Прејди на содржината

Михалис Папаконстантину

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михалис Папаконстантину
Μιχάλης Παπακωνσταντίνου
Министер за надворешни работи
На должноста
7 август 1992  13 октомври 1993
Претходник Константинос Мицотакис
Наследник Каролос Папуљас
Лични податоци
Роден(а) 1 ноември 1919
Кожани, Кралство Грција
Починал(а) 17 јануари 2010 (возраст 90)
Атина, Грција
Партија Нова демократија
Професија политичар, автор

Михалис Папаконстантину (грчки: Μιχάλης Παπακωνσταντίνου) (роден на 1 ноември 1919 [1] во Кожани17 јануари 2010 [1]) — грчки политичар и автор. Во периодот од 7 август 1992 до 13 октомври 1993 година, Папаконстантину бил Министер за надворешни работи на Република Грција од партијата Нова демократија.[1]. Тој редовно пишувал како колумнист во весниците во Атина и Солун.[1] Тој, исто така пишувал и во голем број на грчки и странски списанија, како писател.[1]

  1. 1 2 3 4 5 „Απεβίωσε ο πρώην υπουργός Μιχάλης Παπακωνσταντίνου“. In.gr. 2010-01-17. Посетено на 2010-01-22.