4 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 4 јуни — 155-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (156-ти во престапна година). Остануваат 210 дена до крајот на годината.
Настани:
| 781 п.н.е. | За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. |
| 1896 | Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. |
| 1917 | Доделени се првите Пулицерови награди во САД. |
| 1920 | Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението. |
| 1944 | Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. |
| 1989 | Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. |
| 1989 | „Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. |
| 2010 | Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама. |
Родени:
| 1881 | Наталија Гончарова — руска сликарка. |
| 1911 | Милован Ѓилас — комунистички раководител на СФР Југославија. |
| 1929 | Каролос Папуљас — грчки политичар. |
| 1937 | Пандо Колевски — македонски поет и преведувач. |
| 1945 | Ентони Брекстон — американски џез-музичар. |
| 1947 | Благоје Пауновиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1952 | Бронислав Коморовски — полски политичар. |
| 1950 | Милош Ѓелмаш — српски и југословенски фудбалер. |
| 1975 | Расел Бренд — англиски комичар, водител и колумнист. |
| 1975 | Анџелина Џоли — американска глумица. |
| 1976 | Ненад Зимоњиќ — српски тенисер. |
| 1985 | Лукаш Подолски — чешки фудбалер. |
| 1990 | Џецун Пема — кралица на Бутан, сопруга на кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук. |
| 1991 | Анте Вукушиќ — хрватски фудбалер. |
Починале:
| 1530 | Максимилијан Сфорца — милански војвода. |
| 1876 | Абдул Азис — отомански султан. |
| 1917 | Јордан Николов — македонски револуционер. |
| 1934 | Васил Апостолов Икономов — учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф. (р. 1848.). |
| 1971 | Ѓерѓ Лукач — унгарски марксистички филозоф. |
| 2001 | Борислав Џинлески — македонски ветеринар. |
| 2004 | Стив Лејси — американски џез-музичар. |
| 2019 | Ленарт Јохансон — шведски фудбалски администратор, поранешен претседател на УЕФА. |
| 2022 | Алекс Џон Сач — американски рок-музичар, член на групата Бон Џови. |