Странски директни инвестиции

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Странски директни иневстиции (СДИ) се форма на движење на капиталот од една во друга земја со која извозникот на капиталот се стекнува со учество од над 10% во сопственоста на странското претпријатие.

Ефекти на СДИ[уреди | уреди извор]

СДИ поддржуваат создавање нови работни места и економски раст преку директни, индиректни и индуцирани ефекти врз домашната економија. Директните ефекти се поврзани со економските активности на странските компании. Индиректните ефекти се однесуваат на тоа кога странските компании се снабдуваат со ресурси за производство од локалните снабдувачи, на пример, интермедијарни добра или деловни услуги. Индуцираните ефекти се појавуваат бидејќи зголемената економска активност на странската компанија и локалните добавувачи носи згoлeмување на приватната потрошувачка, што понатаму ја стимулира економската активност. Исто така, странските инвестиции носат потенцијал за нови СДИ преку повеќе канали:[1]

  1. преку повисоките плати се подобрува животниот стандард во домашната економија, па земјата станува попривлечна за инвеститорите.
  2. со зголемувањето на домашниот пазар и остварувањето економии од обем за локалните компании-добавувачи, странски мултинационални компании можат да го намалат трошокот по единица ресурси за производство и да се подобри привлечноста на државата како локација за странските компании коишто користат слични фактори за произодство.
  3. во поглед на прелевањето на знаењето и зголемувањето на продуктивноста на домашниот пазар на труд, мултинационалните компании праќаат сигнали на другите странски компании и го олеснуваат патот за привлекување на нови инвеститори.

Меѓутоа, СДИ може да предизвикаат и некои негативни последици. Ефектот на истиснување може да се појави преку пазарот на труд доколку регионалната невработеност е на ниско ниво или ако во регионот има недостиг на работна сила со специфични вештини и компетенции. Странските компании најчесто имаат висока продуктивност и плаќаат повисоки плати споредено со домашните компании, па затоа и полесно ќе ја привлечат покомпенентната работна сила. Ефектот на прелевање на знаењето, исто така, може да биде ограничен доколку домашните компании не се доволно подготвени да го апсорбираат знаењето од странските компании, или ако странските компании не ги ангажираат локалните компании – добавувачи или, пак, тие не можат да им одговараат на побарувачката.[2]

Мерки за привлекување СДИ[уреди | уреди извор]

Секоја земја има усвоено сопствена политика за привлекување странски директни инвенстиции. Некои земји тоа го прават преку намалување на даноците, доделување одредени грантови и сл. Други се обидуваат да привлечат странски капитал преку подобрување на сопствената инфраструктура, со цел да се исполнат потребите на инвеститорите. Во основа, речиси секоја земја којашто се обидува да ги намали административни бариери и бирократија. Макроекономските реформи се насочени кон поедноставување на регулацијата, зацврстување на сопственичките права, зголемување на флексибилноста на пазарот на труд итн.[3]

Дефиниција и видови СДИ[уреди | уреди извор]

Движење на СДИ во светот[уреди | уреди извор]

СДИ во Македонија[уреди | уреди извор]

Заклучно со 2014 година, вкупниот нето-прилив на СДИ во Македонија изнесувал 4.892 милиони долари. Во периодот 1998-2014 година, најголем износ на СДИ бил остварен во 2007 година (700 милиони долари), а најнизок во 1999 година (88 милиони долари). Во овој период, во девет години, приливот на СДИ бил помал од 200 милиони долари. Набљудувано како процент од БДП, нето-приливот на СДИ бил најголем во 2001 година, кога изнесувал 12%, а најмал прилив бил забележан во 2005 година (1,5%). Притоа, во девет години од периодот 1998-2014, приливот на СДИ бил помал до 3% од БДП. Во поглед на потеклото на капиталот, заклучно со 2014 година, најголем дел од СДИ потекнувал од Холандија (21,4% од вкупните СДИ).[4]

Табела 1: Нето-приливи на СДИ во Македонија (во долари)[5]

Година Износ на СДИ Година Износ на СДИ
1998 150 2008 600
1999 88 2009 185
2000 216 2010 207
2001 446 2011 474
2002 105 2012 165
2003 117 2013 305
2004 322 2014 261
2005 94 2015
2006 424
2007 700


Табела 2: Нето-приливи на СДИ во Македонија (процент од БДП)[6]

Година Износ на СДИ Година Износ на СДИ
1998 4,2% 2008 6,1%
1999 2,4% 2009 2%
2000 5,7% 2010 2,2%
2001 12% 2011 4,5%
2002 2,6% 2012 1,7%
2003 2,4% 2013 2,8%
2004 5,7% 2014 2,3%
2005 1,5% 2015
2006 6,2%
2007 8,4%


Табела 1: Потекло на СДИ во Македонија (по земји)[7]

Земја Учество во вкупните СДИ
Холандија 21,6%
Австрија 12,8%
Грција 10,7%
Словенија 9,6%
Унгарија 5,6%
Турција 4,5%
Швајцарија 4,3%
Обединето Кралство 3,5%

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. European Commission (2016), „Towards a foreign direct investment (FDI) attractiveness scoreboard“, Copenhagen Economics, Copenhagen, Denmark.
  2. European Commission (2016), „Towards a foreign direct investment (FDI) attractiveness scoreboard“, Copenhagen Economics, Copenhagen, Denmark.
  3. Ramkishen S. Rajan (2004), „Measures to attract FDI, Investment promotion, Incentives and Policy Intervention“, Economic and Political Weekly, pp. 12-16.
  4. „Графикони на месецот“, Економија и бизнис, година 18, број 209, ноември 2015, стр. 7.
  5. „Графикони на месецот“, Економија и бизнис, година 18, број 209, ноември 2015, стр. 7.
  6. „Графикони на месецот“, Економија и бизнис, година 18, број 209, ноември 2015, стр. 7.
  7. „Графикони на месецот“, Економија и бизнис, година 18, број 209, ноември 2015, стр. 7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]