Правопис на географски и топографски поими во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Како дел од правописот на македонскиот јазик е вметнат и правописот на топографки и географски поими, изведени зборови од истите и нивен изговор. Во продолжение следува правописот на истите тие именки и придавки, како од светот така и од Македонија.

Формирањето на придавките изведени од именки, најчесто се формираат според одредени принципи, односно со додавање на соодветни наставки во зависност од фонетичката вредност на именката. Деноними од машки и среден род најчесто се формираат со додавање на наставката -ец на коренот на зборот. За деноними од женски род најчесто се додава наставка -ка. Придавки изведени од именки најчесто се формираат со додавање на наставка -ски. Покрај овие три наставки се сретнуваат и останати наставки кои се додаваат во зависност од фентичката вредност на зборот/ именката. Така на пример, ако именката завршува на т и се додава наставка на ј тогаш се пишува како ќ (сплиќанец) или ако коренот на именката завршува на д и се додаде наставка на ј се пишува ѓ (Руанѓанец).

А[1],[2][уреди | уреди извор]


Б[3][4][уреди | уреди извор]


В[5][уреди | уреди извор]

  • Вавилон- (држава) Вавилонец, Вавилонци, Вавилонка, вавилонски, (град) вавилонец, вавилонци, вавилонка, вавилонски
  • Вадуц - вадучанец, вадучанка, вадучанци, вадучки
  • Валандово - валандовец, валандовка, валандовци, валандовски
  • Валенсија - валенсиец, валенсијка, валенсијци, валенсиски
  • Валона - валонец, валонка, валонци, валонски
  • Валонија - Валонец, Валонка, Валонци, валонски
  • Ван
  • Ванкувер - ванкуверец, ванкуверка, ванкуверци, ванкуверски
  • Вануату - Вануаќанец, Вануаќанка, Вануаќани, вануатски
  • Вардар - вардарски
  • Варна - варненец, варненка, варненци, варненски
  • Варшава - варшавјанец, варшавјанка, варшавјани, варшавски
  • Ватикан - ватикански
  • Вашингтон - вашингтонец, вашингтонка, вашингтонци, вашингтонски
  • Велес - велешанец, велешанка, велешани, велешки
  • Велигденски Остров
  • Рапа Нуи - в. Велигденски Остров
  • Велингтон - велингтонец, велингтонка, велингтонци, велингтонски
  • Велс - Велшанец, Велшанка, Велшани, велшки
  • Венеција - венецијанец, венецијанка, венецијанци, венециски
  • Венецуела - Венецуелец, Венецуелка, Венецуелци, венецуелски
  • Виена - виенчанец, виенчанка, виенчани, виенски
  • Виентијан - виентијанец, виентијанка, виентијанци, виентијански
  • Виетнам - Виетнамец, Виетнамка, Виетнамци, виетнамски
  • Византија - Византиец, Византијка, Византијци, византиски
  • Викторија - викториец, викторијка, викторијци, викториски
  • Вила Зора
  • Вилнус - вилнушанец, вилнушанка, вилнушани, вилнуски
  • Виндхук - виндхучанец, виндхучанка, виндхучани, виндхучки
  • Виница - виничанец, виничанка, виничани, винички
  • Висла
  • Витачево
  • Витлеем - витлеемец, витлеемка, витлеемци, витлеемски
  • Вјангчанг - в. Виентијан
  • Влтава
  • Воден - воденец, воденка, воденци, воденски
  • Водно
  • Војводина - Војвоѓанец, Војвоѓанка, Војвоѓани, војвоѓански
  • Волга
  • Волгоград - волгограѓанец, волгограѓанка, волгограѓани, волгоградски
  • Вроцлав - вроцлавец, вроцлавка, вроцлавци, вроцлавски


Г[6][уреди | уреди извор]



Д[7][уреди | уреди извор]


Ѓ[8][уреди | уреди извор]

Е[9][уреди | уреди извор]


Ж[10][уреди | уреди извор]

З[11][уреди | уреди извор]

  • Загорје - Загорец, Загорка, Загорци, загорски
  • Загреб - загрепчанец, загрепчани, загрепчанка, загрепски
  • Задар - задарчанец, задарчанка, задарчани, задарски
  • Заир - Заирец, Заирци, Заирка, заирски
  • Замбези
  • Замбија - Замбиец, Замбијци, Замбијка, замбиски
  • Занзибар - Занзибарец, Занзибарци, Занзибарка, занзибарски
  • Западна Сахара - Сахравиец (Сахрави)/Сахарец, Сахравијка/Сахарка, Сахравијци/Сахарци, сахарски
  • Запорожје - запорожјанец, запорожјанка, запорожјани, запорошки
  • Зелен’Рт, Република Зелен ’Рт - Зелено’ртјанец/Кабовердеанец, Зелено’ртјанка/Кабовердеанка, Зелено’ртјани/Кабовердеанци, зелено’ртски/кабовердеански
  • Зимбабве - Зимбабвеец, Зимбабвејци, Зимбабвејка, зимбабвејски или зимбабвиски
  • Златоврв
  • Злетово- злетовец, злетовци, злетовка, злетовски


Ѕ[уреди | уреди извор]

И[12][уреди | уреди извор]


Ј[13] [14][уреди | уреди извор]

К[15][16][уреди | уреди извор]

  • Кабо Верде - или Зелено'ртска Република
  • Кабул - кабулец, кабулци, кабулка, кабулски
  • Кавадарци - кавадарчанец, кавадарчанка, кавадарчани, кавадаречки
  • Кавказ - кавкаски
  • Казабланка
  • Казахстан - Казахстанец/Казак, Казахстанка/Казашка, Казахстанци/Казаси, казахстански/казашки
  • Каиро - каирец, каирка, каирци, каирски
  • Кајзери - кајзерчанец, кајзерчанка, кајзерчани, кајзерски
  • Кајмакчалан
  • Кајмански Острови
  • Калабрија - Калабриец, Калабријка, Калабријци, калабриски
  • Калахари
  • Калининград - калининграѓанец, калининграѓанка, калининграѓани, калининградски
  • Калифорнија - Калифорчанец, Калифорчанка, Калифорчани, калифорниски
  • Калкута - калкуќанец, калкуќанка, калкуќани, калкутски
  • Камбоџа - Камбоџанец, Камбоџанка, Камбоџанци, камбоџиски
  • Камерун - Камерунец, Камерунка, Камерунци, камерунски
  • Кампала- кампаланец, кампаланка, кампаланци, кампалански
  • Кампучија - Кампучиец, Кампучијка, Кампучијци, кампучиски
  • Камчатка - Камчат, Камчатканка, Камчаткани, камчатски
  • Канада - Канаѓанец, Канаѓанка, Канаѓани, канадски
  • Каналски Острови
  • Канарски Острови
  • Канбера - канберец, канберка, канберци, канберски
  • Кантабриско Море
  • Кантон - в. Гуангџу
  • Канченџунга
  • Кападокија - Кападокиец, Кападокијка, Кападокијци, кападокиски
  • Караганда - караганѓанец, караганѓанка, караганѓани, карагандски
  • Каракас - каракашанец, каракашанка, каракашанци, каракаски
  • Каракорум
  • Каракум
  • Караорман - караормански
  • Караџица
  • Кариби - карипски
  • Карипско Море
  • Карпати - карпатски
  • Карпентариски Залив
  • Карпести Планини
  • Картагина - Картагинец, Картагинка, Картагинци, картагински
  • Картум - картумец, картумка, картумци, картумски
  • Касписко Море - касписки
  • Кастрис - кастришанец, кастришанка, кастришанци, кастриски
  • Каталонија - Каталонец, Каталонка, Каталонци, каталонски
  • Катар - Катарец, Катарка, Катарци, катарски
  • Категат
  • Катманду - катманѓанец, катманѓанка, катманѓани, катмандски
  • Кајруан - кајруанец, кајруанка, кајруанци, кајруански
  • Кашмир - Кашмирец, Кашмирка, Кашмирци, кашмирски
  • Квангџоу - в. Гуангџоу
  • Квебек - Квебечанец, Квебечанка, Квебечани, квебечки
  • Квинсленд - Квинсленѓанец, Квинсленѓанка, Квинсленѓани, квинслендски
  • Кејптаун - кејптаунец, кејптаунка, кејптаунци, кејптаунски
  • Келн - келњанец, келњанка, келњани, келнски
  • Кембриџ - кембриџанец, кембриџанка, кембриџани, кембрички/кембришки
  • Кенија - Кениец, Кенијка, Кенијци, кениски
  • Кигали - кигалиец, кигалијка, кигалијци, кигалиски
  • Киев - киевјанец, киевјанка, киевјани, киевски
  • Кизангани - кизангањец, кизангањка, кизангајци, кизангански
  • Кизилкум
  • Килиманџаро
  • Кина - Кинез, Кинезинка, Кинези, кинески
  • Кингстаун - кингстаунец, кингстаунка, кингстаунци, кингстаунски
  • Кингстон - кингстонец, кингстонка, кингстонци, кингстонски
  • Киншаса - киншашанец, киншашанка, киншашани, киншашки
  • Кипар - Кипранец, Кипранка, Кипрани, кипарски
  • Киргистан - Киргистанец/Киргиз, Киргистанка/Киргиска, Киргистанци/Киргизи, киргистански/киргиски
  • Кирибати - Кирибаќанец, Кирибаќанка, Кирибаќани, кирибатски
  • Киркук - киркучанец, киркучанка, киркучани, киркучки
  • Китка
  • Кито - киточанец, киточанка, киточани, киточки
  • Кичево - кичевчанец/кичевец, кичевчанка/кичевка, кичевчани/кичевци, кичевски
  • Кишињев - кишињевец, кишињевка, кишињевци, кишињевски
  • Кјото - којоточанец, којоточанка, кјоточани, кјоточки
  • Кобе - кобеанец, кобеанка, кобеанци, кобеански
  • Кожани - кожанец, кожанка, кожанци, кожански
  • Кожуф
  • Козјак
  • Коломбо - коломбиец, коломбијка, коломбијци, коломбиски
  • Колорадо - Колораѓанец, Колораѓанка, Колораѓани, колорадски
  • Колумбија - Колумбиец, Колумбијка, Колумбијци, колумбиски
  • Комори - Коморјанец, Коморјанка, Коморјанци, коморски
  • Конакри - конакријанец, конакријанка, конакријанци, конакриски
  • Конго ДР - Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци, конгоански
  • Конго (Република) - Конгоанец, Конгоанка, Конгоанци, конгоански
  • Конија - коничанец, коничанка, коничани, кониски
  • Константинопол - константинполец, константинполка, константинполци, константинполски
  • Констанца - констанчанец, констанчанка, констанчани, констанечки
  • Копенхаген - копенхагенец, копенхагенка, копенхагенци, копенхашки
  • Копер - копранец, копранка, копранци, коперски
  • Кораб
  • Корално Море
  • Кордиљери
  • Кордоба - кордобанец, кордобанка, кордобанци, кордопски
  • Копер - копранец, копранка, копранци, коперски
  • Кореја - или Корејски Полуостров
  • Корејски Полуостров - Кореец, Корејка, Корејци, корејски
  • Корзика - Корзиканец, Корзиканка, Корзиканци, корзикански
  • Коринт - антички град-држава Коринќанец/Коринтјанец, Коринќанка/Коринтјанка, Коринќани/Коринтјани, коринтски, денешен град коринќанец/коринтјанец, коринќанка/коринтјанка, коринќани/коринтјани, коринтски
  • Корча - корчанец, корчанка, корчанци, корчански
  • Косово - Косовец, Косовка, Косовци, косовски
  • Костарика - Костариканец, Костариканка, Костариканци, костарикански
  • Костур - костурчанец, костурчанка, костурчани, костурски
  • Котопакси
  • Котор - которец, которка, которци, которски
  • Кочани - кочанчанец, кочанчанка, кочанчани, кочански
  • Кошице - кошичанец, кошичанка, кошичани, кошички
  • Крајова - крајовец, крајовка, крајовци, крајовски
  • Краков - краковјанец, краковјанка, краковјани, краковски
  • Крањ - крањец, крањка, крањци, крањски
  • Кратово - кратовец, кратовка, кратовци, кратовски
  • Крива Паланка - кривопаланчанец, кривопаланчанка, кривопаланчани, кривопаланечки
  • Крим - кримски
  • Крит - Криќанец, Криќанка, Криќани, критски
  • Крушево - крушевчанец, крушевчанка, крушевчани, крушевски
  • Крф - Крфјанец, Крфјанка, Крфјанци, крфски
  • Куала Лумпур - куалалумпурец, куалалумпурка, куалалумпурци, куалалумпурски
  • Куба - Кубанец, Кубанка, Кубанци, кубански
  • Кувајт - Кувајќанец, Кувајќанка, Кувајќани, кувајтски
  • Кукуш - кукушанец, кукушанка, кукушани, кукушки
  • Куманово - кумановец/кумановчанец, кумановка/кумановчанка, кумановци/кумановчани, кумановски
  • Курдистан - Курд, Куртка, Курди, курдски
  • Курилски Острови
  • Куско - кускоанец, кускоанка, кускоанци, кускоански

Л[17][уреди | уреди извор]

Љ[18][уреди | уреди извор]

  • Љубљана- љубљанчанец, љубљанчани, љубљанчанка, љубљански

М[19][уреди | уреди извор]

  • Мавританија- Мавританец, Мавританци, Мавтитанка, мавритански

Н[20][уреди | уреди извор]

  • Најроби- најробиец, најробијци, најробијка, најробиски

Њ[21][уреди | уреди извор]

  • Њу Делхи и Делхи- њуделхиец, њуделхијци, њуделхијка, њуделхиски
  • Њујорк- њујорчанец, њујорчани, њујорчанка, њујоршки

О[22][уреди | уреди извор]

  • Об- опски и обски

П[23][уреди | уреди извор]

  • Пакистан- Пакистанец, Пакистанци, Пакистанка, пакистански

Р[24][уреди | уреди извор]

С[25][уреди | уреди извор]

Т[26][уреди | уреди извор]

  • Таити- Таиќанец, Таиќани, Таиќанка, таитски
  • Тетово- тетовец, тетовци, тетовка, тетовски
  • Тајван- Тајванец, Тајванци, Тајванка, тајвански
  • Тајланд- Тајланѓанец, Тајланѓани, Тајланѓанка, тајландски
  • Тангањика- Тангањиканец, Тангањиканци, Тангањиканка, тангањикански
  • Танзанија- Танзаниец, Танзанијци, Танзанијка, танзаниски
  • Татарија или Татарстан- Татар, Татарин, Татари, Татарка, татарски
  • Таџикистан- Таџик, Таџици, Таџичка, таџички, таџикистански (држава)
  • Тбилиси- тбилиски
  • Тексас- Тексашанец, Тексашани, Тексашанка, тексашки
  • Тесалија- Тесалиец, Тесалијци, Тесалијка, тесалиски
  • Тибет- Тибеќанец, Тибеќанци, Тибеќанка, тибетски
  • Тиквеш- Тиквешанец, Тиквешани, Тиквешанка, тиквешки
  • Тирана- тиранчанец, тиранчани, тиранчанка, тирански
  • Тирол- Тиролец, Тиролци, Тиролка, тиролски
  • Тихи Океан- тихоокеански
  • Того- Тогоанец, Тогоанци, Тогоанка, тогоанска
  • Токио- токиец, токијци, токијка, токиски
  • Тонга- Тонгаец, Тонгајци, Тонгајка, тонгајски
  • Тоскана- Тосканец, Тосканци, Тосканка, тоскански
  • Тракија- Тракиец, Тракијци, Тракијка, тракиски
  • Троја- Тројанец, Тројанци, Тројанка, тројански
  • Трст- трстјанец, трстјани, трстјанка, трстјански
  • Тувалу- Тувалец, Тувалци, Тувалка, тувалски
  • Тунис- (држава) Тунишанец, Тунишани, Тунишанка, (град) Тунижанец, Тунижани, Тунижанка, туниски
  • Туркменистан или Туркменија- Туркмен, Туркменка, Туркмени, туркменски (јазик/народ), туркменистански (држава)
  • Турција- Турчин, Турци, Турчинка, турски
  • Тринидад и Тобаго или Тринидад-Тобаго

Ќ[27][уреди | уреди извор]

  • Ќустендил- ќустендилец, ќистендилски, ќустендилка, ќустендилски

У[28][уреди | уреди извор]

  • Уганда- Угандец/ Уганѓанец, Угандци/ Уганѓански, Угантка/ Уганѓанка, угандски
  • Узбекистан- Узбек, Узбеци, Узбечка, узбечки (јазик и народ), узбекистански (држава)
  • Украина- Украинец, Украинци, Украинка, украински
  • Улан Батор- уланбаторски
  • Унгарија- Унгарец, Унгарци, Унгарка, унгарски
  • Урал- уралски
  • Уругвај- Уругваец, Уругвајци, Уругвајка, уругвајски

Ф[29][уреди | уреди извор]

  • Феникија- Феничанец, Феничани, Феничанка, феникиски
  • Филаделфија- филаделфиец, филаделфинци, филаделфијка, филаделфиски
  • Филипини- Филипинец, Филипинци, Филипинка, филипински
  • Финска- Финец, Финци, Финка, фински
  • Фиренца- фирентинец, фирентинци, фирентинка, фирентински
  • Фиџи- Фиџиец, Фиџијци, Фиџијка, фиџиски
  • Фландрија- Фландриец, Фландријци, Фландријка, фландриски
  • Флорида- Флориѓанец, Флориѓани, Флориѓанка, флоридски
  • Фолкланди- Фолкланѓанец, Фолкланѓани, Фолкланѓанка, фолкландски
  • Франција- Французин/Француз, Французи, Французинка, француски
  • Фризија- Фриз, Фризи, Фриска, фризиски (во современ контекст се прифаќаат и „Фризиец, Фризијка, „Фризијци“)
  • Фурланија- Фурлан, Фурлани, Фурланка, фурлански

Х[30][уреди | уреди извор]

  • Хаваи- Хаваец, Хавајци, Хавајка, хавајски
  • Хавана- хаванец, хаванци, хаванка, хавански
  • Хаг- хаѓанец, хаѓани, хаѓанка, хашки
  • Хаити- Хаиќанец, Хаиќани, Хаиќанка, хаитски (држава), хаиќански (народ)
  • Халдеја- Халдеец, Халдејци, Халдејка, халдејски
  • Ханој- ханоец, ханојци, ханојка, ханојски
  • Харков- харковјанец, харковјани, харковјанка, харковски
  • Херцеговина- Херцеговец, Херцеговци, Херцеговка, херцеговски
  • Хималаи- хималајски
  • Холандија- Холанѓанец, Холанѓани, Холанѓанка, холандски
  • Хонг Конг или Хонгконг- Хонконжанец, Хонконжани, Хонконжанка, хонкошки
  • Хондурас- Хондурашанец, Хондурашани, Хондурашанка, хондурашки/хондураски
  • Хрватска- Хрват, Хрвати, Хрватка, хрватски

Ц[31][уреди | уреди извор]

Ч[32][уреди | уреди извор]

  • Чад- Чаѓанец, Чаѓани, Чаѓанка, чадски
  • Чешка- Чех, Чеси, Чехинка, чешки
  • Чеченија- Чечен, Чеченка, чеченски
  • Чикаго- чикашки
  • Чиле- Чилеанец, Чилеанци, Чилеанка, чилеански
  • Чувашија- Чуваш, Чувашка, Чуваши, чувашки

Џ[33][уреди | уреди извор]

  • Џибути- Џибутанец, Џибутани, Џибутанка, џибутски

Ш[34][уреди | уреди извор]

  • Шангај- шангаец, шангајци, шангајка, шангајски
  • Шар Планина- шарпланински
  • Швајцарија- Швајцарец, Швајцарци, Швајцарка, швајцарски
  • Шведска- Швеѓанец, Швеѓани, Швеѓанка, шведски
  • Шкотска- Шкот/Шкотланѓанец, Шкоти/Шкотланѓани, Шкотка/Шкотланѓанка, шкотски
  • Шпанија- Шпанец, Шпанци, Шпанка, шпански
  • Шри Ланка- Шриланкаец, Шриланкани, Шриланкајка, штиланкајски
  • Штаерска- Штаерец, Штаерци, Штаерка, штаерски
  • Штип- штипјанец, штипјани, штипјанка, штипски
  • Шумадија- Шумадинец, Шумадинци, Шумадинка, шумадиски

Поврзано[уреди | уреди извор]

Поврзани напатствија на проектот Википедија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.154 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Просветно дело, Скопје, 2007
  2. Толковен речник на македонскиот јазик, Том VI, стр. 488-492, редакција: Кирил Конески, Живко Цветковски, Снежана Велковска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 2014
  3. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.155 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  4. Толковен речник на македонскиот јазик, Том VI, стр. 492-496, редакција: Кирил Конески, Живко Цветковски, Снежана Велковска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 2014
  5. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.157 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  6. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.157 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  7. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.158 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  8. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  9. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  10. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  11. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  12. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  13. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.160, Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  14. Толковен речник на македонскиот јазик, Том VI, стр. 504-506, редакција: Кирил Конески, Живко Цветковски, Снежана Велковска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 2014
  15. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.160 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  16. Толковен речник на македонскиот јазик, Том VI, стр. 506-511, редакција: Кирил Конески, Живко Цветковски, Снежана Велковска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 2014
  17. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.162 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  18. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.162 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  19. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.162 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  20. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.164 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  21. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.164 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  22. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.164 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  23. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.165 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  24. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.166 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  25. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.166 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  26. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.168 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  27. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.169 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  28. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.169 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  29. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.169 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  30. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.169 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  31. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.170 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  32. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.170 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  33. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.170 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007
  34. Правопис на македонскиот литературен јазик стр.170 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007