Смарагд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Смарагд
Гашала Смарагдот е еден од најголемите брусени Смарагди во светот. Има 858 карати, кој е пронајден во 1967 година во рудникот Гашала во Колумбија. Гашала Смарагдот сега се наоѓа во Смитсонијот институт во Вашингтон Америка.

Смарагд (Be3Al2(SiO3)6) е варитет на Берил. Бојата е зелена со хром во трагови, а понекогаш и ванадијум. Посебно е ценет по тежина и се смета како највреден драг камен. Берилот има тврдост од 7,5 до 8 по Мосовата скала за тврдост. Сепак ефективната тврдост на Смарагдот е помала поради фрактурата и инклузијата. Повеќето од Смарагдите имаат доста инклузија (убацени делови) така што полесно се кршат отколку што би се очекувало по степенот на тврдост.

Смарагдот се јавува во многу нијанси на зелени и плавозелени бои. Постои широк спектар на видливост, кој зависи од инклузијата и расцепот на кристалот . Најценети се оние јасни камење со темна боја, но жива боја.

Во античко време Смарагдите се копале во Египет, [[Австрија|] и во Свати во Северен Пакистан. Редок тип на Смарагди, таканречени трапиш, се наоѓаат во Колумбија. Колумбиските Смарагди се најценети по изглед и видливост. Исто така добри Смарагди се копаат и во Замбија, Бразил, Зимбамбве, Мадагаскар, Пакистан, Индија, Авганистан и Русија. Вредноста на Смарагдите зависи од брусењето, бојата и видливоста.

Општо
Категорија Берил
Формула Be3Al2(SiO3)6
Кристален систем Хексагонален (6/m 2/ m 2/m) Просторна група: P6 / msc
Просторна група (6/m 2/m 2/m) - дихексагонална дипиримидална
Единица за клетка a = 9.21 Åc = 9.19 Å; Z = 2
Идентификација
Маса на формулата 537.50
Боја Зелена до нијанса на безбојна
Кристалност Масивна и добро кристална
Несовршеност Расцеп и испукнатини
Фрактура Фрактуричен
По Мосовата скала за тврдост 7.5–8
Сјај Стритрес
Редеа Бела
Диафаничност Транспарентен до непроѕирен
Специфична тежина Просечна 2.76
Оптички својства Униаксијален (-)
Рефлетирачки индекс nω = 1.564–1.595,

nε = 1.568–1.602

Двојно прочистување δ = 0.0040–0.0070
Ултравиолетова флуоресценција Никаква (некои материјали за полнење на фрактури се користат за подобрување на јасноста на Смарагдот за флуоресценција)
Референци