Никел-Штрунцова класификација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Никел-Штрунцова класификација — систем класификација на минералите според нивниот хемиски состав, воведен од германскиот минералог Карл Хуго Штрунц во неговото дело „Минералошки табели“ (Mineralogische Tabellen, 1941).[1] IV и V издание било во уредништво на Кристел Тенисон (1966). Потоа следело изданието на А. С. Поварених (1966 г. на руски и 1972 г. на англиски) со измени во класификацијата.

Како кустос во Минералошкиот музеј при универзитетот „Фридрих Вилхелм“ (денес Хумболтов универзитет), Штрунц добил задача да ја уреди геолошката збирка на музејот според кристално-хемиските својства.[1] Делото „Минералошки табели претрпело низа измени во повеќе изданија, од кои последното IX издание од 2001 г. е преработка на австралиско-канадскиот минералог Ернест Х. Никел.[2][3] Никел-Штрунцовата база на податоци денес е под раководство на Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација (CNMNC) на Меѓународното минералошко здружение.[4]

Коден облик на класификацијата[уреди | уреди извор]

Шемата се води по кодниот облик NN.XY.##x, каде:

  • NN: Број на минералната класа
  • X: Буква на минералниот оддел
  • Y: Буква на минералното семејство
  • ##x: Број на минералот/групата; x е додавка

Класи[уреди | уреди извор]

Тековната шема ги дели минералите во десет класи, кој пак се делат на оддели, семејства и групи според хемискиот состав и кристалната структура.[5]

  1. елементи
  2. сулфиди и сулфосоли
  3. халиди
  4. оксиди, хидроксиди и арсенити
  5. карбонати и нитрати
  6. борати
  7. сулфати, хромати, молибдати и волфрамати
  8. фосфати, арсенати и ванадати
  9. силикати
  10. органски соединенија

Класи на IMA/CNMNC[уреди | уреди извор]

IMA/CNMNC предлага нова хиерариска шема (Mills et al. 2009) која се води по Никел-Штрунцовите класи (X издание):

  • Класификација на минералите (несиликати)
    • Никел-Штрунцова класа 01: Самородни елементи
      • Класа: самородни елементи
    • Никел-Штрунцова класа 02: Сулфиди и сулфосоли
      • Класа 02.A – 02.G: сулфиди, селениди, телуриди (вкл. арсениди, антимониди, бизмутиниди)
      • Класа 02.H – 02.M: сулфосоли (вкл. сулфарсенити, сулфантимонити, сулфобизмутити итн.)
    • Никел-Штрунцова класа 03: Халогениди
      • Класа: халиди
    • Никел-Штрунцова класа 04: Оксиди
      • Класа: оксиди
      • Класа: хидроксиди
      • Класа: арсенити (вкл. антимонити, бизмутити, сулфити, селенити и телурити)
    • Никел-Штрунцова класа 05: Карбонати и нитрати
      • Класа: карбонати
      • Класа: нитрати
    • Никел-Штрунцова класа 06: Борати
      • Класа: борати
        • Поткласа: незоборати
        • Поткласа: сороборати
        • Поткласа: циклоборати
        • Поткласа: иноборати
        • Поткласа: филоборати
        • Поткласа: тектоборати
    • Никел-Штрунцова класа 07: Сулфати, селенати и телурати
      • Класа: сулфати, селенати и телурати
      • Класа: хромати
      • Класа: молибдате, волфрамати и ниобати
    • Никел-Штрунцова класа 08: Фосфати, арсенати и ванадати
      • Класа: фосфати
      • Класа: арсенати и ванадати
    • Никел-Штрунцова класа 10: Органски соединенија
      • Класа: органски соединенија
  • Класификација на минералите (силикати)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Knobloch, Eberhard (2003). The shoulders on which We stand/Wegbereiter der Wissenschaft (германски и англиски). Springer. стр. 170–173. ISBN 3-540-20557-8.
  2. Mills et al. 2009.
  3. Allan Pring and William D. Birch (октомври 2009). „Obituary: Ernest Henry Nickel 1925–2009“. Mineralogical Magazine. 73 (5): 891–892. doi:10.1017/S0026461X00032965.
  4. Ernest H. Nickel and Monte C. Nichols (22 мај 2008). „IMA/CNMNC List of Mineral Name based on the database MINERAL, which Materials Data, Inc. (MDI) makes available“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 20 март 2009. Посетено на 31 јануари 2011.
  5. Штрунцова класификација — Webmineral (англиски)

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]