Лазурит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лазурит
Лазурит, рудник на лапис лазули Лајур Мадан, Округ Сар-е-Санг, Долина Кокша, Провинција Бадакшан, Авганистан
Општо
КатегоријаТектосиликат
Формула(Na,Ca)
8
[(S,Cl,SO
4
,OH)
2
|(Al
6
Si
6
O
24
)]
Штрунцова класификација9.FB.10
Просторна групаP43n
Единична ќелијаa = 9.09 Å; Z = 2
Распознавање
Бојатемносина, азурна, виолетово-сина, зеленкаво сина
Хабитусдодекаедарски кристали, ретко коцкести; грануларни, расеани или масивни
Кристален системКубичен кристален систем
Цепливостнепотполна на {110}
Преломнерамен
Жилавосткрт
Цврстина на Мосовата скала5–5.5
Сјајстаклест
Проѕирностпроѕирен до непроѕирен
Специфична тежина2.38–2.45
Оптички својстваизотропни; аномално анизотропни
Показател на прекршување1.502–1.522
Споивост3.5
РастворливостРастворлив во HCl
Наводи[1][2][3][4][5]

Лазурит - тектосиликатен минерал со сулфат, сулфур и хлорид со формула (Na,Ca)
8
[(S,Cl,SO
4
,OH)
2
|(Al
6
Si
6
O
24
)]. Тој е фелдпатоид и член на групата содалит. Лазуритот кристализира во изометрискиот систем иако добро формираните кристали се ретки. Обично е масивен и го формира најголемиот дел од скапоцените камења лапис лазули.

Лазуритот е темносин до зеленикаво-син. Бојата се должи на присуството на S
3
анјони.[6] Цврстината по Мосовата скала му е од 5,0 до 5,5 и има специфична тежина од 2,4. Тој е проѕирен со показател на прекршување од 1,50. Тој е топлив на 3,5 на скалата на топливост на Волфганг Франц фон Кобел и растворлив во HCl. Најчесто содржи или е поврзан со зрна пирит.

Лазуритот е производ на контактниот метаморфизам на варовникот и е типично поврзан со калцит, пирит, диопсид, хумит, форстерит, хајин и мусковит.[1]

Други сини минерали, како што се карбонатниот азурит и фосфатниот лазулит, може да се помешаат со лазуритот, но лесно се разликуваат со внимателен преглед. Едно време, лазуритот бил синоним за азурит.[4]

Лазуритот првпат бил опишан во 1890 година кога се појавил во округот Сар-е-Санг, долина Кокша, провинција Бадакшан, Авганистан.[2] Тој се вадел како руда повеќе од 6.000 години во областа Лапис Лазули во Бадакшан. Се користи како пигмент во сликарството и бојадисувањето на ткаенини најмалку од 6 или 7 век.[7] Се ископува и на Бајкалското Езеро во Сибир, планината Везув, Бурма, Канада и Соединетите Американски Држави.[7] Името му доаѓа од персискиот збор lajvard за сино.[8]

Структура[уреди | уреди извор]

Се чини дека лазуритот и хајинот имаат иста структура и двата се минерали со доминантни сулфати.[9] Лазуритот е пигмент (опалесцентен) и има светло сина лента (особено како компонента на полускапоцениот камен лапис лазули). Многу хајини имаат бела или бледосина лента и се проѕирни. Разликата може да биде последица на состојбата на редокс (сооднос сулфат-сулфид). [6] [10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Handbook of Mineralogy
  2. 2,0 2,1 Mindat with location data
  3. Webmineral data
  4. 4,0 4,1 Hurlbut, Cornelius S. and Klein, Cornelis, 1985, Manual of Mineralogy, 20th ed., Wiley, p. 459 ISBN 0-471-80580-7
  5. Mineralogical Society of America
  6. 6,0 6,1 Tauson VL, Sapozhnikov AN (2003). „On the nature of lazurite coloring“ (PDF). Zapiski Vserossijskogo Mineralogicheskogo Obshchestva (руски). 132 (5): 102–107.
  7. 7,0 7,1 Eastaugh, Nicholas; и др. (2004). The Pigment Compendium: Optical Microscopy of Historical Pigments. Oxford: Elsevier Butterworth-Heinemann. стр. 219. ISBN 0-7506-4553-9.
  8. „Tile fragment“. Victoria and Albert Museum. Посетено на 11 January 2020.
  9. Moore, T.P.; Woodside, R. W. M. (2014). „The Sar-e-Sang Lapis Mines“. Mineralogical Record. 45 (3): 281–336.
  10. „The sulfur speciation in S-bearing minerals: New constraints by a combination of electron microprobe analysis and DFT calculations with special reference to sodalite-group minerals“. American Mineralogist. 97 (10): 1653–1661. 2012. Bibcode:2012AmMin..97.1653H. doi:10.2138/am.2012.4031.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]