Каролос Папуљас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каролос Папуљас
Κάρολος Παπούλιας

Претседател на Грција
На должноста
Стапил
12 March 2005
Премиер Костас Караманлис
Јоргос Папандреу
Претходник Костис Стефанопулос
Министер за надворешни работи
На должноста
26 јули 1985 – 2 јули 1989
Претходник Јоанис Караламбопулос
Наследник Цанис Цанетакис
На должноста
13 октомври 1993 – 2 јануари 1996
Претходник Михалис Папаконстантину
Наследник Теодорос Пенгалос
Лични податоци
Роден(а) 4 јуни 1929(1929-06-04)(94 г.)
Јанина, Грција
Починал(а) 26 декември 2021 година
Партија ПАСОК
Сопружник Марија Папуљија
Деца Фани, Вики и Ана
Живеалиште Претседателска палата (официјална)
Установа Атински универзитет
Професија Правник
Вероисповед Грчка Православна црква
Потпис
Портал Претседател на Грција

Каролос Папуљас (грчки: Κάρολος Παπούλιας; роден на 4 јуни 1929 во Јанина - 26 декември 2021 година) е грчки политичар и моментален претседател на Грција. Претходно, Папуљас бил Министер за надворешни работи на Република Грција.

Папуљас е роден во градот Јанина. Тој е син на генералот Григорис Папуљас. Папуљас студирал на правниот факултет во Атина, како и на Миланскиот универзитет. Тој поседува диплома по меѓународно право од универзитетот во Келн.

Како поранешен шампион во атлетика и одбојка, тој бил претседател на спортскиот сојуз на Грција во продолжение на 25 години. Тој бил еден од основачите на ПАСОК и близок соработник со Андреас Папандреу.

Извршувал неколку државни функции, и тоа:

  • Заменик-министер за надворешни работи (1981 - 1984)
  • Министер за надворешни работи (1985 - 1989)
  • Заменик-министер за одбрана (1989 - 1990)
  • Министер за надворешни работи (1993 - 1996)

Во текот на декември 2004 година, тогашниот премиер Костас Караманлис и претседателот на опозициската партиа ПАСОК, Јоргос Папандреу, го номинирале Папуљас за претседате на Грција. Така, со голема поддршка од страна на парламентот, тој на 8 февруари 2005 година бил избран за претседател, заменувајќи го Костис Стефанопулос.