Фактори на производство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Инпутите во економијата уште се нарекуваат и фактори на производство. Според класичната економија тие се делат на три категории: -земја -капитал -труд

Земја[уреди | уреди извор]

Земјата, или поопширно природните ресурси се дел од природата. Овде влегуваат обработливите земјоделски површини, земјата како фактор врз кој се подигаат фабрички згради, патишта, куќи, станбени згради и сл. како и рудните богатства во земјата, енергетските ресурси (сонце, вода, јаглен, нафта, природен гаси сл.).

Капиталот е составен од најразлични произведени добра кои служат за производство на други стоки и услуги. Овде се вбројуваат различните видови maшини и алатки, опремата во халите, самите производствени хали, зградите, компјутерите, крановите, камионите, тракторите, косалките, жетварките и сл.


Трудот, т.е. човечките ресурси, значи трошење на физичката и умствената способност а на луѓето во производството на најразлични добра и услуги. Притоа луѓето имаат различни квалификации, знаења, умеења, стекнати преку образованието и практучната работа.


Претприемништвото претставу8ва процес на откривање на можности и преземање активности за реализација на тие можности со рационална употреба на ресурсите. Претприемачи се сопствениците на капитал, односно на фирми, кои се способни да вршат постојано разместување на ресурсите кон најпродуктивните точки на нивната употреба, да ги комбинираат и рекомбинираат природните фактори (како замена на постојните фактори со поевтини), да воведуваат иновации заради остварување повисок доход, да преземаат ризик и сл.