Андра Прадеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андра Прадеш
ఆంధ్ర ప్రదేశ్
сојузна држава
Знаменитости во Андра Прадеш
Знаменитости во Андра Прадеш
Лого на Андра Прадеш
Амблем
Химна: „За мајка Телугу“
Местоположба во Индија
Местоположба во Индија
Земја  Индија
Државност 1 ноември 1956
Главен град Хајдерабад, Амаравати
Најголем град Вишакапатнам
Окрузи 13
Управа
 • Орган Влада на Андра Прадеш
 • Управник Е. Ш. Л. Нарасиман
 • Главен министер Н. Чандрабабу Најду
 • Законодавен дом дводомен (175 + 58 места)
 • Изб. единции на Народниот дом 25
 • Виш суд Виш правосуден суд - Хајдерабад
Површина[1]
 • Вкупна 162.970 км2
Ранг 8.
Население (2011)[2]
 • Вкупно 49,386,799
 • Ранг 10.
 • Густина 308/км2
Демоним Телузи
БДП (2018–19)[3]
 • Вкупно Шаблон:INRConvert
 • ПГЖ Шаблон:INRConvert
Часовен појас IST (UTC+05:30)
UN/LOCODE AP
Рег. таб. AP
Писменост 67,41 % (2011)
Службени јазици телушки
Брег 974 км
Мреж. место ap.gov.in
^† Со преуредувањето од 2014 г. градот Хајдерабад привремено (до 10 години) е главен и на Андра Прадеш и на Телангана.
†† Заедички за Андра Прадеш и Телангана.

Андра Прадеш (телушки: ఆంధ్ర ప్రదేశ్) — сојузна држава во југоисточна Индија со површина од 162.970 км2 и 49.386.799 жители (2011).

Се граничи со Телангана, Одиша на североисток Карнатака на запад, Тамил Наду на југ и Бенгалскиот Залив на исток. Ова е осма држава во Индија по површина и десетта по население. Главен град формално е Хајдерабад, но во пракса управувањето се одвива во Амаравати. Најголем град е Вишакапатнам. Има втор најдолг брег (974 км) од државите на Индија.

Андра Прадеш се наоѓа меѓу 12°41' и 22° северна географска ширина и 77° и 84°40' источна географска должина. Повеќе од 77% од жетвата отпаѓа на ориз; (17.796.000 тони во 2006 година) Низ државата минуваат две големи реки — Годавари и Кришна. Основана е во 1956 г., а прекроена во 2014 г. кога од дел од нејзината територија е создадена државата Телангана.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]