Кашмир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Политичка карта на Кашмир со планинскиот венец Пир Панџал и Кашмирската Долина.
Нанга Парбат, значајна планина во кашмирската покраина Гилгит–Балтистан, Пакистан.

Кашмир (кашмирски: کٔشِیر / कॅशीर; урду: کشمیر; ујгурски: كەشمىر‎; шина: کشمیر) е северозападниот дел на на Индискиот Полуостров. Се до средината на XIX век поимот Кашмир се користел за долината што се наоѓа помеѓу Хималаите и Пир Панџал појасот, од тогаш се користи како за поголема територија одколку што е денешната држава Џаму и Кашмир во Индија ги содржи долината, Џаму и Ладак, пакистанската административна провинција Северни Територии и Азад Кашмир, и кинескиот административен регион Аксај Чин.

Во првата половина на првиот милениум, Кашмир станал главен центар на хиндуизмот и подоцна на будизмот а подоцна во XIX век се развил и Кашмирскиот Шаивизам. Во 1349 година Шахот Мирза станал прв муслимански владетел во Кашмир. Во наредните пет века Кашмир има муслимански морнарси, кои владееле се до 1751 година. Моментално кашмирскиот регион е поделен на три држави: Индија, Кина и Пакистан.