Дијамант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијамант
Безбоен осумстран камен се издава од црна карпа.
Приближно осумстран груб дијамант
Општо
Категорија елементарни минерали
Хемиска формула C
Штрунцова класификација 01.CB.10a
Распознавање
Моларна маса 12,01 г·мол-1
Боја обично жолт, кафеав, сив или безбоен. поретко син, зелен, црн, проѕирно бел, розов, виолетов, портокалов, пурпурен и црвен.
Хабитус осумстраничен
Кристален систем изометриски-четириесетиосумстраничен (кубен)
Цепливост 111 (совршено во четири насоки)
Прелом школкест
Цврстина на Мосовата скала 10
Сјај адамантен
Трага безбојна
Проѕирност проѕирен до потпроѕирен до полупроѕирен
Специфична тежина 3,52±0,01
Густина 3,5–3,53 г/см3
Измазнет сјај адамантна
Оптички својства изотропна
Показател на прекршување 2,418 (при 500 нм)
Двојно прекршување нема
Плеохроизам нема
Распрснување 0,044
Точка на топење зависно од притисокот
Наводи [1][2]

Дијамант е алотропска модификација на јаглерод. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и полирање на други помеки материјали.

На Мосовата скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.

Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.

Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.

Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.

Мерна единица за маса на дијамантот е каратот. Еден карат = 0,2 грама.

Производство на дијаманти[уреди | уреди извор]

Дијамантите се копаат во рудници, а најголеми светски производители се Русија, ЈАР и Ангола. Во 2016 година, во Ангола бил откопан дијамант од 404 карати и со големина од седум сантиметри. Тој бил дијамант од типот II и со Д-боја, која е најретка и највредна боја на белите дијаманти. Неговата вредност била проценета на 20 милиони долари. Најголемиот дијамант пронајден воопшто е дијамантот „Cullinan“, ископан во ЈАР, во 1905 година. Тој имал 3.106 карати и тежел 600 грама. вториот најголем дијамант во историјата бил пронајден во 2014 година и имал. 1.111 карати.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дијамант“. WebMineral. http://webmineral.com/data/Diamond.shtml. конс. 7 јули 2009 г.  (англиски)
  2. „Дијамант“. Mindat. http://www.mindat.org/min-1282.html. конс. 7 јули 2009 г.  (англиски)
  3. „Пронајден совршен дијамант во Ангола“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 20.