Окрузи во Израел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на окрузите во Израел:
1. Северен, 2. Хаифски, 3. Централен, 4. Телавивски, 5. Ерусалимски.
Спорни подрачја: А. Голанска Висорамнина, Б. Јудеја и Самарија, В. Појас Газа.

Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).

Податоците во статијава се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.

Ерусалим[уреди | уреди извор]

Население: 907.300
Административен центар: Ерусалим[1]

Северен округ[уреди | уреди извор]

Население: 1.241.900
Административен центар: Назарет
Подокрузи:
  • Сафед (100.500)
  • Кинарет (100.300)
  • Изрел (444.400)
  • Ако (555.300)
  • Голан[2] (41.400 - половина сириски, половина израелски доселеници).[3]

Хаифа[уреди | уреди извор]

Население: 880.700
Административен центар: Хаифа
Подокрузи:
  • Хаифа (529.300)
  • Хадера (351.400)

Централен округ[уреди | уреди извор]

Население: 1.770.000
Административен центар: Рамла
Подокрузи:

Тел Авив[уреди | уреди извор]

Население: 1.227.900
Административен центар: Тел Авив

Јужен округ[уреди | уреди извор]

Население: 1.201.200
Административен центар: Бершеба
Подокрузи:
  • Ашкелон (456.000)
  • Бершеба (565.300)

Јудеја и Самарија[уреди | уреди извор]

Население: 327.750 израелски доселеници
Административен центар: Ариел

Овој округ претставува географска класификација за израелските населби на Западниот Брег освен Источен Ерусалим и поранешната „ничија земја“ на израелско-јорданската граница близу Латрун. Подрачјето потпаднало под израелска власт по Шестдневната војна (1967) но сè уште не е приклучено кон Израел поради долгите преговори за неговиот статус. Многу Израелци го сметаат за дел од т.н. „Израелска Земја“, но не е признаено како такво од ООН и ниедна странска земја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Округот опфаќа територии добиени со Шестдневната војна од 1967 г. и припоени кон Израел со Законот за Ерусалим.
  2. Окупиран за време на Шестдневната војна во 1967 г. и припоен кон Израел со Законот за Голанската Висорамнина. Нема меѓународно признание.
  3. Региони и територии: Голанска Висорамнина“, 10 август 2010 (конс. 18 јануари 2011 г). (англиски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]