Јоханесбург
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Јоханесбург | |||
|---|---|---|---|
| Градот Јоханесбург | |||
Насока на часовникот од десно: Јоханесбург уметничка галерија, Хилброув Насока на часовникот, Плоштадот Нелсон Мендела во Сандтон, Јоханесбург ЦБД Гледа кон исток M1 Слободен пат, Универзитетот од Витватерстранд Источен кампусМонтекасино во Форвејс. | |||
| |||
| Прекар(и): Јванасбег (Каде бев); Јо'бург; Јози; муди мулила нгома (Venda version), јони (Tsonga version); Еголи (Местото на златото); Гаутенг (Местото на златото); Мабоненг (Градот на светлината) | |||
| Гесло: "Unity in development"[1] | |||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Херман Машаба (ДА) | ||
| Површина[2] | |||
| • Метро | 1.644,96 км2 (63,512 ми2) | ||
| Надм. вис. | 1.753 м | ||
| Население | |||
| • Метро[3] | 4.434.827 | ||
| • Метро | 2.696/км2 (6,980/ми2) | ||
| Демоним | Јоханесбургер Јобургер | ||
| Повик. бр. | 011 | ||
| ХДИ | ▲ 0.75 High (2012)[4] | ||
| GDP | Американски долар 83.9 billion[5] | ||
| БДП по глава на жител | US$ 18,918[5] | ||
| Мреж. место | joburg.org.za | ||

Јоханесбург е најнаселениот град во Јужноафриканската Република и третиот најнаселен град во Африка, по Каиро и Лагос. Жителите му дале прекари на градот, како "Jo'burg", "Jozi" и "eGoli".[6] Јоханесбург е провинциски главен град на провинцијата Гаутенг, најбогатата провинција во ЈАР и место каде се наоѓа уставниот суд на Јужна Африка. Градот е еден од четириесетте најголеми метрополи во светот и единствениот глобален град во Африка (класифициран како во светски град). Иако понекогаш погрешно се смета дека Јоханесбург е главен град на ЈАР, тој не е ни еден од официјалните главни градови на ЈАР (иако Преторија, која е дел од истиот урбан ентитет е главен град).
Јоханесбург е место каде што се одвива голема трговија со злато и дијаманти, како резултат на местоположбата на градот на богатиот со минерали ридски венец Витватерсранд. Аеродромот на Јоханесбург (Меѓународен Аеродром во Јоханесбург) е еден од најголемите и најзафатени аеродроми во Африка и порта за меѓународниот воздушен сообраќај до и од остатокот на Јужна Африка.
Според пописот од 2001 година, населението на градот е повеќе од три милиони. Површината на Јоханесбург е 1,644 км2, додека неговата густина на население е само 1,962/км2. Населението на целата јоханесбуршка метрополитенска област е единаесет милиони. Дел од овој град е и Совето на југозапад, гратче коешто апартхејдот го оспособи за живеалиште на голем број на мигранти-работници.
Јоханесбург е град-близнак со Њујорк, САД и Бирмингем, Обединетото Кралство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Johannesburg (South Africa)“. Crwflags.com. Посетено на 9 December 2010.
- ↑ Municipal Demarcation Board, South Africa Архивирано на 26 април 2009 г. Посетено на 23 March 2008.
- ↑ „Census 2011“. StatsSA. StatsSA. Посетено на 4 August 2015. На
|first1=му недостасува|last1=(help) - ↑ „Gauteng's Human Development Index“ (PDF). Gauteng City-Region Observatory. 2013. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 January 2015. Посетено на 1 January 2015.
- 1 2 „Global city GDP 2014“. Brookings Institution. Архивирано од изворникот на 2013-06-04. Посетено на 18 November 2014.
- ↑ „Johannesburg: The City of Gold“. Johannesburg: The City of Gold. 22 October 2019. Архивирано од изворникот на 18 January 2021. Посетено на 17 December 2020.
|