Чатисгар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чатисгар
Чатисгар - छत्तीसगढ़
Држава: Индија
Главен град: Раџпур
Површина: 135.194 км2
Население: 20.795.956 (2001)
Густина на население: 108 жит./км2
Јазик: хинди, чатисгар
Религија:
Мрежно место: www.chhattisgarh.nic.in Архивирано на 26 октомври 2006 г.
Мапа
Положба на Чатисгар во Индија
Положба на Чатисгар во Индија

Чатисгар е сојузна држава во Индија со површина од 135.194 км2 и 20.795.956 жители (сос: 1. јан. 2001). Чатигар настанал 2000. од деловите на Мадја Прадеш, во кој се зборува чатисгарскиот јазик. Раџпур е главен град. Името Чатисгар доаѓа од "чатис" и "гар". што на хинди значи 36 и тврдина, а претставувало 36 кнежевски државички од старите времиња. Се граничи со Мадја Прадеш на североисток, Андра Прадеш на југ, Ориса на исток, Џарканд на североисток и Утар Прадеш на север.

Економија[уреди | уреди извор]

Градот Корба е место каде се произведува доволно електрична енергија за неколку индиски држави. Тука се наоѓа и голема фабрика за алуминим. Во Чатисгар има и голема челичарница. А рудата на железо ги задоволува и челичрницата во Чатисгар и неколку други индиски држави. Дел од рудата се извезува и во Јапонија.

Најголеми градови[уреди | уреди извор]

Податотека:Паупколл.jpg
Колеџот во Раџпур

(Спрема пописот од 2001.)

Град Жители
Раџпур 605.131
Билај 553.837
Корба 315.695
Биласпур 265.178
Дург 231.182
Раџнандгаон 143.727
Рајгар 110.987
Чирмири 91.312
Чарода 87.170