Трипура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трипура
ТРипура - ত্রিপুরা
Држава: Индија
Главен град: Агартала
Површина: 10.453 км2
Население: 3.191.168
Густина на население: 305 жит./км2
Јазик: бенгалски јазик, кокборок (трипурски)
Религија:
Веб-сајт: [1]
Мапа
Положба на Трипура во Индија

Трипура е сојузна држава во североисточна Индија и преставува трета најмала држава во земјата, опфаќа 10.491 км2 (4.051 км) и граничи со Бангладеш на север,[1] јужно и западно, и со индиските држави Асам и Мизорам на исток. Во 2011 година државата имала 3.671.032 жители, што претставува 0,3% од населението на земјата

Историја[уреди | уреди извор]

Трипура била кралство пред обединувањето со Индија. Кралевите на Трипура владееле 3 илјади години пред обединувањето со Индија. Главен град на кралството бил Удајпур, кој тогаш се викал Рангамати. Главниот град се преместил во стара Агартала во 18-от век, а во сегашна Агартала во 19-от век. Трипура е била под доминација на Могула, а подоцна на Британците. Во меѓувреме се појавило антимонархистичко движење, кое успеало да ја обедини Трипура со Индија. Мнозинството на населението го сочинуваат хинду Бенгалци, а поголемиот дел од нив се избеглици од Источен Пакистан (Бангладеш) после независноста од 1947 гдина. Трипура во 1947 станала дел од Индија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rohingya crisis: Security tightened along India-Myanmar border“. Архивирано од изворникот на 15 September 2017.