Мизорам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мизорам
Мизорам - मिज़ोरम
Држава: Индија
Главен град: Ајзавл
Површина: 21.081 км2
Население: 888.573
Густина на население: 42 жит./км2
Јазик: мизо и англиски
Религија:
Веб-сајт: [1]
Мапа
Положба на Мизорам во Индија

Мизорам е сојузна држава во североисточна Индија со површина од 21.081 км и 891.058[1]. жители и граничи со Мјанмар на исток и со Бангладеш на запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Потеклото на племето Мизос е мистерија. Се претпоставува дека било дел од монголскиот бран, кој најпрвин дошол во Кина, а подоцна и во Индија. Мизорам станал дел од Британска Индија во 1895 година. Кога Индија станала независна, Мизорам бил дел од Асам, сè до 1972 година, кога станала сојузна територија. Во текот на 1959 година, Мизорам го зафатила голема немаштија и глад. Цветањето на бамбусот ги зголемило бројот на глувците. Откако ги изеле бамбусовите семиња, се свртеле кон житариците. Глувците ја изеле речиси цела жетва, така што населението на Мизорам се хранело со корени и лисја. Многу луѓе умрело од глад. Една организација, која барала на Мизорам да му се пружи помош, после големата глад, барала Мизорам да стане независен. Други пак се бореле Мизорам да стане држава во рамките на Индија, така што дошло до немири. Делегацијата на Мизорам во 1971 побарала од Индира Ганди да стане индијска држава. Индира Ганди го одобрила статусот на сојузната територије во 1972 година, додека индијска држава станала во 1987 година.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]