Холандска источноиндиска компанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копија на „Дајфкен“ брод на Холандската источноиндиска компанија.

Холандската источноиндиска компанија, официјално Обединета источноиндиска компанија (холандски: Vereenigde Oost Indische Compagnie; VOC), била мултинационална корпорација основана со здружување (под закрила на Холандската влада) на неколку конкурентски холандски трговски претпријатија на почетокот од 17 век. Оваа компанија се смета за најголема компанија која што некогаш постоела во светската историја. [1] Основана е на 20 март 1602 година, како компанија овластена за трговија со Могулска Индија, [2] од каде што се увезувале 50% од текстилот и 80% од свилата, претежно од најразвиениот регион познат како Бенгалска Суба.[3] [4] [5] [6] [7] Покрај ова, компанијата тргувала и со земјите од Југоисточна Азија откако Холандската влада ѝ доделила 21-годишен монопол во трговијата со зачини.

Компанијата била заведена како трговско друштво (т.е. друштво на трговци кои тргуваат со стоки произведени од други) и понекогаш како транспортно друштво. Но, Холандската источноиндиска компанија всушност била протоконгломерат, која вршела дејност во повеќе трговски и индустриски активности како: меѓународна трговија (најчесто внатреазиската трговија), [8] [9] [10] [11] [12] бродоградба, и производство и трговија со источноиндиски зачини,[13] индонезиско кафе, формозанска шеќерна трска,[14] и јужноафриканско вино.[15] Компанијата вработувала луѓе од повеќе континенти и била меѓу првите кои започнале со надворешните странски директни инвестиции во раниот нов век. Во зачетокот на модерниот капитализам со холандски капитал се граделе урбани центри, се развивале економските активности, се основале нови индустрии, и се отворале нови работни места, нови трговски компании, се сушеле мочуриштата, се отворале рудниците, почнала експолоатација на шумите, се граделе канали, мелници и бродови.[16] [17][18][19] [20] Во раниот нов век, Холанѓаните биле меѓу првите инвеститори и капиталисти кои го подигале комерцијалниот и индустрискиот потенцијал на неразвиените или недоволно развиените земји чии што ресурси биле експлоатирани. На пример, економиите на Тајван и Јужна Африка пред ерата на Холандската источноиндиска компанија беа претежно рурални. Вработените во Холандската источноиндиска компанија ги изградиле и ги развиле првите модерни урбани подрачја во Тајван (Тајнан) и Јужна Африка (Кејп Таун и Стеленбош).

Холандската источноиндиска компанија била основана во 1602 година како друштво за трговија со зачини. Истата година, акциите на компанијата биле понудени на јавно наддавање (прво вакво наддавање во светот). Наддавањето на берза ѝ овозможило на компанијата мошне брзо да собере сума од 6,5 милиони гулдени. Институционалните иновации и деловните практики на Холандската источноиндиска компанија [21] [22] [23] ги поставиле темелите за подемот на денешните глобални корпорации и пазари на капитал кои доминираат со светските економски системи.[24]

На почетокот од 17-тиот век, биле издавани обврзници и акции за пошироката јавност. Холандската источноиндиска компанија станала првата јавна компанија која била поставена на берза.[25][26][27][28][29][30] Со своите институционални иновации и улогата која ја одиграла во светската деловна историја, оваа компанијата според многумина е претходник на модерните корпорации. Од многу аспекти, современите корпорации се „директни потомци“ на моделот на Холандската источноиндиска компанија.[22] [31] [32] [33] Нејзините институционални иновации и деловни практики од 17 век ги поставиле темелите за појавата и подемот на џиновските глобални корпорации во вековите кои следуваат, [21] [22] [23] [34] - како многу значајна и социо-политичко-економска сила на денешниот свет [35] [36] [37] [38] [39] – да станат доминантен фактор во речиси сите економски системи денес. Таа била модел за организациска реконструкција на Англиската/Британската источноиндиска компанија во 1657 година.[40] [41] [42] [43] Компанијата, за речиси 200 годишното постоење (1602-1800), успеала да се трансформира од корпоративен ентитет во држава или империја. Како едно од највлијателните и најистражуваните деловни претпријатија во светот, за Холандската источноиндиска компанија се напишани многу трудови меѓу кои и белетристика и научни дела.

Јапонска извозна порцеланска чинија со логото на Холандската источноиндиска компанија

Историски, компанијата била пример за државна компанија а не како исклучиво профитна корпорација. На почетокот било воено-трговско претпријатие поддржано од владата. Холандската источноиндиска компанија била креирана според замислата на холандскиот републикански државник Јохан ван Олденбарневелт. Уште при своето основање во 1602 година, компанијата не била само трговско претпријатие, туку и воено средство во револуционерната војна на младата Холандска Република против моќната Шпанска империја и Пиринејскиот сојуз (1579–1648). Во 1619 година, компанијата насилно поставила центар во јаванскиот град Џајакарта, менувајќи ѝ го името во Батавија (денешна Џакарта). Во текот на следните два века компанијата и други пристаништа ги претворила во трговски бази и ги заштитувала нивните интереси со преземање на околната територија. [44] За да го гарантира своето снабдување, компанијата воспостави позиции во многу земји и стана ран пионер на надворешните странски директни инвестиции . [б 1] Во своите странски колонии, Холандската источноиндиска компанија поседуваше квази-владини овластувања, вклучително и способност да води војна, затвора и погубува осуденици, [48] преговара за договори, кова свои монети и да основа колонии. [49] Заедно со Холандската западноиндиска компанија (WIC/GWIC), Холандската источноиндиска компанија се сметала за меѓународна рака на Холандската Република и симбол на моќта на Холандската империја. За да ги унапреди своите трговски патишта, Холандската источноиндиска компанија финансирала неколку истражувачки мисии, како оние предводени од Вилем Јансон, Хенри Хадсон и Абел Тасман, кои откриле дотогаш непознати копнени маси за западниот свет. Во златното доба на холандската картографија (о. 1570s–1670s ), навигаторите и картографите на Холандската источноиндиска компанија помогнале исцртувањето на копната на многу острови.

Социо-економските промени во Европа, промената на центарот на моќ и лошиот финансиски менаџмент биле причините за опаѓањето на моќта на Холандската источноиндиска компанија во периодот од 1720 до 1799 година. По финансиски исцрпувачката Четврта англо-холандска војна (1780–1784), компанијата била национализирана во 1796 година, [50] и конечно била распуштена на 31 декември 1799 година. Целиот нејзин имот бил преземен од владата, а териториите на Холандската источноиндиска компанија станале холандски владини колонии.

Логото на Амстердамската комора на Холандската источноиндиска компанија

Временска рамка на Холандската источноиндиска компанија и историски први во светот на Холандската источноиндиска компанија[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Други трговски друштва од тоа време

  1. Unoki, Ko (2012), 'A Seafaring Empire,'; in Mergers, Acquisitions and Global Empires: Tolerance, Diversity and the Success of M&A, by Ko Unoki. (New York: Routledge, 2013), pp. 39–64
  2. Richards, John F. (1995). The Mughal Empire. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-56603-2.
  3. Junie T. Tong (2016). Finance and Society in 21st Century China: Chinese Culture Versus Western Markets. CRC Press. стр. 151. ISBN 978-1-317-13522-7.
  4. John L. Esposito, уред. (2004). The Islamic World: Past and Present. Volume 1: Abba - Hist. Oxford University Press. стр. 174. ISBN 978-0-19-516520-3.
  5. Nanda, J. N (2005). Bengal: the unique state. Concept Publishing Company. p. 10. 2005. ISBN 978-81-8069-149-2. Bengal [...] was rich in the production and export of grain, salt, fruit, liquors and wines, precious metals and ornaments besides the output of its handlooms in silk and cotton. Europe referred to Bengal as the richest country to trade with.
  6. Om Prakash, "Empire, Mughal", History of World Trade Since 1450, edited by John J. McCusker, vol. 1, Macmillan Reference USA, 2006, pp. 237–240, World History in Context. Retrieved 3 August 2017
  7. Indrajit Ray (2011). Bengal Industries and the British Industrial Revolution (1757-1857). Routledge. стр. 57, 90, 174. ISBN 978-1-136-82552-1.
  8. Ota, Atsushi (18 September 2013). „The Dutch East India Company and the Rise of Intra-Asian Commerce“. Nippon.com (Nippon Communications Foundation). Посетено на 22 February 2018.
  9. Gaastra, Femme (1986), 'The Dutch East India Company and its Intra-Asiatic Trade in Precious Metals,'; in The Emergence of a World Economy, 1500–1914, Part I (Papers of the XI International Congress of Economic History), edited by Wolfram Fischer, Marvin McInnis, and Jürgen Schneider (Stuttgart: F. Steiner Verlag Wiesbaden GmbH, 1986)
  10. Shimada, Ryuto (2006), 'The Golden Age of Japanese Copper: the Intra-Asian Copper Trade of the Dutch East India Company,'; in A.J.H. Latham & Heita Kawakatsu (eds.), Intra-Asian Trade and the World Market. (Abingdon: Routledge, 2006), chapter 2
  11. Shimada, Ryuto: The Intra-Asian Trade in Japanese Copper by the Dutch East India Company During the Eighteenth Century (TANAP Monographs on the History of Asian-European Interaction). (BRILL, 2005, ISBN 978-9004150928)
  12. Nadri, Ghulam A. (2008), 'The Dutch Intra-Asian Trade in Sugar in the Eighteenth Century,'. International Journal of Maritime History 20(1): 63–96
  13. Grenville, Stephen (3 November 2017). „The first global supply chain“. Lowy Institute. Посетено на 18 May 2018.
  14. Shih, Chih-Ming; Yen, Szu-Yin (2009). The Transformation of the Sugar Industry and Land Use Policy in Taiwan, in Journal of Asian Architecture and Building Engineering [8:1], pp. 41–48
  15. Williams, Gavin (2016), 'Slaves, Workers, and Wine: The 'Dop System' in the History of the Cape Wine Industry, 1658–1894,'. Journal of Southern African Studies 42(5): 893–909
  16. Brenner, Reuven: Labyrinths of Prosperity: Economic Follies, Democratic Remedies. (University of Michigan Press, 1994), p. 60
  17. Moore, Jason W (2010a). „'Amsterdam is Standing on Norway' Part I: The Alchemy of Capital, Empire, and Nature in the Diaspora of Silver, 1545–1648“. Journal of Agrarian Change. 10 (1): 35–71.
  18. Moore, Jason W. (2010b). "'Amsterdam Is Standing on Norway' Part II: The Global North Atlantic in the Ecological Revolution of the Long Seventeenth Century", Journal of Agrarian Change, 10, 2, pp. 188–227
  19. Lindblad, J. Thomas (1995), 'Louis de Geer (1587–1652): Dutch Entrepreneur and the Father of Swedish Industry,'; in Clé Lesger & Leo Noordegraaf (eds.), Entrepreneurs and Entrepreneurship in Early Modern Times: Merchants and Industrialists within the Orbit of the Dutch Staple Markets. (The Hague: Stichting Hollandse Historische Reeks, 1995), pp. 77–85
  20. Müller, Leos (2005), 'The Dutch Entrepreneurial Networks and Sweden in the Age of Greatness,'; in Hanno Brand (ed.), Trade, Diplomacy and Cultural Exchange: Continuity and Change in the North Sea Area and the Baltic, c. 1350–1750. (Hilversum: Verloren, 2005), pp. 58–74
  21. 21,0 21,1 Steensgaard, Niels (1982), 'The Dutch East India Company as an Institutional Innovation,'; in Maurice Aymard (ed.), Dutch Capitalism and World Capitalism / Capitalisme hollandais et capitalisme mondial [Studies in Modern Capitalism / Etudes sur le capitalisme moderne], pp. 235–257
  22. 22,0 22,1 22,2 Goetzmann, William N.; Rouwenhorst, K. Geert (Oxford University Press, 2005)
  23. 23,0 23,1 Von Nordenflycht, Andrew (2011), 'The Great Expropriation: Interpreting the Innovation of "Permanent Capital" at the Dutch East India Company,'; in Origins of Shareholder Advocacy, edited by Jonathan G.S. Koppell. (Palgrave Macmillan, 2011), pp. 89–98
  24. Shah, Anup (5 December 2002). „The Rise of Corporations“. GlobalIssues.org. Посетено на 28 August 2018. Anup Shah (2002): "Today we know that corporations, for good or bad, are major influences on our lives. For example, of the 100 largest economies in the world, 51 are corporations while only 49 are countries, based on a comparison of corporate sales and country GDPs. In this era of globalization, marginalized people are becoming especially angry at the motives of multinational corporations, and corporate-led globalization is being met with increasing protest and resistance. [...]"
  25. Chambers, Clem (14 July 2006). „Who needs stock exchanges?“. MondoVisione.com. Посетено на 20 December 2014.
  26. Kyriazis, Nicholas C.; Metaxas, Theodore (2011), 'Path Dependence and Change and the Emergence of the First Joint-Stock Companies,'. Business History 53(3): 363–374. doi:10.1080/00076791.2011.565513
  27. Petram, Lodewijk (2014); in Harold James, et al. (ed.), Financial Innovation, Regulation and Crises in History. (Routledge, 2014)
  28. Petram, Lodewijk (Columbia University Press, 2014)
  29. Stringham, Edward P. (2015); in Edward P. Stringham, Private Governance: Creating Order in Economic and Social Life. (Oxford: Oxford University Press, 2015), pp. 39–60
  30. Stringham, Edward Peter; Curott, Nicholas A. (2015), 'On the Origins of Stock Markets,'. (Oxford University Press, 2015, ISBN 978-0199811762), pp. 324–344
  31. Shorto, Russell (2013). Amsterdam: A History of the World's Most Liberal City.
  32. Taylor, Bryan. „The First and the Greatest: The Rise and Fall of the Vereenigde Oost-Indische Compagnie“. GlobalFinancialData.com. Архивирано од изворникот на 24 May 2018. Посетено на 11 January 2017.
  33. Jonker, Joost; Gelderblom, Oscar; de Jong, Abe (2013)
  34. Unoki, Ko: Mergers, Acquisitions and Global Empires: Tolerance, Diversity and the Success of M&A. (New York: Routledge, 2013)
  35. Upbin, Bruce (22 October 2011). „The 147 Companies That Control Everything“. Forbes. Посетено на 8 August 2017.
  36. Harlan, Chico (9 December 2012). „In S. Korea, the Republic of Samsung“. The Washington Post. Посетено на 19 September 2018.
  37. Wooldridge, Adrian (17 September 2016). „Companies: the Rise of the Superstars“. The Economist. The Economist (www.economist.com). Посетено на 8 August 2017.
  38. LaFrance, Adrienne (11 February 2015). „Apple Is Basically a Small Country Now“. The Atlantic. Посетено на 8 August 2017.
  39. Ullah, Zahra (17 February 2017). „How Samsung dominates South Korea's economy“. CNN. Посетено на 8 August 2017.
  40. Ferguson, Niall (2002). Empire: The Rise and Demise of the British World Order and the Lessons for Global Power, p. 15. Niall Ferguson: "Moreover, their company [the VOC] was a permanent joint-stock company, unlike the English company [the English East India Company], which did not become permanent until 1650."
  41. Clarke, Thomas; Branson, Douglas (eds.): The SAGE Handbook of Corporate Governance. (London: SAGE Publications, 2012), p. 431. "The EIC first issued permanent shares in 1657 (Harris, 2005: 45)."
  42. Shinkai, Tetsuya; Ohkawa, Takao; Okamura, Makoto; Harimaya, Kozo (2012), 'Why did the Dutch East India Co. outperform the British East India Co.? A theoretical explanation based on the objective of the firm and limited liability'. (Discussion Paper Series No. 96, School of Economics, Kwansei Gakuin University). Tetsuya Shinkai et al. (2012): "The Dutch company sent a governor-general with full authority over all of the company's officers to Indonesia. The British East India Company was even more decentralized, however, and acted less as a trading company than as a guild. It allowed each of its members to trade on his account, owning only the ships in common with other members. Bernstein (2008) also describes the behavior of the employees of the British East India Company, "the employee of the East India Company treated its ships as their own, transporting large amounts of trade goods for their accounts to and from Asia.""
  43. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Macaulay2015.
  44. Vickers (2005), p. 10
  45. In his Das Kapital, Karl Marx describes the Dutch Republic, in its Golden Age, as "the model capitalist nation of the seventeenth century", which was at the dawn of modern capitalism.
  46. Taylor, Peter J. (2002). Dutch Hegemony and Contemporary Globalization (Paper prepared for Political Economy of World-Systems Conference, Riverside, California).
  47. Gordon, John Steele (1999). The Great Game: The Emergence of Wall Street as a World Power: 1653–2000. (Scribner, ISBN 978-0684832876).
  48. „Slave Ship Mutiny: Program Transcript“. Secrets of the Dead. PBS. 11 November 2010. Архивирано од изворникот на 15 November 2010. Посетено на 12 November 2010.
  49. Ames, Glenn J. (2008). The Globe Encompassed: The Age of European Discovery, 1500–1700. стр. 102–103.
  50. Due to internal structural changes, the effects of the fourth Anglo Dutch War in 1780 and the invasion of the French in 1795 all contributed to created a perfect storm devastating the company's revenue and lending capability. In the earlier hours of 14 June 1795 an English fleet hijacked nine Dutch East India Company ships off the coast of Saint Helena. As a result of this hijacking the VOC lost many ships and the accompanying cargo. The company could not afford to recover from this loss. The 'Committee for Affairs Relating to East India Trade and Possessions', instituted by the new Batavian Republic revolutionary government, resulting in the VOC being nationalised on 1 January 1800. The VOC charter, the legal foundation of the enterprise was revoked. Although the state of war in Europe permitted no drastic changes in course as far as shipping and trade to Asia were concerned it spelled the end of the company Balk, L., Van Dijk, F., Kortlang, D., Gaastra, F. Niemeijer, H., Koenders, P. (2007) The Archives of the Dutch East India Company (VOC) and the Local Institutions in Batavia (Jakarta), p. 14


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.