ша Ша ш (ש) хебрејски шин ש (Ш ш)
Jeru Ѥръ Јер ' (како во 'рж) (Ъ ъ) тврд знак, македонскиот знак ' пред зборови кои почнуваат со буквата Р
Jery ⰟⰊ Ѥръі Јери ' + и (Ы ы) јери
Jeri Ѥрь Јерј (Ь ь) мек знак
Jati ІАть Јат ја Можеби од епиграфската грчка алфа Α (Ѣ ѣ) јат (отфрлена од рускиот во 1917 и од бугарскиот во 1945)
GlagolitsaJo.gif Је Јо је (Ѥ ѥ) Е јотирано (вон употреба)
Jou Ју Ју ју (Ю ю)
Ensu (small jousu) Ѧсъ (Юсъ малъіи) [мало Јус] /ɛ̃/ (Ѧ ѧ) Јус мало (вон употреба)
Jensu (small jousu) Ѩсъ [Мало јотирано Јус] /jɛ̃/ лигатура на Јест и назалност (Ѩ ѩ) Мало јотирано јус (вон употреба)
Onsu (big jousu) Ѫсъ (Юсъ большии) [Големо Јус] /ɔ̃/ Лигатура на он и назалност (Ѫ ѫ) Јус големо (вон употреба)
Jonsu (big jousu) Ѭсъ [Големо јотирано Јус] /jɔ̃/ (Ѭ ѭ) Големо јотирано Јус (вон употреба)
Thita Θита Фита /θ/ (Θ θ) грчка тета (Ѳ ѳ) Фита (само за транскрипција од грчки)
Yzhica Ижица Ижица /ʏ/, и Лигатура од Иже и Јер (Ѵ ѵ) Ижица (отфрлена од рускиот во 1917)

Црковномакедонска азбука[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Старословенско писмо.

Кирилицата е азбука што е наследник на глаголицата. Создадена е од Свети Климент Охридски и од Свети Наум Охридски и е крстена по нивниот учител Свети Кирил. Азбуката е воведена на просторите на Македонија во XII век како замена за старата покомплицирана глаголица. Кирилицата била создадена со цел да се упрости пишувањето на старословенската литература и црковните дела. Азбуката е видно упростена во споредба со глаголицата. Низ вековите старата кирилица претрпела поголем број промени, измени, додавања и одземања на букви следејќи го фонетскиот и фонолошкиот развој на македонскиот јазик. Денес македонската азбука е базирана врз азбуката користена од Крсте Петков Мисирков а додека тој се базирал вр старата кирилица со одредени модифицирања на буквите се со цел задоволување на фонетскиот систем на македонскиот јазик.

Азбука[уреди | уреди извор]

Слика Уникод Име
(Кирилица)
Име
(транслитерирано)
Име
(МФА)
Транслитерација
во македонски
МФА
Early Cyrillic letter Azu.png А а АЗЪ azǔ [aʒʌ] а [a]
Early Cyrillic letter Buky.png Б б БѸКИ buky [buki] б [b]
Early Cyrillic letter Viedi.png В в ВѢДИ vědě [vɛdi] в [v]
Early Cyrillic letter Glagoli.png Г г ГЛАГОЛИ glagoli [glagoli] г [g]
Early Cyrillic letter Dobro.png Д д ДОБРО dobro [dobro] д [d]
Early Cyrillic letter Yesti.png Є є ѤСТЬ estǐ [iɛstɪ] е [ɛ]
Early Cyrillic letter Zhiviete.png Ж ж ЖИВѢТЄ živěte [ʒivɛtɛ], [ʒivjɛtɛ] ж [ʒ]
Early Cyrillic letter Dzelo.png Ѕ ѕ ЅѢЛО dzělo [ʣɛlo], [ʣjɛlo] ѕ [dz], [z]
Early Cyrillic letter Zemlia.png З з ЗЄМЛIА zeml’ja [zemlja] з [z]
Early Cyrillic letter Izhe.png И и ИЖЄ iže [iʒɛ] и [i]
Early Cyrillic letter I.png І і / Ї ї И i [i] и [i]
Early Cyrillic letter Kako.png К к КАКО kako [kako] к [k]
Early Cyrillic letter Liudiye.png Л л ЛЮДИѤ ljudije [ljudijɛ] л [l]
Early Cyrillic letter Myslite.png М м МЫСЛИТЄ mūslite [muslitɛ] м [m]
Early Cyrillic letter Nashi.png Н н НАШЬ našǐ [naʃɪ] н [n]
Early Cyrillic letter Onu.png О о ОНЪ onǔ [onʌ] о [o]
Early Cyrillic letter Pokoi.png П п ПОКОИ pokoi [pokoj] п [p]
Early Cyrillic letter Ritsi.png Р р РЬЦИ rǐci [rɪʦi] р [r]
Early Cyrillic letter Slovo.png С с СЛОВО slovo [slovo] с [s]
Early Cyrillic letter Tvrido.png Т т ТВРЬДО tvrǐdo [tvrɪdo], [tfrɪdo] т [t]
Early Cyrillic letter Uku.png Ѹ ѹ ѸКЪ ukǔ [ukʌ] у [u]
Early Cyrillic letter Fritu.png Ф ф ФРЬТЪ frǐtǔ [frɪtʌ] ф [f]
Early Cyrillic letter Khieru.png Х х ХѢРЪ xěrǔ [xɛrʌ]? [xjɛrʌ]? х [x]
Early Cyrillic letter Otu.png Ѡ ѡ ОТЪ otǔ [otʌ] о [oː]
Early Cyrillic letter Tsi.png Ц ц ЦИ ci [ʦi] ц [ʦ]
Early Cyrillic letter Chrivi.png Ч ч ЧРЬВЬ červ [ʧrɪvɪ] ч [ʧ]
Early Cyrillic letter Sha.png Ш ш ША ša [ʃa] ш [ʃ]
Early Cyrillic letter Shta.png Щ щ ШТА šta [ʃta] шт, шч [ʃt], [ʃʧ]
Early Cyrillic letter Yeru.png Ъ ъ ѤРЪ jerǔ [jɛrʌ] ' [ʌ]
Early Cyrillic letter Yery.png Ы ы ѤРЫ jerū [jɛry] ' + и [y]
Early Cyrillic letter Yeri.png Ь ь ѤРЬ jerǐ [jɛrɪ] ии [ɪ]
Early Cyrillic letter Yati.png Ѣ ѣ ЯТЬ jatǐ [jatɪ] је [jɛ]
Early Cyrillic letter Yu.png Ю ю Ю ju [ju] ју [iu]
Early Cyrillic letter Ya.png Я я (И)Я ja [ja] [ja]
Early Cyrillic letter Yusu Maliy.png Ѧ ѧ ѦСЪ ęsǔ [ɛ̃s] е назално [ɛ̃]
Early Cyrillic letter Yusu Maliy Yotirovaniy.png Ѩ ѩ ѨСЪ jęsǔ [jɛ̃s] ј + е назално [jɛ̃]
Early Cyrillic letter Yusu Bolshiy.png Ѫ ѫ ѪСЪ ǫsǔ [ɔ̃s] о назално [ɔ̃]
Early Cyrillic letter Yusu Bolshiy Yotirovaniy.png Ѭ ѭ ѬСЪ jǫsǔ [jɔ̃s] ј + о назално [jɔ̃]
Early Cyrillic letter Ksi.png Ѯ ѯ КСИ ksi [k͡si] кс [k͡s]
Early Cyrillic letter Psi.png Ѱ ѱ ПСИ psi [p͡si] пс [p͡s]
Early Cyrillic letter Fita.png Ѳ ѳ ФИТА fita [fita] меѓу т и ф (англ. „th“) [t], [θ], [f]
Early Cyrillic letter Izhitsa.png Ѵ ѵ ИЖИЦА ižica [iʒiʦa] и или в [ɪ], [y]
Early Cyrillic letter Ye.png Ѥ ѥ (И)Ѥ jeː [jɛ] ие [iɛ]
Early Cyrillic letter Djerv.png Ћ ћ ДѤРВ đerv, djerv [ʤɛrv], [djɛrv] ќ, ћ [ʤ], [dj]
Early Cyrillic letter Tvrido Otu.png Ѿ ѿ ОТЪ otǔ [otʌ] от [ot]
Early Cyrillic letter O.png

Илинденска азбука[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Илинденска азбука.
Буква Име
(Кирилица)
Име
(транслитерирано)
Име
(МФА)
Транслитерација
во македонски
МФА
А а АЗЪ azǔ [aʒʌ] а [a]
Б б БѸКИ buky [buki] б [b]
В в ВѢДИ vědě [vɛdi] в [v]
Г г ГЛАГОЛИ glagoli [glagoli] г [g]
Д д ДОБРО dobro [dobro] д [d]
Є є ѤСТЬ estǐ [iɛstɪ] е [ɛ]
Ж ж ЖИВѢТЄ živěte [ʒivɛtɛ], [ʒivjɛtɛ] ж [ʒ]
Ѕ ѕ ЅѢЛО dzělo [ʣɛlo], [ʣjɛlo] ѕ [dz], [z]
З з ЗЄМЛIА zeml’ja [zemlja] з [z]
И и ИЖЄ iže [iʒɛ] и [i]
Й J j [j] ј [j]
К к КАКО kako [kako] к [k]
Л л ЛЮДИѤ ljudije [ljudijɛ] л [l]
М м МЫСЛИТЄ mūslite [muslitɛ] м [m]
Н н НАШЬ našǐ [naʃɪ] н [n]
О о ОНЪ onǔ [onʌ] о [o]
П п ПОКОИ pokoi [pokoj] п [p]
Р р РЬЦИ rǐci [rɪʦi] р [r]
С с СЛОВО slovo [slovo] с [s]
Т т ТВРЬДО tvrǐdo [tvrɪdo], [tfrɪdo] т [t]
У ѸКЪ ukǔ [ukʌ] у [u]
Ф ф ФРЬТЪ frǐtǔ [frɪtʌ] ф [f]
Х х ХѢРЪ xěrǔ [xɛrʌ]? [xjɛrʌ]? х [x]
Ц ц ЦИ ci [ʦi] ц [ʦ]
Ч ч ЧРЬВЬ červ [ʧrɪvɪ] ч [ʧ]
Ш ш ША ša [ʃa] ш [ʃ]
Щ щ ШТА šta [ʃta] шт, шч [ʃt], [ʃʧ]
Ъ ъ ѤРЪ jerǔ [jɛrʌ] ' [ʌ]
Ь ь ѤРЬ jerǐ [jɛrɪ] ии [ɪ]
Ѣ ѣ ЯТЬ jatǐ [jatɪ] је [jɛ]
Ю ю Ю ju [ju] ју [iu]
Я я (И)Я ja [ja] [ja]
Ѧ ѧ ѦСЪ ęsǔ [ɛ̃s] е назално [ɛ̃]
Ѩ ѩ ѨСЪ jęsǔ [jɛ̃s] ј + е назално [jɛ̃]

Македонска преродбеничка азбука[уреди | уреди извор]

"За македонцките работи" издадена 1903 год. во Софија

Во историскиот развиток на македонскиот јазик од големо значење е и периодот на македонските преродбеници и нивните текстови што директно или индиректно влијаеле врз самиот развиток на нашиот јазик. Творештвото на преродбениците е големо а со самото тоа и се пројавила потреба за некое стандардизирање на македонскиот јазик а особено стандардизирање на македонската азбука. Најзначаен придонес во тоа дал најголемиот македонист и лингвист Крсте Петков Мисирков со неговото дело За македонцките работи а особено во дело со наслов Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик. Во тој дел Крсте Петков Мисирков се залага за стандардизирање на македонскиот литературен јазик базиран врз централните говори и се залага за користење на македонска кирилица што во целост ќе ги задоволи потребите на македонскиот фонетски и фонолишки систем. Крсте Петков Мисирков користи македонска кирилична верзија што во целост ги задоволила потребите на македонскиот јазик. Подоцна таа иста азбука е користена во списанието Вардар, во статии напишани од Крсте Петков Мисирков, исто така е користена од Лозарите и од други македонски преродбеници. Денес македонската азбука и јазик се базираат врз принципите зададени од Крсте Петков Мисирков. Азбуката брои 31 буква.

Азбука[уреди | уреди извор]

Големи букви
А Б В Г Д Г’ Е Ж З Дз И І К Л Л’ М Н Н’ О П Р С Т К’ У Ф Х Ц Ч Дж Ш
Мали букви
а б в г д г’ е ж з дз и і к л л’ м н н’ о п р с т к’ у ф х ц ч дж ш

Македонска абецедарска азбука[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонска абецедарска азбука.
Пример од првото издание на Абецедарот каде што се користи латиницата

Со Букурешкиот мировен договор, етничката територија на Македонија била поделена на три поголеми дела и тоа: Вардарски дел (што припаднал на Србија), Пирински дел (што припаднал на Бугарија) и Егејскиот дел (што припаднал на Грција). Во најтешка положба во тоа време било македонското население што подпаднало под власт на Грција и како последица на тоа врз него било вршено секаков вид на терор. Поради лошата ситуација што настанала тогаш, грчката влада била притисната од големите европски сили да им го овозможи најосновното право на македонското население на територијата на Егејска Македонија, а тоа било правото на образование. Како последица на тоа, тогашната грка влада во 1928 година го издава букварот Абецедар за потребите на образованието на македонците од Егејска Македонија. Букварот користел латинична азбука и се базирала врз Битолско- Прилепско-Леринскиот дијалект. Азбуката била приспособена за тој дијалект и врз фонетскиот систем на истоимениот дијалект. Азбуката имала 29 букви.

Азбука[уреди | уреди извор]

Абецедарска азбука
A B C Č D E F G H I Î J K L M N O P R S Š T U Ü[1] V Z Ž DZ
Современа азбука
А Б Ц Ч Д Е Ф Г Х И Ј К Л М Н О П Р С Ш Т У нема В З Ж Ѕ Џ

Покрај основната азбука, во букварот се изучувале и неколку диграфи како што се:

јa /ја/, јe /је/, јo /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или еј/, oi /ои или ој/. Буквата ü се користела само во диграфите kü, gü, lü, коишто одговарале на /ќу/, /ѓу/ и /љу/.

Македонска современа азбука[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонска азбука.
Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија
Македонско ракописно писмо

Современиот стандарден македонски литературен јазик користи кирилична македонска азбука базирана и создадена врз македонската кирилица користена во XIX век од страна на повеќе македонски списанија, Крсте Петков Мисирков и Лозарите, но и врз фонетската кирилична азбука на Вук Караџиќ. Азбуката има 31 буква и е официјално писмо користено на територијата на Република Македонија. Македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија е воведена со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 1945 година (види Кодификација на македонскиот стандарден јазик).

Македонска азбука[уреди | уреди извор]

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш

Латинична транслитерација[уреди | уреди извор]

Македонска ракописна латиница
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонска латиница.

Покрај тоа што македонската кирилична азбука е официјално писмо на територијата на Република Македонија, во помали размери се користи и изучува и македонската латиница. Таа се користи за транскрипција на латиничната транслитерација за потребите на луѓето што не знаат да читаат кирилица. Азбуката исто така како и кирличната верзија има 31 буква и е базирана врз стандардната латинична азбука но и врз латиничната азбука на Лудевит Гај.

Азбука[уреди | уреди извор]

Латиница
Аa Bb Vv Gg Dd Ǵǵ Ee Žž Zz DZ dz Ii Jj Kk Ll Ĺ ĺ Mm Nn Ń ń Oo Pp Rr Ss Tt Ḱḱ Uu Ff Hh Cc Čč DŽ dž Šš
Кирилица
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш
Забелешка: ова е школска латиница за транслитерација на македонскиот јазик. За останати верзии видете Транслитерација на македонското писмо. Правописот на македонскиот јазик наведува дека буквите Lj и Nj можат паралелно да се користат наместо буквите Ĺ и Ń.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. германско Ü.