Атрибут во македонскиот јазик
Атрибутот е додаток што кажува каков е подметот, чиј е или од каде е или воопшто го определува поблизу подметот.
Значење и користење
[уреди | уреди извор]Атрибутот е најчесто придавка, но може да биде и друг збор. Освен тоа атрибутот е секој именски додаток, каква било служба да врши името што се определува со него. Тука придавката е додаток на именката, а таа не е подмет.[1]
- Примери
Атрибут во реченици:
Бело јагне пасе |
Овој човек работи |
Мојата сестра учи |
Еден пес лае |
Го видов црното теле |
Кога атрибутот чини составен дел на сопствени именки, тој е пред именката, ако е таа географско име: Крива Паланка, Ново Село, Царево Село и сл. Но ако е атрибутот составен дел на именката што значи лице, тогаш тој е зад именката: Петар Велики, Спиро Црниот и сл. Инаку атрибутот обично стои пред именката, што ја појаснува. Ако се два атрибута, можат да стојат и двата пред именката или именката меѓу нив: Твојата најмала сестра дојде тука вчера; најмалата сестра твоја дојде тука вчера.[2]
Односните реченици, ако се атрибут проширен во зависна реченица (пример: Се покануваат сите граѓани што ги одбравме вчера да дојдат на конференција.), тие не се одделуват со запирка.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кепески, Круме (1946). Македонска Граматика. Скопје: ДРЖАВНО КНИГОИЗДАТЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ 1946. стр. 68.
- ↑ Кепески, Круме (1946). Македонска Граматика. Скопје: ДРЖАВНО КНИГОИЗДАТЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ 1946. стр. 72, 73.
- ↑ Кепески, Круме (1946). Македонска Граматика. Скопје: ДРЖАВНО КНИГОИЗДАТЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ 1946. стр. 77.