Инд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на сливот на Инд
Сателитска снимка на сливот на Инд

Инд (урду: سندھ Sindh; синдски: سنڌو Sindhu; пенџапски (سندھ, курмучки: ਸਿੰਧੂ); хинди и санскрит: सिन्धु; персиски: персиски: حندو; паштунски: ّآباسن; тибетски: Сенге чу; кинески: кинески: 印度 Јинду; — најдолгата и најважната река во Пакистан. Таа е и најдолгата река и трета најголема река, во однос на годишен проток, на Индискиот потконтинент. Британците го употребиле името „Индија“ за целиот потконтинент според оваа река. Извирајќи од Тибетската Висорамнина во близина на езерото Мансаровар, реката тече низ областа Ладак и северните делови на Пакистан, кон југ по целата должина на земјата, за конечно да се влее во Арапското Море во близина на пристанишниот град Карачи.

Вкупната должина на Инд е 3.180 км, а сливното подрачје е над 1.165.000 км2. Протокот на вода се проценува на 207 кубни километри годишно.

Почнувајќи од ледниците на „Покривот на светот“, реката го храни екосистемот на богати шуми, низини и пустински предели. Заедно со реките Ченаб, Рави, Сталеџ, Желум, Беас, и пресушената Сарасвати, Инд го формира „Сапта Синдум“ - седморечието во провинцијата Синд во Пакистан. Има вкупно 20 поголеми притоки.

Инд ги обезбедува потребите од вода за економијата на Пакистан - особено во земјоделскиот Пенџаб и Синд. Инд исто така ги задоволува и потребите за вода во тешката индустрија, а е и главен извор на вода за пиење во Пакистан.

Инд е една од малкуте реки во светот кои имаат прилив и одлив. Количината на вода во реката зависи во голема мера и од годишните времиња: значајно се намалува во зима, додека се излева во монсунскиот период - од јули до септември. Постојат и докази за постојано поместување кон запад на речното корито уште од предисторијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]