Сегашно време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
македонска граматика
македонски јазик

Сегашното време во македонскиот јазик или поретко наречено со латинскиот назив презент е граматичко време кое се користи за искажување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни наставки на основниот вокал на глаголот.

Образување[уреди | уреди извор]

За образувањето на сегашното време во македонскиот јазик се користат пет различни наставки и една нулта наставка. Како општо правило, според лице и број, табелскиот приказ на наставките е следен[1]:

еднина множина
1. − м − ме
2. − ш − те
3. − ат

Истите наставки се користат за сите глаголи од сите три глаголски групи. Така имаме[1]:

а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска група
Јас гледам носам јадам
Ти гледаш носиш јадеш
Тој, таа, тоа гледа носи јаде
Ние гледаме носиме јадеме
Вие гледате носите јадете
Тие гледаат носат јадат

Од промената на глаголите може да се види дека[1]:

  • формите за трето лице еднина немаат лична наставка, односно самото отсуство на наставката го означува лицето,
  • има промена на основниот вокал во прво лице еднина кај глаголите од е и и глаголски групи, и имаме а наместо е и и,
  • личната наставка за трето лице множина кај глаголите од е и и глаголските групи не се додава на основниот вокал, туку на општиот дел од глаголот.

Бидејќи во првото лице еднина основниот вокал и личната наставка се еднакви за сите глаголски групи, често во граматиките на македонскиот јазик се наведува -ам како наставка за ова лице додадена на општиот дел од глаголот.

Кај некои дијалекти има замена на глаголите од е-глаголска група во и-глаголска група, како на пример бриши, наместо брише, итн. Кај други дијалекти пак, често се додава гласот 'т' за трето лице едница, на пример: тој работит . Кај други пак, има бришење на гласот 'м' од наставката за прво лице, па имаме јас работа наместо јас работам.

Употреба[уреди | уреди извор]

Графички приказ на трите најчести употреби на сегашното време. Црвената боја означува општ факт, сината моментално дејство, а зелената иден настан.

Основното значење на сегашното време во македонскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Ваквото значење се искажува со несвршени глаголи. Форми на сегашното време се образуваат и од свршени глаголи (пр. дојдам, кажам), но тие не означуваат вистинска сегашност и се несамостојни - се употребуваат со некои сврзници или честици како на пример ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе и други[2].

пр: Ако дојдам навреме, ќе излезам да се сретнеме.

Покрај основното значење на времето, со сегашното време во македонскиот јазик може да се искаже и[2]:

  1. минатост
  2. идност
  3. севременост или општовременост
  4. повторливост
  5. готовност
  6. истовременост со друго дејство

Примери[уреди | уреди извор]

Некои примери за формата на сегашното време:

слуша
еднина множина
1. Јас слушам музика. Ние слушаме музика.
2. Ти слушаш музика. Вие слушате музика.
3. Тој слуша музика.
Таа слуша музика.
Тоа слуша музика.
Тие слушаат музика.

пишува
еднина множина
1. Јас пишувам писмо. Ние пишуваме писмо.
2. Ти пишуваш писмо. Вие пишувате писмо.
3. Тој пишува писмо.
Таа пишува писмо.
Тоа пишува писмо.
Тие пишуваат писмо.

игра
еднина множина
1. Јас играм игра. Ние играме игра.
2. Ти играш игра. Вие играте игра.
3. Тој игра игра.
Таа игра игра.
Тоа игра игра.
Тие играат игра.


гради
еднина множина
1. Јас градам куќа. Ние градиме куќа.
2. Ти градиш куќа. Вие градите куќа.
3. Тој гради куќа.
Таа гради куќа.
Тоа гради куќа.
Тие градат куќа.

сади
еднина множина
1. Јас садам зелка. Ние садиме зелка.
2. Ти садиш зелка. Вие садите зелка.
3. Тој сади зелка.
Таа сади зелка.
Тоа сади зелка.
Тие садат зелка.

мами
еднина множина
1. Јас мамам кога играм. Ние мамиме кога играме.
2. Ти мамиш кога играш. Вие мамите кога играте.
3. Тој мами кога игра.
Таа мами кога игра.
Тоа мами кога игра.
Тие мамат кога играат.

спие
еднина множина
1. Јас спијам во одаите. Ние спиеме во одаите.
2. Ти спиеш во одаите. Вие спиете во одаите.
3. Тој спие во одаите.
Таа спие во одаите.
Тоа спие во одаите.
Тие спијат во одаите.

плете
еднина множина
1. Јас плетам плетиво. Ние плетиме плетиво.
2. Ти плетеш плетиво. Вие плетите плетиво.
3. Тој плете плетиво.
Таа плете плетиво.
Тоа плете плетиво.
Тие плетат плетиво.

брише
еднина множина
1. Јас бришам прашина. Ние бришеме прашина.
2. Ти бришеш прашина. Вие бришете прашина.
3. Тој брише прашина.
Таа брише прашина.
Тоа брише прашина.
Тие бришат прашина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 (на македонски) Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 117 / 118. 
  2. 2,0 2,1 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова. уред (на македонски). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 188 - 190. ISBN 978-9989-0-0662-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]