Асам е сојузна држава во Индија со површина од 78.438 км2 и 26.638.407 жители (сос: 1. јан. 2001). Се наоѓа на југоистокот на Индија на источните Хималаи. Асам го опкружуваат другите североисточни држави како Аруначал Прадеш, Нагаланд, Манипур, Мизорам, Трипура и Мегалаја. Трговски центар на Асам Гувахати претставува врска со североисточните држави нарекувани и "седум сестри". Тие држави се со остаткот на Индија поврзани со тесен коридор т.н "пилешки врат". Асам граничи и со Бутан и Бангладеш. Асам произведува меѓу најфините и најскапите чаеви на светот. Чајната индустрија ја развиле Англичаните во текот на колонијалниот период. Донесувале работна сила од Бихар и Ориса и со тоа ја менувале демографската слика на регионот. Асам произведува и значајни количини на нафта и гас. Асам е второ место во светот на кое е откриена нафта (по САД).