Могулско Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Могулско Царство
Царство
  • 1526–1540
  • 1555–1857
Могул
Царството во околу 1700
Главен град
Јазици
Вероисповед
Уредување Апсолутна монархија,
унитарна држава со федерално управување,
централизирана автократија
Шеријат[3](1526–1719)
Олигархија со уставна монархија (1719–1857)
Цар [б 1]
 -  1526–1530 Бабур (first)
 -  1837–1857 Бахадур Шах II (last)
Историски период Ран современ
 -  Прва битка кај Панипат 21 април 1526
 -  Царството во состав на Царство Сур 1540–1555
 -  Могулско–Маратски војни 1680–1707
 -  Смрт на Аурангзеб 3 март 1707
 -  Битка кај Карнал 24 февруари1739
 -  Опсада на Делхи 21 дептември 1857
Површина
 -  1690[4][5] 4000000 км²
Население
 -  1700[6] 158,400,000 
Минати
Следни
Султанат Делхи
Држава Раџпут
Династија Черо
Султанат Бенгал
Декански султанати
Царство Марата
Бенгал Субах
Царство дурани
Sikh Empire
Company rule in India
Британски Раџ
Денес во Индија
Бангладеш
Пакистан
Афганистан

Могулско Царство (урду: سلطنت‎ مغلیہ, Mug̱ẖliyāh Sālṭanāt)[7] — царство кое се наоѓало на поголемиот дел од Јужна Азија и постоело во периодот помеѓу 16 и 19 век[8]. За некои два века, царството се протегало од надворешните делови на сливот на Инд на запад, северен Авганистан на северозапад и Кашмир на север, до висорамнините на денешните Асам и Бангладеш на исток, и областите на Декан во јужна Индија[9].

Царството било основано во 1526 година од Бабур, воин началник од денешен Узбекистан, кој со помош на соседните Сафавиди и Отоманци[10] успеал да го порази султанот на Делхи, Ибрахим Лоди, во Првата битка на Панипат и да ги освои рамнините на Горна Индија. Меѓутоа, царското управување во некои извори во Могулското Царство понекогаш датира од 1600 година, за време владеењето на внукот на Бабур, Акбар[11]. Овој вид на владеење опстојувало до 1720 година, по смртта на последниот голем цар Аурангзеб[12][13], за чие владеење царството исто така го постигнало своето максимално географско проширување. Царството официјално престанало да постои во 1857 година по индиското востание.

И покрај тоа што било создадено и одржувано со воено војување[14][15][16], тоа не ги потиснувало силно културите и народите до кои дошло до допир и наместо тоа, ги изедначувало и со нови административни практики[17][18] и разновидните владејачки елити, што довело до поефикасно, централизирано и стандардизирано управување[19]. Основата на колективното богатство на царството биле земјоделските даноци, воспоставени од третиот цар , Акбар[20][21].

Релативниот мир што го одржувало царството во текот на поголемиот дел од 17 век било фактор во економската експанзија на Индија[22]. Засиленото европско присуство во Индискиот Океан и зголемената побарувачка за индиски сурови и готови производи, создало уште поголемо богатство[23].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1526 година, Бабур, потомок на Тимур и Џингис Кан од долината Фергана (денешен Узбекистан), се проширил преку Кибер преминот и ја основал Могулското Царство, кое ги опфаќала териториите на денешен Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш. Сепак, неговиот син Хумаун бил поразен од страна на авганистанскиот воин Шер Шах Сури во 1540 година, и Хумаун бил принуден да се повлече во Кабул. По смртта на Шер Шах, неговиот син Ислам Шах Сури и Хинду кралот Самрат Хем Чандра Викрамадитја, добиле 22 битки против авганистанските бунтовници и силите на Акбар, од Пенџаб до Бенгал и воспоставиле секуларно Хинду владеење во Северна Индија од Делхи кое траело до 1556 година. Силите на Акбар го поразиле и убиле Хему во Втората Битка на Панипат на 6-ти ноември 1556 година.

Мунгалската династија завладеала со поголемиот дел од Индискиот Потконтинент до 1600 година, но почнала бавно да опаѓа по 1707 година. Мунгалците претрпеле силен удар поради инвазиите од Маратанците и Авганистанците, поради што Мунгалската династија била сведена на владетели- марионети до 1757 година. Остатоците од Мунгалската династија конечно биле поразени за време на Индискиот бунт од 1857 година, исто така познат и како “Војната за Независност” од 1857 година. Овој период, во кој Хинду мнозинството било владеено од страна на могулските цареви, повеќето од кои покажале верска толеранција и либерално изразување на Хинду културата, бил одбележан со огромна социјална промена на потконтинентот. Познатиот император Акбар, кој бил внук на Бабар, се обидел да воспостави добри односи со Хиндусите. Меѓутоа, подоцнежните императори, како Аурангазеб, се обиделе да воспостават целосна муслиманска доминација. Како резултат на тоа, неколку историски храмови биле уништени за време на овој период и се наметнувале даноци за оние кои не биле муслимани. Во времето на опаѓање на Могулското Царство, неколку помали држави се здружиле за да се пополни вакуумот во власта и самите тие придонеле за падот на империјата. Во 1739 година, Надер Шах, императорот на Иран, ја поразил могулската војска во огромната Битката кај Карнал. По оваа победа, Надер го покорил Делхи и запленил многу богатства, вклучувајќи го и Престолот Паун.

Могулците веројатно биле најбогатата единствена династија која што некогаш постоела. За време на ерата на Мунгалците, доминантните политички сили се состоеле од Могулското Царство и нејзините даночници, а подоцна, од државите наследнички во подем - вклучувајќи ја и Марата империјата - која се борела со значително ослабената могулска династија. Могулците, кои често применувале брутални тактики за да ја држат потчинета својата империја, воделе политика на интеграција со индиската култура и тоа бил клучниот фактор што придонел да бидат успешни, во што не успеале краткотрајните Султанати од Делхи. Акбар Велики бил особено познат по тоа. Акбар прогласил "Амари" или не-убивање на животни во светите денови на Џаинизамот. Тој го вратил џизуа данокот за немуслимани. Мунгалските императори се женеле со локални девојки од кралски семејства, биле во сојуз со локалните Махараџи, и се обиделе да ја измешаат нивната турско-персиска култура со древните индиски стилови, создавајќи ја уникатната индосараценска архитектура. Оваа традиција, во комбинација со зголемената бруталност и централизација, била ерозијата која во голема мера придонела за пропаст на династијата по Аурангазеб, кој за разлика од претходните императори, наметнал релативно не-плуралистички политики за општата популација, кои често предизвикувале револт кај мнозинското Хинду население.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Conan 2007, p. 235.
  2. Morier 1812, p. 601.
  3. Pagaza & Argyriades 2009, p. 129.
  4. Turchin, Peter; Adams, Jonathan M.; Hall, Thomas D. (2006). „East–West Orientation of Historical Empires and Modern States“. Journal of World-Systems Research. 12 (2): 219–229. doi:10.5195/JWSR.2006.369. ISSN 1076-156X.
  5. Rein Taagepera (September 1997). „Expansion and Contraction Patterns of Large Polities: Context for Russia“. International Studies Quarterly. 41 (3): 475–504. doi:10.1111/0020-8833.00053. JSTOR 2600793.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име borocz.
  7. Balfour, E.G. (1976). Encyclopaedia Asiatica: Comprising Indian-subcontinent, Eastern and Southern Asia. New Delhi: Cosmo Publications. S. 460, S. 488, S. 897. ISBN 978-81-7020-325-4.
  8. Richards, John F. (1995), The Mughal Empire, Cambridge University Press, стр. 2, ISBN 978-0-521-56603-2 Quote: "Although the first two Timurid emperors and many of their noblemen were recent migrants to the subcontinent, the dynasty and the empire itself became indisputably Indian. The interests and futures of all concerned were in India, not in ancestral homelands in the Middle East or Central Asia. Furthermore, the Mughal empire emerged from the Indian historical experience. It was the end product of a millennium of Muslim conquest, colonization, and state-building in the Indian subcontinent."
  9. Stein, Burton (2010), A History of India, John Wiley & Sons, стр. 159–, ISBN 978-1-4443-2351-1 Quote: "The realm so defined and governed was a vast territory of some 750,000 квадратна милјаs [1,900,000 km2], ranging from the frontier with Central Asia in northern Afghanistan to the northern uplands of the Deccan plateau, and from the Indus basin on the west to the Assamese highlands in the east."
  10. Gilbert, Marc Jason (2017), South Asia in World History, Oxford University Press, стр. 75–, ISBN 978-0-19-066137-3 Quote: "Babur then adroitly gave the Ottomans his promise not to attack them in return for their military aid, which he received in the form of the newest of battlefield inventions, the matchlock gun and cast cannons, as well as instructors to train his men to use them."
  11. Stein, Burton (2010), A History of India, John Wiley & Sons, стр. 159–, ISBN 978-1-4443-2351-1 Quote: "Another possible date for the beginning of the Mughal regime is 1600, when the institutions that defined the regime were set firmly in place and when the heartland of the empire was defined; both of these were the accomplishment of Babur’s grandson Akbar."
  12. Stein, Burton (2010), A History of India, John Wiley & Sons, стр. 159–, ISBN 978-1-4443-2351-1 Quote: "The imperial career of the Mughal house is conventionally reckoned to have ended in 1707 when the emperor Aurangzeb, a fifth-generation descendant of Babur, died. His fifty-year reign began in 1658 with the Mughal state seeming as strong as ever or even stronger. But in Aurangzeb’s later years the state was brought to the brink of destruction, over which it toppled within a decade and a half after his death; by 1720 imperial Mughal rule was largely finished and an epoch of two imperial centuries had closed."
  13. Richards, John F. (1995), The Mughal Empire, Cambridge University Press, стр. xv, ISBN 978-0-521-56603-2 Quote: "By the latter date (1720) the essential structure of the centralized state was disintegrated beyond repair."
  14. Stein, Burton (2010), A History of India, John Wiley & Sons, стр. 159–, ISBN 978-1-4443-2351-1 Quote: "The vaunting of such progenitors pointed up the central character of the Mughal regime as a warrior state: it was born in war and it was sustained by war until the eighteenth century, when warfare destroyed it."
  15. Robb, Peter (2011), A History of India, Macmillan, стр. 108–, ISBN 978-0-230-34549-2 Quote: "The Mughal state was geared for war, and succeeded while it won its battles. It controlled territory partly through its network of strongholds, from its fortified capitals in Agra, Delhi or Lahore, which defined its heartlands, to the converted and expanded forts of Rajasthan and the Deccan. The emperors' will was frequently enforced in battle. Hundreds of army scouts were an important source of information. But the empire's administrative structure too was defined by and directed at war. Local military checkpoints or thanas kept order. Directly appointed imperial military and civil commanders (faujdars) controlled the cavalry and infantry, or the administration, in each region. The peasantry in turn were often armed, able to provide supporters for regional powers, and liable to rebellion on their own account: continual pacification was required of the rulers."
  16. Gilbert, Marc Jason (2017), South Asia in World History, Oxford University Press, стр. 75–, ISBN 978-0-19-066137-3 Quote: "With Safavid and Ottoman aid, the Mughals would soon join these two powers in a triumvirate of warrior-driven, expansionist, and both militarily and bureaucratically efficient early modern states, now often called "gunpowder empires" due to their common proficiency is using such weapons to conquer lands they sought to control."
  17. Asher, Catherine B.; Talbot, Cynthia (2006), India Before Europe, Cambridge University Press, стр. 115–, ISBN 978-0-521-80904-7
  18. Robb, Peter (2011), A History of India, Macmillan, стр. 99–100, ISBN 978-0-230-34549-2
  19. Asher, Catherine B.; Talbot, Cynthia (2006), India Before Europe, Cambridge University Press, стр. 152–, ISBN 978-0-521-80904-7
  20. Stein, Burton (2010), A History of India, John Wiley & Sons, стр. 164–, ISBN 978-1-4443-2351-1 Quote: "The resource base of Akbar’s new order was land revenue"
  21. Asher, Catherine B.; Talbot, Cynthia (2006), India Before Europe, Cambridge University Press, стр. 158–, ISBN 978-0-521-80904-7 Quote: "The Mughal empire was based in the interior of a large land-mass and derived the vast majority of its revenues from agriculture."
  22. Asher, Catherine B.; Talbot, Cynthia (2006), India Before Europe, Cambridge University Press, стр. 152–, ISBN 978-0-521-80904-7 Quote: "Above all, the long period of relative peace ushered in by Akbar's power, and maintained by his successors, contributed to India's economic expansion."
  23. Asher, Catherine B.; Talbot, Cynthia (2006), India Before Europe, Cambridge University Press, стр. 186–, ISBN 978-0-521-80904-7 Quote: "As the European presence in India grew, their demands for Indian goods and trading rights increased, thus bringing even greater wealth to the already flush Indian courts."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.