Танзанит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танзанит зоисит Tanzanit Zoisite
Танзанит (зоисит)

Танзанитот е сина и виолетова сорта на минералот зоизит (калциум алуминиум хидроксил соросиликат), предизвикан од мали количини на ванадиум.[1] Танзанитот припаѓа на минералната група на епидот. Се наоѓа само во Танзанија, во многу мала рударска област (приближно 7 км долга, и 2 км широка) [2] во близина на ридовите Мерерани.[3]

Танзанитот е познат по својот неверојатно силен трихроизам. Наизменично се познаваат сина, виолетова и бургундска боја, во зависност од кристалната ориентација.[4] Танзанитот исто така може да биде во различна боја кога се гледа под различни услови на осветлување. Сините се попрепознатливи кога се изложени на флуоресцентна светлина, а виолетовите нијанси можат лесно да се видат кога се гледаат под блескаво осветлување. Во својата необработена состојба, танзанитот е обоен во црвено-кафеава боја и за да се иссчисти е потрбна топлинска обработка за да се отстрани кафеавиот дел и да се истакне сино-виолетовата боја на овој прекрасен камен.[5]

Скапоцениот камен го добил името „танзанит“ од компанијата Тифани и Ко., по Танзанија, земјата во која бил откриен. Научното име, „сино-виолетов зоизит“ не се сметало како доволно погодно име за потрошувачите од одделот за маркетинг на Тифани, кој го претстави на пазарот во 1968 година. Во 2002 година, Американското здружение за трговија со скапоцени камења го избрала танзанитот како камен на оние кои што се родени во декември, што е прва промена на нивната листа од „камења на раѓање“ од 1912 година.[6]

Геологија[уреди | уреди извор]

Танзанитот е формиран пред околу 585 милиони години за време на средината на периодот Едијакаран, со огромна тектонска активност на плочи и интензивна топлина во областа која подоцна ќе стане планината Килиманџаро. Минералот се наоѓа во релативно сложена геолошка средина. Депозитите обично се наоѓаат во „шарката“ на изоклиналните набори.[7]

Комерцијална историја[уреди | уреди извор]

Занаетчиска работа на танзанит

Во јули 1967 година, Мануел де Соуза, кројач од Аруша, Танзанија (кој имал и втора работа како трагач по злато), пронашол проѕирни фрагменти од сини и сино-виолетови скапоцени кристали на гребен во близина на Мирерани, околу 40км југоисточно од Аруша.[8][9][10] Тој претпоставил дека минералот е оливин (перидот), но, откако набргу сфатил дека не е, заклучил дека е „думортиерит“ (син минерал кој не е скапоцен камен). Набргу потоа, камењата му ги покажале на Џон Саул, консултантски геолог од Најроби и продавач на скапоцени камења, кој тогаш ископувал аквамарин во регионот околу планината Кенија. Џон Саул, ги елиминирал думортиеритот и кордиеритот како можности и испратил примероци до неговиот татко, Хајман Саул, потпретседател на Петтата авенија Сакс во Њујорк. Хајман Саул ги донел примероците преку улицата до Гемолошкиот институт на Америка, кој правилно го идентификувал новиот скапоцен камен како разновидност на минералот зоизит. Точната идентификација се направила и од минералози од Универзитетот Харвард, Британскиот музеј и Универзитетот Хајделберг, но првиот човек кој што ја добил вистинската идентификација бил Ијан МекКлауд, танзански владин геолог со седиште во Додома.[11]

Научно наречен „син зоизит“, скапоцениот камен бил преименуван во танзанит од Тифани и Ко., кои сакаа да профитираат од реткоста и единствената локација на скапоцениот камен. Тие дошле до заклучок дека „синиот зоизит“ (што може да се изговори како „сино самоубиство“) не би се продавал добро.[12] Оригиналната кампања на Тифани рекламирала дека танзанитот сега може да се најде на две места: „во Танзанија и кај Тифани“.

Од 1967г, околу два милиони карати танзанит биле ископани во Танзанија пред рудниците да станат национализирани од страна на владата на Танзанија во 1971 година.

Разнобоен танзанит кристал
Необработен скапоцен камен од танзанит

Развивање на рударство на танзанит[уреди | уреди извор]

Во 1990 година, владата на Танзанија ги поделила рудниците за танзанит на четири дела: Блоковите А, Б, Ц и Д. Блоковите А и Ц биле доделени на големите оператори, додека блоковите Б и Д биле резервирани за локалните рудари. Во 2005 година, владата го обновила закупот на рудникот Блок Ц на TanzaniteOne, кој платил 40 милиони американски долари за нивниот закуп и за лиценца за ископување.[се бара извор]

Во јуни 2003 година, владата на Танзанија вовела закон со кој се забранува извоз на непреработен танзанит во Индија. (Како и многу скапоцени камења, повеќето танзанити се сечат во Џајпур . ) Причината за забраната е обидот да се поттикне развојот на локалните преработувачки капацитети, а со тоа да се поттикне економијата и да се надомести профитот. Оваа забрана се одвивала постепено, во период од две години, дотогаш биле дозволени само камења над 0,5 грама.[се бара извор] Во 2010 година, владата на Танзанија го забрани ла извозот на груби камења со тежина од повеќе од еден грам.[13]

TanzaniteOne Mining Ltd е во сопственост на Richland Resources, но со законот од 2010 година во Танзанија, од нив било побарано да отстапат 50% од сопственоста на нивната лиценца за рударство на танзаниската државна компанија за рударство (Stamico). Производството во 2011 година изнесувало 2,4 милиони карати (480 кг.), заработувајќи им 24 долари милиони.[14]

По изградбата на 24 км периметарски ѕид околу рудниците, за да се подобри безбедноста и да се спречи шверцот,[15] производството се зголемло од 147.7 кг во 2018 година до рекордни 781.2 кг во 2019 година [16]

На 24 јуни 2020 година, бил поставен нов рекорд за најголемиот необработен танзанит во светот, откако рударот, г-дин Саниниу Лајзер, минирал два камена од 9.72 кг и 5.1 кг и ги продал на Владата на Танзанија преку Министерството за рударство за 7,74 милијарди танзаниски шилинзи (3,35 милиони американски долари) [17] надминувајќи го рекордот од 16,839 каратен камен миниран од TanzaniteOne во 2005 година.[18]

Вкупните резерви на танзанит се проценуваат на 109,000,000 карати, според извештајот објавен во 2018 година [19] Блокот В, убедливо најголемата локација, е проценет на 87,100,000 карати со Life of Mine (LOM) што се очекува да трае до 2040-тите.[20]

Фактори кои влијаат на вредноста: оценување[уреди | уреди извор]

Не постои универзално прифатен метод за оценување на скапоцените камења во боја. TanzaniteOne, главен комерцијален играч на пазарот на танзанити, преку својата непрофитна подружница, Фондацијата Танзанит,[21] воведе сопствен систем за оценување на бои.[22] Скалите за оценување на бои на новиот систем ги делат боите на танзанит во низа нијанси, помеѓу синкаво-виолетова, индиго и виолетово-сина.

Нормалните примарни и секундарни нијанси во танзанитот се сина и виолетова. Нетретираниот танзанит е трихроичен скапоцен камен, што значи дека светлината што влегува во овој анизотропен кристал се прекршува на различни патеки, со различна апсорпција на боја на секоја од трите оптички оски. Како резултат на овој феномен, забележани се мноштво бои кај различни примероци: нијанси на виолетова, виолетова, индиго, сина, цијан, зелена, жолта, портокалова, црвена и кафена. По загревањето, танзанитот станува дихроичен . Дихроичните бои се движат од виолетова преку синкаво-виолетова до индиго и виолетово-сина до сина.[23]

Оценувањето кај скапоцените камења во боја се заснова на стандардот за јасност, односно скапоцен камен се смета за беспрекорен ако не се видливи подмножества со голо око (претпоставувајќи 20/20 видливост).[23] Гемолошкиот институт на Америка го класифицира танзанитот како скапоцен камен Тип 1, што значи дека обично е јасно видлив. Скапоцените камења со подмножества видливи за очи ќе се тргуваат со големи попусти.

Топлинска обработка[уреди | уреди извор]

Необработен примерок од танзанит.

Танзанитот се формира како кафеав кристал и е трихроичен, што значи дека покажува три бои - кафеава, сина и виолетова - истовремено. Греењето, или природно под земја со метаморфни процеси, или вештачки, ја отстранува кафеавата или бургундската компонента за да произведе посилна виолетово-сина боја и го прави каменот „дихроичен“, што значи дека рефлектира само сина и виолетова боја.[24] Ретко, танзанитот како квалитетен скапоцен камен ќе се загрее до зелена примарна нијанса, скоро секогаш придружена со секундарна сина или виолетова нијанса. Овие зелени танзанити имаат одредена значајна вредност на колекционерскиот пазар, но ретко се интересни за комерцијалните купувачи.[25]

Топлинската обработка во печка обично се изведува помеѓу 370 до 390 °C за 30 минути. Камењата не треба да имаат пукнатини или меурчиња, бидејќи може да се скршат или пукнатините/меурот може да се зголемат за време на загревањето на печката.[26]

Некои камења пронајдени блиску до површината во раните денови на откритието (во областа сега наречена Д блок) биле сини со квалитет на скапоцени камења без потреба од топлинска обработка - веројатно како резултат на шумски пожар во областа што ги загреал камењата под земја. Ова ја поттикнало идејата дека камењата „Д блок“ се попосакувани од танзанитот што се наоѓа во другите области на малата област за ископување танзанит.

Бидејќи топлинската обработка е универзална, таа нема ефект врз цената, а готовите скапоцени камења се претпоставува дека се топлински обработени. Гемолошкиот институт на Америка наведува дека изворот на греење е гемолошки незабележлив, но се претпоставува дека тоа е поради неговата распространетост.[27]

Танзанитот може да биде подложен и на други форми на третман. Неодамна, обложени танзанити биле откриени и тестирани од лабораториите AGTA и AGL.[28] Тенок слој кој содржи кобалт, утврден со флуоресценција на рендген, бил нанесен за да се подобри бојата. Било забележано дека „особено премазите не се сметаат за трајни“, а во САД се бара да бидат изложени на продажни места.

Плеохроизам во Танзанит[уреди | уреди извор]

Плеохроизмот има физичко својство во кое скапоцениот камен ќе изгледа како да има повеќе бои врз основа на аголот на светлината што удира во каменот. Танзанитот е плеохроичен скапоцен камен. Повеќето танзанити се сини кога се гледаат од една насока, но може да варира од виолетова до црвена кога се гледа од различен агол.

Физичките одлики може да го отежнат процесот на сечење поради проблемот со изборот на совршена боја. Завршната боја на скапоцениот камен ќе варира во зависност од тоа како при сечењето се рефлектира светлината.[29]

Имитација и танзанит обложен со кобалт[уреди | уреди извор]

Од 2020г. танзанитот никогаш не бил успешно синтетизиран во лабораторија, што значи дека сите вистински танзанити се природно создадени. Но, поради неговата реткост и побарувачка на маркетот , танзанитот бил имитиран на повеќе начини. Материјали кои што се користат за ова се: коцкест циркон, синтетички спинел, итриум алуминиум гранит и обоено стакло. Ако се направи тест на каменот (изведен со дихроскоп) може лесно да препознае фалсификат од вистински танзанит, бидејќи само од танзанит може да се појави двојно прекршување: двете прозорчиња од дихроскопот ќе покажат различни бои (едниот прозор - сина, а другиот - виолетова), додека пак имитациите се со единечно прекршување и на двете прозорчиња ќе се покаже иста боја.

Синтетички форстерит ( Mg2SiO4, краен член на оливин богат со магнезиум ) исто така се продава како танзанит и има сличен изглед. Може да се разликува од танзанитот на три начини. Првиот е со користење на рефрактометар: форстеритот ќе покаже показател на прекршување помеѓу 1,63 и 1,67, додека танзанитот ќе покаже повисок показател од 1,685 до 1,707. Вториот начин е со користење на филтер Ханеман: преку него, вистинскиот танзанит ќе изгледа портокалово-розово, додека пак, форстеритот ќе изгледа зелено. Третиот начин е користење на стандардна лупа за златарство: форстеритот ќе покаже двојно прекршување, правејќи ги исечоците на павилјоните да изгледаат „удвојно нагоре“, додека многу пониското двократно кршење на танзанитот нема да ја има оваа одлика.[30]

Пониските степени на танзанит повремено се зголемуваат со користење на слој од кобалт, бидејќи кобалтот дава подлабока сина нијанса. Кобалтниот слој не се прилепува добро на овие камења и има тенденција да се трие со текот на времето, што резултира со камен кој има помало ниво на интензивност во бојата. Иако сè уште танзанит, практиката на обложување со кобалт се смета за измамничка, освен ако не е добро рекламирана.[30]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. King, Hobart M. „Tanzanite“. Geology.com. Посетено на 3 December 2018. The blue color of tanzanite is caused by small amounts of vanadium within the zoisite mineral structure.
  2. „Introduction to tanzanite“. tanzanitefoundation.com. 22 June 2017.
  3. Briggs, Philip; McIntyre, Chris (2013). Tanzania Safari Guide: With Kilimanjaro, Zanzibar and the Coast. Bradt Travel Guides. стр. 104. ISBN 978-1-84162-462-4.
  4. E. Skalwold. „Pleochroism: trichroism and dichroism in gems“. Nordskip.com. Архивирано од изворникот на 6 September 2012. Посетено на 29 August 2011.
  5. „Study of Heat Treatment“. Yourgemologist.com. International School of Gemology. Архивирано од изворникот на 2019-03-26. Посетено на 29 August 2011.
  6. „AGTA GTC to Issue Tanzanite Reports“. JCK Magazine. 12 November 2007. Посетено на 31 December 2013 – преку jckonline.com.
  7. „Tanzanite Mining“. TanzaniteOne. 2018. Архивирано од изворникот на 2022-02-08. Посетено на 25 June 2020.
  8. Saul, John. „The discovery of Tanzanite“. Jeweller. Посетено на 25 June 2020.
  9. „The Discovery of Tanzanite“. Gemporia. Gemporia Limited. 30 June 2019. Посетено на 25 June 2020.
  10. Luhr, James (2003). Earth. New York, NY: DK Publishing, Inc. стр. 73. ISBN 0-7894-9643-7.
  11. „Merelani, Tanzania“. The Mineralogical Record. Архивирано од изворникот на 7 August 2010.
  12. „Tanzanite“. Gemstone.org. Архивирано од изворникот на 12 September 2008. Посетено на 29 August 2011.
  13. „Export ban on tanzanite in Africa leaves Jaipur gems sector in lurch“. The Times of India. 3 October 2013. Архивирано од изворникот на 29 December 2013. Посетено на 31 December 2013.
  14. Muchira, John (24 May 2013). „TanzaniteOne cedes 50% stake to State as new law takes effect“. Mining Weekly.
  15. „Tanzania orders wall built around tanzanite mines to end illegal trade“. Reuters.com. 20 September 2017. Посетено на 27 June 2020.
  16. „Tanzania: Tanzanite Sales, Revenue Soar As Smuggling Is Checked“. AllAfrica.com. 16 May 2019. Посетено на 25 June 2020.
  17. „Artisanal miner in Tanzania finds large rare gemstones worth $3.3 million“. Reuters.com (англиски). 24 June 2020. Посетено на 24 June 2020.
  18. Cobley, Mark (3 August 2005). „World's Biggest Tanzanite Gem Found Near Kilimanjaro (Update3)“. Bloomberg. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 31 December 2013.
  19. „National Environment Statistics Report - Tanzania Mainland“ (PDF). National Bureau of Statistics (NBS) (Tanzania). June 2018. Посетено на 27 June 2020.
  20. Luvanda, H. E. Baraka H. (10 October 2018). „Presentation of Tanzania High Commissioner Of Tanzania Minerals And Metals Outlook, 2030“. The High Commission of the United Republic of Tanzania. Посетено на 27 June 2020.
  21. „The Tanzanite Foundation“. The Tanzanite Foundation. 22 April 2013. Архивирано од изворникот на 9 February 2005. Посетено на 26 November 2013.
  22. Roskin, Gary (May 2005). „Tanzanite Transformed: TanzaniteOne Introduces Quality Grading, Pricing Changes, and a Sight System“. JCK Magazine. Посетено на 4 May 2018.
  23. 23,0 23,1 Richard W. Wise (31 December 2005). Secrets of the Gem Trade: The Connoisseur's Guide to Precious Gemstones. Brunswick House Press. стр. 35, 220. ISBN 978-0-9728223-8-1.
  24. Weldon, Robert. „An introduction to gem treatments“. gia.edu. Gemological Institute of America, Inc.
  25. „Tanzanite Gemological Information“. gemsociety.org.
  26. Roskin, Gary (February 2005). „Natural-Color Tanzanite“. JCK Magazine.
  27. „Featured gemstone: tanzanite“. GIA Library. Gemological Institute of America, Inc. Архивирано од изворникот на 13 May 2008.
  28. „Coatings: a new Tanzanite treatment uncovered“. farlang.com. Farlang's Gem and Diamond Foundation; Gemological Association of Great Britain; German Gemological Association; Netherlands Gemological Laboratory. 25 May 2008.
  29. „Tanzanite Characteristics : Pleochroism Effect“. starlanka.com.
  30. 30,0 30,1 Antony Zagoritis. „Tanzanite Synthetics and Imitations“. The Rare Gemstone Company.