Глаголски прилог во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Глаголскиот прилог во македонскиот јазик е дел од простите глаголски форми. Глаголскиот прилог се образува од глаголи, но функционираат и како прилози. Карактеристично е тоа што се образуваат со -јќи и можат да се образуваат од несвршени глаголи.

Образување[уреди | уреди извор]

Формите на глаголскиот прилог се образуваат од несвршени глаголи со додавање на наставката -јќи. Оваа наставка се додава на основната самогласка а кај глаголи од а-група и на основната самогласка е кај глаголи од е-група и и-група. Така на пример имаме „гледајќи“, „носејќи“, „миејќи“ и слично.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Глаголскиот прилог е неменлива глаголска форма. Овој прилог се јавува како определба на глаголот со кој оди, негов означувач за паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма. Така на пример имаме „Гледајќи те тажен, размислував како да ти помогнам“.[1]

Глаголскиот прилог и личната глаголска форма секогаш имаат ист подмет или вршител на дејство во реченицата. Ако подметот е искажан, тогаш тој се врзува за личниот глагол, како на пример „Одејќи на работа, Бобан видел огномет“, а не „Одејќи Бобан на работа, видел огномет“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 222 и 224. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]