Хаифа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаифа
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Израел" does not exist|180px|Хаифа во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Израел" does not exist]]
Хаифа
Округ
Управа Град
хебрејски חֵיפָה
арапски حيفا
Население 277,082 (2014)
Површина 63,666 dunams (63.666 km2; 24.582 ми)
Градоначалник Ејнат Калиш-Ротем
Основан 1 век НЕ
Координати 32°49′0″N 34°59′0″E / 32.81667° СГШ; 34.98333° ИГД / 32.81667; 34.98333Координати: 32°49′0″N 34°59′0″E / 32.81667° СГШ; 34.98333° ИГД / 32.81667; 34.98333
Мреж. место haifa.muni.il
Хаифа, 1925 - 1937
Хаифа, 1925 - 1937

Хаифа — град во Израел со население од околу 280.000 жители и уште 300.000 во неговата непосредна околина. Градот се наоѓа на брегот на Средоземното Море, под планината Кармел, која е прогласена за национален парк.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Уште во 1888 година, во Хаифа била изградена железничка пруга. Покрај автобускиот превоз, во Хаифа оперира и надземното „метро“ наречено „Кармелит“, а од планината Кармел до морскиот брег се спушта жичарница. Исто така, во градот се наоѓаат пристаништата Хаифа и Кишон, а во близината на градот има аеродром.[1]

Трговски центри[уреди | уреди извор]

Хаифа располага со бројни трговски центри, како:[1]

  • Трговски центар Хаифа Аудиториум
  • Трговско-забавен центар Кастра
  • Трговски центар Синемол - Лев Ха'мифрац
  • Градски центар
  • Хаифа мол
  • Центарот Хорев
  • Хуцот Ха'мифрац
  • Големиот кањон, најголемиот трговско-забавен центар во Израел
  • Центарот Панорама
  • Пазарот Талпиот

Религиозни места[уреди | уреди извор]

Во Хаифа се наоѓаат неколку свети места од неколку различни религии:[1]

  • Кабабир - мала заедница (село) населено со припадниците на муслиманската секта на Ахмед. Селото се наоѓа во непосредна близина на центарот Кармел, а во селото се наоѓа џамијата на Махмуд.
  • Пештерата на пророкот Илија (Ме'арат Елијаху)
  • Манастирот Stella Maris.
  • Градината на Бахаи со светилиштето - светски центар на религијата Бахаи.

Германската колонија[уреди | уреди извор]

Во центарот на градот, од Градината Бахаи до пристаништето Хаифа, долж авенијата Бен Гурион се протега Германската колонија, која е една од главните туристички знаменистости на Хаифа.[1]

Културни и образовни институции[уреди | уреди извор]

Најпознати институции од областа на образованието, уметноста и културата во Хаифа се:[1]

  • Универзитетот на Хаифа, сместен на планината Кармел, на надморска висина од 480 метри. Во рамките на универзитетот особено се истакнуваат главната зграда (облакодерот Ешкол) и археолошкиот музеј.
  • Технион, т.е. Технолошкиот институт за високо образование, најпознатиот технолошки универзитет во Израел, сместен во квартот Неве Ша'анан
  • Уметничката куќа Шагал
  • Музејот на имиграцијата и поморството
  • Музејот на житарици Дагон
  • Железничкиот музеј на Хаифа, сместен во камена отоманска зграда во историскиот дел на Источна Хаифа
  • Музејот на Мане Кац
  • Мадатех - Националниот музеј на Израел за наука, технологија и вселенски истражувања
  • Центарот за посетители во состав на електричната централа на Израелската електрична корпорација
  • Музејот на Реубен и Едит Хехт
  • Музејот на уметноста на Хаифа
  • Националниот поморски музеј
  • Музејот на Хаифа (Беит Ха'ам), сместен во Беит Ха'ам, првата изградена куќа во Германската колонија, која првобитно служела како конференциска сала и како училиште
  • Музејот на јапонска уметност Тикотин
  • Музејот на Херман Шрук
  • Преисторискиот музеј Стекелис

Паркови[уреди | уреди извор]

Во Хаифа постојат повеќе паркови, како:[1]

  • Градина на мајките (Ган Ха'ем)
  • Спомен -парк, посветен на израеслките војници од Хаифа кои загинале во војните што ги водел Израел
  • Градина на скулптурите, со 29 бронзени скулптури на уметничката Урсула Марбин
  • Зоолошка градина
  • Паркот Хехт, најголемиот парк во Хаифа кој се протега меѓу плажата Дадо и Израелскиот океанографски и лимнолошки истражувачки центар

Плажи[уреди | уреди извор]

Најпознати плажи во Хаифа се:[1]

  • Променадата Бат Галим
  • плажата Замир
  • плажата Дадо
  • плажата Јужен Дадо

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Haifa Tourist Board, I love Haifa, 2014.