Аеродром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За скопската општина Аеродром, видете Општина Аеродром

Аеродром (воздушна патека) е првично наменето за приземјување на летала, т.е., авиони и хеликоптери. Ваквиот терен е обично уреден со објекти и инсталации наменети за сместување, одржување, полетување и спуштање на воздухопловни летала. Аеродромите мора да имаат воспоставено врска со околните аеродроми.

Во Република Македонија има 2 цивилни и повеќе спортски и воени аеродроми. Цивилните аеродроми се наоѓаат во Скопје и во Охрид.

Инфраструктура[уреди]

Помалите аеродроми, често имаат само една писта која е пократка од 1.000 метри. Но поголемите аеродроми обично имаат писти кои се подолги и од 2.000 метри. Многу мали аеродроми имаат земјени писти наместо асфалт.

Најдолгата јавна писта во светот е во Аеродромот Чангду Бангда во Кина. Должината на пистата изнесува 5.500 метри, а најшироката асфалтирана писта се наоѓа во Аеродромот Улјановск Восточни во Русија и неговата ширина изнесува 105 метри.