Кејптаун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кејптаун
Kaapstad iKapa
Кејптаун
Свртено десно од врвот: Кејптаун ЦДП, Западен кејптаун, Плажата Клифтон, Тејбл планина, Пристаниште на Кејптаун, Градско сообрание на Кејптаун
Грб на Кејптаун
Грб
Прекар(и): Мајчин град, Морски таверни
Гесло: Spes Bona (Latin for "Good Hope")
Основан1652
Управа[1]
 • ВидМетрополитенска општина
 • ГрадоначалникПатриција де Лиле (ДА)
 • СоветГрадски совет на Кејптаун
 • Градски управителАхмат Ебрахим
Површина[2]
 • Метро2.444,97 км2 (94,401 ми2)
Најг. вис.&100000000000159040000001.590,4 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[2]
 • Метро[3]3.740.026
 • Метро1.529/км2 (3,960/ми2)
ДемонимCapetonian
Повик. бр.+27 (0)21
ХДИ 0.74 High (2010)[4]
ГДПUS$ 58.9 billion [5]
GDP per capitaUS$15,918 [5]
Мреж. местоcapetown.gov.za
Пристаништето на Кејптаун со Трпезната Планина во позадина.
Традиционална архитектура на Лонг Стрит.

Кејптаун (англиски: Cape Town, африканс: Kaapstad, коса: iKapa) — вториот најнаселен град во Јужноафриканската Република по Јоханесбург.[7]. Тој е провинциски главен град на Западен Кејп[8], како и легислативен главен град на ЈАР[9], каде се наоѓаат парламентот на ЈАР и многу владини канцеларии. Кејптаун е дом на 64% од населението на Западен Кејп[10]. Тој е еден од најпознатите мултикултурни градови во светот, како одраз на неговата улога како главна дестинација за имигрантите и иселениците[11] во аЈАР. Градот бил прогласен за Светски главен град за 2014 година од страна на Меѓународниот совет на здруженијата за индустриски дизајн[12]. Во 2014 година, Кејп Таун бил прогласен за најдобро место во светот што го посетиле The New York Times и The Daily Telegraph[13][14].

Кејптаун е познат по неговото пристаниште, како и неговата природа во цветната Кејпска област, вклучувајќи ги и добро познатите обележја — Трпезната Планина и ’ртот Кејп Поинт. Кејптаун е се карактеризира како еден од најубавите градови поради неговата географија. Кејптаун првобитно се развил околу неговото пристаниште како станица за холандските бродови кои пловеле до Источна Африка, Индија и Азија. Пристигнувањето на Јан ван Рибек на 6 април 1652 година го направи овој град првата европска подалечна дестинација на Замокот на Добрата Надеж и останал најголем град во Јужна Африка сè додека не бил заменет со Јоханесбург, како резултат на откривањето на злато и дијаманти во Трансвал во 1887 година. Кејптаун има 2,9 милиони жители. Површината на Кејптаун изнесува 2.499 км2, со што тој е помал од другите јужноафрикански градови, но со помала густина на населението. Кејптаун е збратимен со Ница, Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Најраните познати остатоци во регионот биле пронајдени во Фиш Хук и датираат од пред 15.000 до 12.000 години[15]. Малку е познато за историјата на првите жители на регионот, бидејќи нема пишана историја од областа пред да биде спомената од страна на португалскиот истражувач Бартоломео Дијас во 1486 година, кој станал првиот Европеец кој стигнал до таа област и ја нарекол „’Рт на бурата“ (Cabo das Tormentas). Подоцна тој бил преименуван од страна на Жоао II Португалски како ’Рт на Добрата Надеж (Cabo da Boa Esperança) поради големиот оптимизам предизвикан од отворањето на морскиот пат до Индија и Истокот. Васко де Гама исто така престојувал овде во во 1497 година. Во доцниот 16 век, португалските, француските, данските, холандските и англиските, но главно португалските бродови редовно застанувале овде на својот пат кон Индија. Тие тргувале со тутун, бакар и железо со Којкојците во замена за свежо месо.

Во 1652 година, Јан ван Рибек и други вработени во Холандската источноиндиска компанија (холандски: Verenigde Oost-indische Compagnie, VOC) биле испратени на Кејп за да формираат постројка за бродови кои патувале кон Холандска источноиндиска компанија и тврдината Добра Надеж. Населбата во првиот период многу бавно се развивала, главно поради недостиг на работна сила. Овој недостаток на работна сила ги поттикнал властите да внесуваат робови од Индонезија и Мадагаскар. Многу од нив станале предци на првите заедници на Кејпските обоени луѓе[16][17]. Во времето на Ван Рибек и неговите наследници како команданти, а подоцна и гувернери на Кејп, овде биле донесени импресивни низа корисни растенија како процес на постојано менување на природната средина. Некои од овие, вклучувајќи: грозје, житарици, ореви, компири, јаболка и цитрус, имале важно и долготрајно влијание врз општествата и економиите во регионот[18].

Во времето кога Холандската Република се трансформирала во вазална република на Франција, под името Батавија, Велика Британија се обидела да ја преземе контролата врз своите колонии. Велика Британија го окупирала Кејп Таун во 1795 година, но Кејп бил вратен на Холанѓаните со договор во 1803 година. Британските сили го окупирале Кејп повторно во 1806 година. Во Англо-холандскиот договор од 1814 година, Кејп Таун трајно бил отстапен на Британија. Градот станал престолнина на новоформираната Колонија ’Рт на Добрата Надеж, чија територија се проширила значително низ 1800-тите. Со проширувањето, започнало и движењето за поголема независност од Велика Британија, поради кое бил основан парламентот во 1854 година а во 1872 година и функцијата премиер. Во овој период, законот давал права на избор само на мажите, но немало расовна или етничка дискриминација[19][20]. Откривањето на дијаманти во Грикваленд Вест во 1867 година, и Витватерсрандната златна треска во 1886 година, предизвикале потоп на имигранти во земјата[21]. Конфликтите меѓу бурските републики во внатрешноста и британската колонијална влада резултирале со Втората бурска војна од 1899-1902 година, која ја освоила Велика Британија. Во 1910 година, Велика Британија ја основала Јужноафриканската Унија, која ја обединила Колонијата Добра Надеж со двете поразени бурски републики и британската колонија Натал. Кејп Таун станал законски главен град на Унијата, а подоцна и во ЈАР.

На националните избори во 1948 година победила Националната партија и нејзината политика на апартхејд (расна сегрегација) довела до укинување на скоро сите граѓански права на црнците во земјата. Сите области биле селектирани според расата. Мултирасните предградија на Кејптаун биле или исчистени од „незаконските“ жители или урнати. Најпознат пример за ова во Кејп Таун бил Округот Шест. Откако бил прогласен за регион, во 1965 година биле срушени скоро сите станови, додека над 60.000 жители биле насилно отстранети[22]. Многу од овие жители биле преместени во Кејп Флетс и Лаванер Хил. Под Апартхејдот, Кејп се сметал за „обоена област за избор на труд“, со исклучок на „Банту“, односно Африканците.

Кејптаун бил еден од центрите на многу лидери на движењето против апартхејдот. Во 1976 година, студентските демонстрации во знак на солидарност со немирите во Соуето биле задушени од страна на полицијата, а неколку училишта биле изгорени[23][24]. На островот Робен, поранешен казнено-поправен остров кој се наоѓа на 10 километри од градот, многу познати политички затвореници биле држени со години. Во еден од најпознатите моменти за одбележување на крајот на апартхејдот, Нелсон Мандела го одржал својот прв јавен говор по неговото затворање, од балконот во Градското собрание на градот Кејптаун неколку часа откако бил ослободен на 11 февруари 1990 година. Неговиот говор го најавило почетокот на новата ера за земјата и првите демократски избори се одржале четири години подоцна, на 27 април 1994 година. Нобеловиот плоштад во крајбрежјето Викторија и Алфред содржи статуи од четирите добитници на Нобеловата награда за мир во ЈАР: Алберт Лутули, Дезмонд Туту, Фредерик Вилем де Клерк и Нелсон Мандела. Од 1994 година, градот се бори со проблеми како што се дрогата, зголемен насилен криминал поврзан со дрога и насилство на банди. Во исто време, економијата се искачила на невидени нивоа како резултат на бумот во туризмот и индустриите за недвижности. Според џиниевиот коефициент од 0,67, Кејп Таун има највисока стапка на еднаквост во земјата[25].

Географија[уреди | уреди извор]

Кејптаун

Кејп Таун се наоѓа на географска ширина 33,55° С (приближно исто како и Сиднеј и Буенос Аирес и еквивалентно на Касабланка и Лос Анџелес на северната хемисфера) и должина 18,25° Е. Планината Тејбл, со своите блиски вертикални карпи и рамни врвови над 1.000 метри се спушта кон реонот на Сити Бул. Од двата краја се наоѓаат двата рида: Ѓаволски врв и Лавова глава. Понекогаш од планината се формира тенок слој на облаци. Непосредствено на југ од планината Тејбл, полуостровот формира живописен планински 'рбет, влегувајќи 40 км јужно од Атлантскиот Океан и завршувајќи на Кејп Поинт. Кејп Таун има над 70 врвови со над 300 метри. Многу од предградијата на градот се наоѓаат на големата рамнина наречена „Кејп Флатс“", која се протега на повеќе од 50 километри на исток и се приклучува на полуостровот кон копното. Регионот Кејп Таун се карактеризира со широко крајбрежје, солиден планински венец, крајбрежни рамнини и внатрешни долини.

Остров Робен[уреди | уреди извор]

УНЕСКО го прогласил островот Робен во западниот дел на Кејп за светско културно наследство во 1999 година. Островот Робен се наоѓа на околу 6 километри западно од Блубергстранд во Кејп Таун, на надморска височина од 30 метри. Островот Робен бил користен како затвор каде што луѓето биле изолирани или протерувани речиси 400 години. Исто така, островот бил користен и како пошта, пастишта, ментална болница и станица.[26]. Во моментов посетителите можат да пристапат само на островот преку брод кој патува трипати дневно.

Клима[уреди | уреди извор]

Кејп Таун има топла медитеранска клима (Кепенова класификација на климата)[27][28][29], со благи, умерено влажни зими и суви, топли лета. Зимата, која трае од почетокот на јуни до крајот на август, може да забележи големи фронтални настини кои влегуваат во ограничени периоди од Атлантскиот Океан со значителни врнежи и силни северозападни ветрови. Зимските месеци во градскиот просек се најмногу до 18,0° C и минимум од 8,5° C[30]. Вкупни годишни врнежи во градот во просек се 515 милиметри. Летото, кое трае од почетокот на декември до март, е топло и суво со просечен максимум од 26,0° C и минимум 16,0° C. Регионот може да биде непријатно топол кога т.н. Берг Ветер, што значи „планински ветер“, дува од внатрешноста на Кару за неколку недели во февруари или почетокот на март. Во доцната пролет и раното лето генерално е застапен силниот ветер од југо-исток, познат локално како Кејп Доктор, затоа што не дозволува загадување на воздухот. Овој ветер е предизвикан од систем под висок притисок кој се наоѓа во јужниот Атлантик западно од Кејп Таун. Кејп Таун добива 3.100 часа сонце годишно[31].

Температурите на водата варираат во голема мера, помеѓу 10° C (50 ° F) на Атлантскиот брег, до над 22° C (72 ° F) во Лажниот Залив. Просечните годишни температури на океаните се помеѓу 13° C на Атлантското крајбрежје (слично како во Калифорнија, во Сан Франциско) и 17° C во Лажниот Залив (слично како во Ница или Монте Карло).

Кејптаун моментално се соочува со криза за вода, по сушата што започнала во 2015 година, за која се вели дека е најлошата која го зафатила регионот во последните сто години[32][33]. Градот Кејп Таун предвидува дека врвот на кризата ќе се случи на 4 јуни 2018 година[34], кога поголемиот дел од градската вода ќе биде исклучена, а жителите ќе мора да чекаат за да соберат вода од 25 литри по лице на ден.


Климатски податоци за Кејптаун (1961–1990)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 39.3
(102.7)
38.3
(100.9)
43.0
(109.4)
38.6
(101.5)
33.5
(92.3)
29.8
(85.6)
29.0
(84.2)
32.0
(89.6)
33.1
(91.6)
37.2
(99)
39.9
(103.8)
41.4
(106.5)
43.0
(109.4)
Прос. висока °C (°F) 26.1
(79)
26.5
(79.7)
25.4
(77.7)
23.0
(73.4)
20.3
(68.5)
18.1
(64.6)
17.5
(63.5)
17.8
(64)
19.2
(66.6)
21.3
(70.3)
23.5
(74.3)
24.9
(76.8)
22.0
(71.6)
Сред. дневна °C (°F) 20.4
(68.7)
20.4
(68.7)
19.2
(66.6)
16.9
(62.4)
14.4
(57.9)
12.5
(54.5)
11.9
(53.4)
12.4
(54.3)
13.7
(56.7)
15.6
(60.1)
17.9
(64.2)
19.5
(67.1)
16.2
(61.2)
Прос. ниска °C (°F) 15.7
(60.3)
15.6
(60.1)
14.2
(57.6)
11.9
(53.4)
9.4
(48.9)
7.8
(46)
7.0
(44.6)
7.5
(45.5)
8.7
(47.7)
10.6
(51.1)
13.2
(55.8)
14.9
(58.8)
11.4
(52.5)
Најниска забележана °C (°F) 7.4
(45.3)
6.4
(43.5)
4.6
(40.3)
2.4
(36.3)
0.9
(33.6)
−1.2
(29.8)
−4.3
(24.3)
−0.4
(31.3)
0.2
(32.4)
1.0
(33.8)
3.9
(39)
6.2
(43.2)
−4.3
(24.3)
Прос. врнежи мм (ин) 15
(0.59)
17
(0.67)
20
(0.79)
41
(1.61)
69
(2.72)
93
(3.66)
82
(3.23)
77
(3.03)
40
(1.57)
30
(1.18)
14
(0.55)
17
(0.67)
515
(20.28)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 5.5 4.6 4.8 8.3 11.4 13.3 11.8 13.7 10.4 8.7 4.9 6.3 103.7
Прос. релативна влажност (%) 71 72 74 78 81 81 81 80 77 74 71 71 76
Сред. бр. сончеви часови месечно 337.9 297.4 292.9 233.5 205.3 175.4 193.1 212.1 224.7 277.7 309.8 334.2 3.094
Извор: World Meteorological Organization,[30] NOAA,[31] South African weather service,[35] eNCA[36]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Поради својата местоположба во Кејпската област, радот Кејп Таун има едно од највисоките нивоа на биолошка разновидност на која било еквивалентна област во светот[37]. Овие заштитени подрачја се наоѓаат на списокот на светско наследство, а околу 2.200 видови растенија се ограничени на планината Тејбл - повеќе отколку што постојат во целото Обединетото Кралство, кое има 1200 видови растенија и 67 ендемични растителни видови[38][39][40]. Голем дел од овие видови, вклучувајќи и многу видови протеја, се ендемични на планината и не можат да се најдат никаде на друго место[41].

Тоа е дом на вкупно 19 различни типови на вегетација, од кои неколку се целосно ендемични за градот и не се случуваат никаде на друго место во светот[42]. Тоа е исто така единственото живеалиште на стотици ендемични видови[43], и стотици други кои се строго ограничени или загрозени. Оваа огромна разновидност на видови е главно поради тоа што градот е уникатно лоциран во точката на конвергенција на неколку различни видови почва и микро клими. Планината Тејбл има невообичаено богата биолошка разновидност. Нејзината вегетација се состои претежно од неколку различни видови на уникатен и богат финбос.

Брзиот раст на населението и урбаното ширење опфатило голем дел од овие екосистеми. Како резултат на тоа, Кејп Таун сега има над 300 закани за растителните видови и 13 кои денес се изумрени. Полуостровот, кој се наоѓа целосно во градот Кејп Таун, има најголема концентрација на загрозени видови на било кој континентален простор со еднаква големина во светот[44]. Мали остатоци од критично загрозени или близу изумрени растенија често преживуваат на патот, тротоарите или спортските полиња. Останатите екосистеми се делумно заштитени преку систем од над 30 природни резервати - вклучувајќи го и масивниот Национален парк Тејбл.

Управување[уреди | уреди извор]

Локалната влада на Кејп Таун се во градот Кејп Таун, кој е градска општина. Кејптаун е управуван од градскиот совет со 221 членои. Градот е поделен на 111 изборни единици. Секое одделение директно избира еден член на советот, додека останатите 110 советници се избираат со систем на партиска листа со пропорционална застапеност. Извршниот градоначалник и извршниот заменик градоначалник се избираат од градскиот совет.

На изборите на локалната власт на 18 мај 2011 година, Демократската алијанса (ДА) освоила големо мнозинство, вкупно 135 од вкупно 221 советски места. Африканскиот национален конгрес, националната владејачка партија, добила 73 места[45]. Како резултат на оваа победа Патриша де Лил, кандидат за градоначалник на ДА, била инаугурирана како извршен градоначалник на 1 јуни.

Демографија[уреди | уреди извор]

Густина на население во Кејп Таун
  <1 /км2
  1–3 /км2
  3–10 /км2
  10–30 /км2
  30–100 /км2
  100–300 /км2
  300–1000 /км2
  1000–3000 /км2
  >3000 /км2
Географска застапеност на јазиците во Кејп Таун (2011)
  осанати
Население во минатото
ГодинаНас.год. ±%
1658360—    
17313.157+3.02 %
183620.000+1.77 %
187545.000+2.10 %
189167.000+2.52 %
1901171.000+9.82 %
1950618.000+2.66 %
1955705.000+2.67 %
1960803.000+2.64 %
1965945.000+3.31 %
ГодинаНас.год. ±%
19701.114.000+3.35 %
19751.339.000+3.75 %
19801.609.000+3.74 %
19851.933.000+3.74 %
19902.296.000+3.50 %
19962.565.018+1.86 %
20012.892.243+2.43 %
20073.497.097+3.22 %
20113.740.025+1.69 %
20143.750.000+0.09 %
Note: Census figures (1996–2011) cover figures after 1994 reflect the greater Cape Town metropolitan municipality reflecting post-1994 reforms. Sources: 1658-1904,[46] 1950-1990,[47]

1996,[48] 2001, and 2011 Census;[49]

2007,[50] 2014 Census estimates.[се бара извор]

Според Националниот попис на Јужна Африка во 2011 година, населението на градот Кејптаун и општина Кејптаун - област која вклучува предградија кои не се сметаат за дел од Кејп Таун - е 3.740.026 луѓе. Ова претставува годишна стапка на раст од 2,6% во споредба со резултатите од претходниот попис во 2001 година, кога населението броело од 2,892,243 лица[51]. Соодносот меѓу половите е 96, што значи дека има малку повеќе жени отколку мажи[51]. 42,4% од населението се изјасниле како „Обоени“, 15,7% како „Бели“, 38,6% како „Црни“ 1.4% како „Азиски“ и 1.9 како „Други“.

Во 1944 година, 47% од населението во градот било бело, 46% обоено, помалку од 6% црно и 1% азиско[52]. Од оние жители кои биле запрашани за нивниот прв јазик, 35,7% зборувале африканс, 29,8% коса, а 28,4% зборувале англиски. 24,8% од населението е на возраст под 15 години, додека 5,5% е 65 или постаро[51]:64.

Од оние на возраст од 20 години или постари, 1,8% немаат образование, 8,1% имаат образование, но не го завршиле основното образование, 4,6% завршиле основно училиште или немаат средно образование, 38,9% имаат средно образование, 29,9% завршиле 12 години, но немаат високо образование, а 16,7% имаат високо образование[51]. Во целина, 46,6% имаат најмалку образование од основно образование. Од оние на возраст меѓу 5 и 25 години, 67,8% посетуваат образовна институција[51]. Меѓу оние на возраст меѓу 15 и 65 години, стапката на невработеност изнесува 23,7 %. Просечниот годишен приход во домаќинството е 161,762 рандови.

Во општината има 1.068.573 домаќинства, што дава просечна големина на домаќинството од 3,3 лица. Од тие домаќинства, 78,4% се во формални структури (куќи или станови), додека 20,5% се во неформални структури (колиби). 94,0% од домаќинствата користат електрична енергија за осветлување. 87,3% од домаќинствата имаат вода до живеалиштето, додека 12,0% имаат заеднички водовод. 91,4% од домаќинствата имаат купатило, додека 4,5% сè уште користат тоалети. 82,1% од домаќинствата имаат фрижидер, 87,3% имаат телевизор и 70,1% имаат радио. Само 34,0% имаат фиксен телефон, но 91,3% имаат мобилен телефон. 37,9% имаат компјутер и 49,3% имаат пристап до Интернет (или преку компјутер или мобилен телефон).

Економија[уреди | уреди извор]

Кејптаун е економски центар на провинцијата Западен Кејп, вториот главен економски центар во Јужноафриканска Република и третиот главен економски центар во Африка. Градот служи како регионален производствен центар во Западен Кејп. Во 2011 година, БДП на градот изнесувал 56,8 милијарди американски долари со БДП по глава на жител од 15,721 американски долари[5]. Во петте години пред 2014 година, БДП во Кејптаун се зголемил во просек од 3,7% годишно. Како дел од БДП, земјоделството и производствените сектори се намалиле, додека финансиите, деловните услуги, транспортот и логистиката пораснале како резултат на растот на специјализираните услужни сектори на локалната економија. Риболовот, облека и текстил, производство на производи од дрво, електроника, мебел, угостителство, финансии и деловни услуги се индустрии во кои економијата на Кејптаун има најголема компаративна предност[10].

Помеѓу 2001 и 2010 година, Џиниевиот коефициент во градот се подобрил со пад од 0,59 во 2007 година на 0,57 во 2010 година, за да се зголеми на 0,67 до 2011/12[10].

Кејптаун од неодамна е фокусиран во пазарот на недвижнини и градежништво, поради Светското првенство во 2010 година, и многу луѓе кои купуваат летни домови во градот или се преселиле за постојано. Кејптаун бил домаќин на девет натпревари од Светското првенство: шест натпревари од првиот круг, еден во вториот, еден четвртфинален и еден полуфинален натпревар. Централната деловна област е под интензивна програма за урбана обнова, со бројни нови згради и реновирање што се одвиваат под водство на „Кејптаун Партнерство[53]. [57]

Кејптаун има четири главни комерцијални јазли, со централниот деловен округ кој го сочинува најголемиот дел од можностите за работа и канцелариски простор. Повеќето компании со седиште во градот се осигурителни компании, групи на мало, издавачи, дизајнерски куќи, модни дизајнери, превозници, петрохемиски компании, архитекти и рекламни агенции[54]. Најзначајните компании со седиште во градот се Woolworths[55], синџирот на супермаркети Pick n Pay Stores и Shoprite[56], New Clicks Holdings Limited, Foschini Group[57], isp MWEB, Mediclinic International, etv, Naspers и Sanlam[58]. Други значајни компании се Belron (компанија за поправка на возила), CapeRay (развива, произведува и снабдува опрема за медицинска визуелизација за дијагноза на рак на дојка), Ceres Fruit Juices (произведува сок од овошје и други производи од овошје) Coronation Fund Managers (трета компанија за управување со фондови), Vida e Caffè (синџир продавници за кафе), Capitec Bank (комерцијална банка во Јужна Африка). Градот е производствена база за неколку мулти-национални компании, вклучувајќи ги Johnson & Johnson, GlaxoSmithKline, Levi Strauss & Co., Adidas, Bokomo Foods, и Nampak.

Голем дел од производи се управуваат преку пристаништето Кејптаун или Меѓународниот аеродром Кејптаун. Повеќето големи бродоградбени компании имаат канцеларии и производствени локации во Кејптаун[59]. П

Западен Кејп е важен туристички регион во Јужна Африка. Туристичката индустрија изнесува 9,8% од БДП на покраината и вработува 9,6% од работната сила на покраината. Во 2010 година, над 1,5 милиони меѓународни туристи ја посетиле областа[60].

Со најголем број на успешни информатички компании во Африка, Кејптаун е важен центар за индустријата на континентот. Растејќи со годишна стапка од 8,5% и проценета вредност од 77 милијарди долари во 2010 година низ целата територија, ИТ индустријата во Кејптаун станува се поважна за економијата на градот[61].

Туризам[уреди | уреди извор]

Кејптаун не само што е популарна меѓународна туристичка дестинација во Јужноафриканска Република, туку и Африка како целина. Ова се должи на неговата добра клима, природни услови и добро развиена инфраструктура. Градот има неколку познати природни одлики кои ги привлекуваат туристите, особено планината Тејбл[62], како дел од истоимениот национален парк и претставува позадина на Сити Бовл. Пристигнувањето на врвот на планината може да се постигне преку пешачење или преку жичарница. Многу туристи, исто така, започнуваат тура до врвот Чапман преку еден пат кој го поврзува Нордоек со Хаут Беј.

Многу туристи исто така ги посетуваат плажите на Кејптаун , кои се популарни кај локалните жители[63]. Поради уникатната географија на градот, можно е да се посети неколку различни плажи во ист ден, секоја со различен амбиент и атмосфера. Иако водата на Кејптаун се движи од студена до блага, разликата меѓу двете страни на градот е драматична. Додека на Атлантскиот брег просечните годишни температури на водата се околу 13° C, на Лажниот Залив температурата е многу потопла, во просек помеѓу 16 и 17° C на годишно ниво. Во лето, Лажниот залив во просек е малку над 20° C, со највисока температура од 22° C. Плажите кои се наоѓаат на Атлантскиот брег имаат тенденција да имаат многу ладна вода кое се должи на бенгуелската струја која потекнува од Јужниот Океан, додека водата во Лажниот Залив може да биде потопла до 10° C во ист период поради на влијанието на топлата агуласка струја и ефектите од затоплувањето на површината на јужниот ветер[63]. Честа заблуда е дека Лажниот Залив е дел од Индискиот Океан, а Кејп Поинт е место каде се среќаваат водите на Индискиот и Атлантскиот Океан. Океаните всушност се среќаваат на најјужниот врв, Иглен ’Рт, кој се наоѓа на околу 150 километри јужно.

Двата брега се подеднакво популарни, иако плажите во богатиот Клифтон и на други места на Атлантскиот брег се подобро развиени со ресторани и кафулиња, и ресторани и барови кои се достапни на плажите. Градот има неколку значајни културни атракции. Крајбрежјето Викторија и Алфред, изградено на врвот на дел од пристаништата на Кејптаун, е најпосетуваната туристичка атракција на градот. Таа е исто така една од најпопуларните трговски центри во градот, со неколку стотици продавници и Два океански аквариуми.[64][65].

Кејптаун е познат по своето архитектонски наследство, со најголема густина на објектите во холандски стил во светот. Холандскиот стил, кој ги комбинира архитектонските традиции на Холандија, Германија, Франција и Индонезија, е најизразен во Констанција, старите владини згради во централниот деловен округ и по Лонг Стрит[66][67]. Годишниот карневал на Кејптаун е голем фестивал кој се одржува секоја година на 2 јануари. Конкурентните тимови парадираат во светло обоени носии, изведувајќи традиционален џез. Театарскиот центар Артскејп е најголемата изведувачка уметност во Кејптаун[68]. Градот, исто така, ја опфаќа 36-хектарската Националната ботаничка градина Кирстенбош која содржи заштитени природни шуми заедно со различни животни и птици. Постојат повеќе од 7.000 видови во градината, вклучувајќи многу ретки и загрозени видови. Во 2004 година овој регион, бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО[69].

Сообраќајниот систем овозможува поврзување на Кејптаун со остатокот од земјата. Тој служи како порта за другите дестинации во покраината. Кејп Буланд, а особено градовите Стелленбош, Парл и Франшхок, се популарни дневни патувања од градот за разгледување и дегустација на вино.[70][71]. Китското гледање е популарно кај туристите а Хевисајдовите делфини се ендемични за областа и може да се видат од брегот северно од Кејптаун. Темните делфини живеат по истиот брег и повремено може да се видат[72].

Единствената комплетна ветерница во земјата е Мостерт Мил, изградена во 1796 година и обновена во 1935 и повторно во 1995 година.

Во ноември 2013 година, Кејптаун бил прогласен за најдобар глобален град во годишните награди за туристички награди на The Daily Telegraph[73].

Комуникации и медиуми[уреди | уреди извор]

Неколку весници и списанија имаат свои канцеларии во градот. Во градот на англиски јазик излегуваат дневните весници Cape Argus и Cape Times, додека Die Burger, главниот весник на африканс[74].

Во Кејптаун има многу весници на локалните заедници. Некои од најголемите весници во заедницата на англиски јазик Athlone, Atlantic Sun, City Vision, False Bay Echo, Helderberg Sun, Plainsman и.т.н. На африканс излегуваат уште Landbou-Burger и Tygerburger. Vukani пак излегува на јазикот коса[75].

Кејптаун е центар за големи емитувани медиуми со неколку радио станици кои се емитуваат само во градот. На радио-станиците 94,5 Kfm и Good Hope најчесто се пушта поп музика, на радио FM се пушта џез и ритам и блуз, додека на Fine Music Radio се пушта класична музика и џез. Bokradio е музичка станица на африканс[76]. Универзитетот во Кејптаун, исто така, има своја радио станица.

На SABC (Јужноафриканска радиодифузија корпорација) има мало присуство во градот за разлика од e.tv. M-Net не е добро застапена во инфраструктурата во градот. Cape Town TV е локална телевизиска станица, поддржана од бројни организации и главно фокусирана на документарците.

Спорт[уреди | уреди извор]

Најпопуларните спортови на Кејптаун се крикет, фудбал, пливање и рагби[77]. Во градотр се наоѓа седиштето на рагби клубот Западна Покраина, кој настапува на стадионот Њувленд и се натпреварува во Кари Куп. Кејптаун, исто така, редовно е домаќин на националниот рагби тим.

Фудбалот исто така е популарен. Два клуба од Кејптаун играат во Премиер фудбалската лига (ПСЛ), најсилната лига во земјата. Овие екипи се ФК Ајакс Кејптаун и Кејптаун Сити. Во градот за време на Светското првенство во 2010 биле одиграни неколку натпревари, вклучувајќи го и полуфиналето[78]. За потребите на првенството бил изграден и стадионот Кејптаун Сити со капацитет од 70.000 седишта.

Во крикет, Кејп Кобрас го претставува градот во најсилната национална лига. Тимот е резултат на здружување на тимовите за крикет од Западна провинција и Боланд.

Кејптаун имал олимписки аспирации. На пример, во 1996 година, Кејптаун бил еден од петте кандидати во потесен избор од страна на МОК за да започне официјални кандидатури да бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2004 година. И покрај тоа што организацијата била доделена на Атина, градот во крајното класирање се нашол на третото место.

Образование[уреди | уреди извор]

Државните основни и средни училишта во Кејптаун се водат од Одделот за образование во Кејптаун. Овој провинцијален оддел е поделен на седум области, Централен, Северен, Јужен и Источен[79]. Исто така постојат и многу приватни училишта, религиозни и секуларни.

Терцијарно образование[уреди | уреди извор]

Главниот кампус на Универзитет Кејптаун

Кејптаун има добро развиен образовен систем на државните универзитети. Во Кејптаун се наоѓаат три државни универзитети: Универзитет Кејптаун (UCT), Универзитет Западен Кејп (UWC) и Технолошки Универзитет. Универзитетот Стеленбош, иако не е во самиот град, е 50 километри од градот Боул и има дополнителни кампуси, како што е Факултетот за медицина и здравствени науки.

Универзитетот Кејптаун и Универзитетот Стенленбош се водечки универзитети во земјата. Ова во голема мера се должи на значителните финансиски придонеси направени за овие институции од страна на јавниот и приватниот сектор. UCT е институција на англиски јазик. Има над 21.000 студенти и бил рангиран на 51. место од страна на Фајненшл тајмс во 2006 година[80]. Исто така е и највисок рангиран универзитет во Африка, кој е единствениот африкански универзитет кој ја има највисоката позиција број 146 од 200 универзитети[81]. Откако Африканскиот национален конгрес дошол на власт, се случило дел од реструктуирањето на универзитетите, и традиционално не-белите универзитети забележале зголемено финансирање[82][83].

Технолошкиот универзитет бил формиран на 1 јануари 2005 година, кога биле споени две посебни институции - Универзитет Кејп Техникон и Универзитет Полуостров Техникон. Новиот универзитет нуди образование првенствено на англиски јазик, иако може да се изучува курсеви на некој од официјалните јазици во земјата. Институцијата генерално ја доделува Националната Диплома.

Кејптаун како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Божиќ во Кејптаун“ (Christmas In Capetown) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[84]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Земја Град Година
Белгија Белгија Антверп 1996
Германија Германија Ахен[85] 2000
Израел Израел Хаифа[86] 1975
Кина Кина Хангџоу[87] 2005
Мозамбик Мозамбик Мапуто 1994
Франција Франција Ница[88] 1974
Русија Русија Санкт Петербург[89] 2001
Португалија Португалија Фуншал 1995
Ангола Ангола Луанда 1997

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pollack, Martin (31 May 2006). "Achmat Ebrahim is the new city manager of Cape Town". City of Cape Town Метрополитенска област. Архивирано од изворникот на 16 April 2007. конс. 25 March 2007.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  2. 2,0 2,1 "Главно место на Кејптаун". Census 2011. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "City of Cape Town". конс. 19 February 2016. 
  4. "Regional Development Profile: City of Cape Town" (PDF). Western Cape Government. 2013. стр. 25. конс. 18 November 2014. 
  5. 5,0 5,1 5,2 "Global city GDP 2011". Brookings Institution. Архивирано од изворникот на 4 June 2013. конс. 18 November 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  6. "2011 Census". конс. 19 February 2016. 
  7. Africa, Statistics South. "Metropolitan Municipality | Statistics South Africa". www.statssa.gov.za. конс. 2016-06-02. 
  8. Discover the 9 Provinces of South Africa and their Capital Cities“.
  9. Western Cape | province, South Africa“, „Encyclopedia Britannica“. (на en)
  10. 10,0 10,1 10,2 Morris, Michael (21 November 2014). "Highlights from the State of the City 2014 report". Weekend Argus. конс. 23 November 2014. 
  11. "Why Cape Town is one of the best cities for travel and expat living". ExpatCapeTown. конс. 14 April 2014. 
  12. "Cape Town Hosts Official WDC 2014 Signing Ceremony". World Design Capital. конс. 4 August 2012. 
  13. "14 Fun Facts You Didn’t Know About Cape Town - Interesting & Amusing Things about the Mother City". Cape Town Magazine. 
  14. "The world's best cities". Telegraph.co.uk. 
  15. "The Antiquity of man". SouthAfrica.info. 
  16. "Cape-Slavery-Heritage " Coloured People of the Western Cape have the most Diverse Ancestry in the World :: iBlog". Cape-slavery-heritage.iblog.co.za. 1 May 2009. конс. 17 March 2011. [мртва врска]
  17. "Slavery and early colonisation, South African History Online". Sahistory.org.za. 22 September 1927. конс. 17 March 2011. 
  18. Pooley, S. ‘Jan van Riebeeck as Pioneering Explorer and Conservator of Natural Resources at the Cape of Good Hope (1652–62),’ Environment and History 15 (2009): 3–33. doi:10.3197/096734009X404644
  19. Bell, Charles. "A painting of the arrival of Jan van Riebeeck in Table Bay". конс. 11 April 2011. 
  20. McCracken, J.L.. The Cape Parliament, 1854-1910. Clarendon Press, Oxford, 1967. 
  21. Mbenga, Bernard. "New History of South Africa". Tafelberg, South Africa, 2007. конс. 18 January 2013. 
  22. "Recalling District Six". SouthAfrica.info. 19 August 2003. 
  23. "Cape Schools Join the Revolt - South African History Online". 
  24. "Western Cape Youth Uprising timeline 1976 - South African History Online". 
  25. "Cape Town least unequal SA city - Politics | IOL News". IOL.co.za. 4 December 2012. конс. 24 February 2014. 
  26. http://www.sahistory.org.za/article/robben-island
  27. Robinson, Peter J.; Henderson-Sellers, Ann (1999). Contemporary Climatology. Harlow: Pearson Education Limited. стр. 123. ISBN 9780582276314. 
  28. Rohli, Robert V.; Vega, Anthony J. (2011). Climatology. Sudbury, MA: Jones & Bartlett Learning. стр. 250. ISBN 9781449649548. https://books.google.com/books?id=WhtZKBCv7NMC. 
  29. "Cape Point (South Africa)". Global Atmosphere Watch Station Information System (GAWSIS). Federal Office of Meteorology and Climatology MeteoSwiss. Архивирано од изворникот на 27 August 2013. конс. 20 May 2014. climate zone – Csb (Warm temperate climate with dry and warm summer)  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  30. 30,0 30,1 "World Weather Information Service – Cape Town". конс. 4 May 2010. 
  31. 31,0 31,1 "Cape Town/DF Malan Climate Normals 1961–1990". National Oceanic and Atmospheric Administration. конс. 8 April 2013. 
  32. Van Dam, Derek (31 May 2017). "Cape Town contends with worst drought in over a century". CNN.com. CNN. конс. 2017-06-01. 
  33. Bohatch, Trevor (16 May 2017). "What’s causing Cape Town’s water crisis?". Cape Town: Ground Up. конс. 2017-06-01. 
  34. "South Africa: Day Zero pushed back to June". aljazeera.com. 2018-02-15. конс. 2018-02-16. 
  35. "Climate data: Cape Town". Old.weathersa.co.za. 28 October 2003. Архивирано од изворникот на 14 March 2011. конс. 17 March 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  36. "Hottest temperature". enca.com. конс. 6 March 2015. 
  37. "Brochures, booklets and posters". Capetown.gov.za. Архивирано од изворникот на 23 December 2012. конс. 1 October 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  38. "Unique Biodiversity Poster" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 25 July 2012. конс. 6 February 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  39. Cape Town Tourism. "Vote for Table Mountain – Cape Town Tourism". Capetown.travel. Архивирано од изворникот на 12 January 2012. конс. 12 January 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  40. "Western Cape". Southafricaholiday.org.uk. Архивирано од изворникот на 10 December 2012. конс. 12 January 2013. 
  41. A.G. Rebelo, C. Boucher, N. Helme, L. Mucina, M.C. Rutherford et al. 2006. Fynbos Biome, in: L. Mucina & M.C. Rutherford (eds). The Vegetation of South Africa, Lesotho and Swaziland.
  42. "National Spatial Biodiversity Assessment 2005 Targets". Capetown.gov.za. Архивирано од изворникот на 24 August 2013. конс. 24 February 2014. 
  43. "Endemic Species of the city of Cape Town" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 1 November 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  44. "The View from The Cape: Extinction Risk, Protected Areas, and Climate Change" (PDF). Perceval.bio.nau.edu. Архивирано од изворникот (PDF) на 25 August 2013. конс. 24 February 2014. 
  45. "Seat Calculation Detail: City of Cape Town" (PDF). Independent Electoral Commission. 21 May 2011. конс. 23 May 2011. 
  46. Worden, Nigel; van Hyningen, Elizabeth; Bickford-Smith, Vivian (1998). Cape Town: The Making of a City. Claremont, Cape Town, South Africa: David Philip Publishers. стр. 212. ISBN 0-86486-435-3. 
  47. "Population estimates for Cape Town, South Africa, 1950-2015". Mongabay.com. конс. 23 July 2014. 
  48. "Census 96 : Community Profile". City of Cape Town. Архивирано од изворникот на 26 July 2014. конс. 23 July 2014. 
  49. "City of Cape Town – 2011 Census – Cape Town" (PDF). City of Cape Town. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 December 2013. конс. 23 July 2014. 
  50. Small, Karen (December 2008). "Demographic and Socio-economic Trends for Cape Town: 1996 to 2007" (PDF). City of Cape Town. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 March 2016. конс. 23 July 2014. 
  51. 51,0 51,1 51,2 51,3 51,4 Census 2011 Municipal report: Western Cape. Statistics South Africa. 2012. ISBN 978-0-621-41459-2. http://www.statssa.gov.za/census/census_2011/census_products/WC_Municipal_Report.pdff. посет. 30 ноември 2016 г. [мртва врска]
  52. Rebekah Lee (2009). "African women and apartheid: migration and settlement in urban South Africa". I.B. Tauris. p.205.
  53. [1] Архивирано 10 August 2015 во Wayback Machine.
  54. Editor. "Economic Development". City of Cape Town: Economic Statistics. City of Cape Town. Архивирано од изворникот на 16 January 2014. конс. 15 January 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  55. Editor. "Media Contact". Woolworths. Woolworths Holdings Limited. конс. 15 January 2014. 
  56. EMIS. "Pick n Pay Holdings Ltd". Emerging Markets Information Service. EMIS. конс. 15 January 2014. 
  57. Editor. "Contact Us". Foshini Group. Foschini. конс. 15 January 2014. 
  58. Editor. "Who We Are". Sanlam. Sanlam. Архивирано од изворникот на 16 January 2014. конс. 15 January 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  59. "South African Boatbuilders Business Council". Southafricanboatbuilders.co.za. Архивирано од изворникот на 6 January 2017. конс. 24 February 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  60. (PDF) Annual Report 2010. Cape Town Routes Unlimited. ISBN 0-621-35496-1. http://www.capetownroutesunlimited.org/ctru/action/media/downloadFile?media_fileid=18219. 
  61. "Cape Town Leads In Information Technology". 27 March 2007. конс. 24 February 2014. 
  62. "Table Mountain Aerial Cableway". 
  63. 63,0 63,1 "Beaches, Cape Town, South Africa". Safarinow.com. конс. 1 October 2011. 
  64. "V&A Waterfront". Waterfront.co.za. конс. 1 October 2011. 
  65. Ingrid Sinclair (30 September 2011). "Two Oceans Aquarium Cape Town, South Africa". Aquarium.co.za. конс. 1 October 2011. 
  66. "Cape Dutch Architecture". Encounter South Africa. 
  67. Dewar, David; Hutton-Squire, Martin; Levy, Caren; Menidis, Philip; Uytenbogaardt, Roelof (1977). A Comparative Evaluation of Urbanism in Cape Town. University of Cape Town Press. стр. 20–98. ISBN 0-620-02535-2. 
  68. "Artscape Theatre Centre". www.timeout.com. 
  69. "Kirstenbosch National Botanical Garden". Sanbi.org. конс. 1 October 2011. 
  70. "Cape Winelands". Tourismcapewinelands.co.za. конс. 24 February 2014. 
  71. "The Western Cape wine lands". Winelands.co.za. конс. 24 February 2014. 
  72. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CTwhale.
  73. Telegraph Travel Awards 2013: Favourite cities“, „The Daily Telegraph“, 27 ноември 2013 (посет. 4 декември 2013 г).
  74. "South Africa Newspapers". ABYZ News Links. конс. 24 February 2014. 
  75. "South Africa Newspapers". Daily Earth. конс. 24 February 2014. 
  76. "98.9fm". Bok Radio. 20 June 2013. конс. 24 February 2014. 
  77. Woulidge, Sam (2006). Time Out: Cape Town. Time Out Publishing. стр. 127–130: Sports. ISBN 1-904978-12-6. 
  78. "SA 2010: frequent questions". southafrica.info. конс. 26 May 2007. 
  79. "Education Management and Development Centres (EMDCs)". Western Cape Education Department. Архивирано од изворникот на 9 April 2008. конс. 10 April 2008.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  80. "Competitiveness factors". City of Cape Town. Архивирано од изворникот на 27 September 2007. 
  81. "University of cape town". Top Universities. 12 November 2009. Архивирано од изворникот на 20 February 2010. конс. 2 July 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  82. "Cape Town Society". CapeConnected. 
  83. "Education Cosas critical of education funding". Dispatch Online. Архивирано од изворникот на 24 December 2007.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  84. YouTube, Christmas In Capetown- Randy Newman (Vinyl Restoration) (пристапено на 8.10.2017)
  85. "Agenda 21 Partnership Cape Town – Aachen". Архивирано од изворникот на 24 February 2009. конс. 5 March 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  86. "Cape Town". Haifa City. Архивирано од изворникот на 15 December 2010. конс. 5 March 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  87. "Agreement on the Establishment of Relations of Friendship between the City of Hangzhou of the People's Republic of China and the City of Cape Town of the Republic of South Africa" (PDF). 18 April 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 July 2011. конс. 5 March 2010.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  88. "Villes jumelées avec la Ville de Nice" (French). Ville de Nice. Архивирано од изворникот на 29 October 2012. конс. 24 June 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  89. "Saint Petersburg in figures – International and Interregional Ties". Saint Petersburg City Government. Архивирано од изворникот на 24 February 2009. конс. 23 March 2008. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Кејптаун е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.