Ѓерѓ Лукач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ѓерѓ Лукач
'
Lukács György.jpg
Ѓерѓ Лукач
Изворно име '
Роден(а) 13 April 1885
Будимпешта, Австроунгарија
Починал(а) 4 јуни 1971(1971-06-04) (воз. 86 г.)
Будимпешта, Унгарија
Период Философија на XX век
Подрачје Западна философија
Школа марксизам
Претежна дејност
политичка философија, социјална теорија, политика, теорија на книжевноста, естетика
Значајни идеи
осуштествување, класна свест

Ѓерѓ Лукач (унгарски: György Lukács; 13 април 1885 - 4 јуни 1971) — унгарски марксистички филозоф и книжевен критичар. Тој бил една од клучните фигури на т.н. западниот марксизам и основач на будимпештанската школа на марксизмот. Лукач исто така се смета за еден од најкрупните претставници на марксистичката литературна наука.[1]

Лукач создал систем на марксистичка естетика, којашто ја демантирала неопходноста на политическата контрола за уметничкото самоизразување и ги негирала хуманистичките принципи.[2] Тој продолжил да ја развива марксистичката теорија за оттуѓување на поединецот во индустриското општество.[2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Лукач се родил во балгородничко еврејско семејство. Татко му, банкарот Јожеф Левингер (József Löwinger, од 1891 година — Szegedi Lukács József, од 1901 година (се стекнал со наследно дворјанство) — József von Lukács, 1855—1928), бил родум од Сегед , был родом из Сегеда; мајка му, Адел Вертхајмер (Wertheimer Adél, 1860—1917), била родена во Виена. Разговорен јазик во семејството бил германскиот, додека мајката Адел воопшто и не зборувала унгарски.[3][4]. Во 1907 година, семејството го прифатило лутеранството.[5]

Лукач во текот на своето образование ги посетувал социјалистичките кругови и се запознал со социјалистичките идеи. Во прво време неговите идеи не биле на линија на марксизмот, но по избувнувањето на Руската револуција од 1917, тој станал марксист и во 1918 се зачленил во Комунистичката партија на Унгарија.

Во 1919 активно учествувал во Унгарската советска република како комесар за образование и култура. По задушувањето на револуцијата во Унгарија, Лукач побегнал во Виена. Таму, тој пишувал есеи кои во 1923 ги издал во книга насловена „Историјата и класната свест“.

Од 1929 до 1933 живеел во Берлин, но по доаѓањето на власт на нацистите пребегал во СССР, каде што останал до крајот на Втората светска војна. По завршувањето на војната, се вратил во Унгарија и учествувал во формирањето на новата влада под водство на комунистите.

Во текот на Унгарската револуција од 1956 станал министер за култура во владата на Имре Наѓ, која му се спротивставила на СССР. По задушувањето на револуцијата, бил протеран во Романија, но за разлика од Наѓ ја преживеал чистката. Во Будимпешта се вратил една година подоцна, откако јавно се откажал од своите ставови од 1956 година. До крајот на животот, Лукач повеќе не ѝ се спротивстави на комунистичката ортодоксија.

Будимпештанска школа[уреди | уреди извор]

Иако кон крајот на својот живот Лукач имал многу ученици, понекогаш познати под општиот поим „будимпештанска школа“ (Агнеш Хелер, Ѓерѓ Маркуш, Ференц Фехер, Михай Варга), кои ги продолжиле филозофските истражувања на својот учител во доменот на марксизмот, сите претставници на будимпештанската школа по смртта на Лукач се откажале не само од него, туку и воопшто од марксистичката идеја. Мнозинството од нив, како последица на намалите изгледи да предаваат во Унгарија се преселиле во Австрија, каде што крајно го издигнале социјалниот либерализам. Агнеш Хелер која дури повеќе од другите ја заштитувала левичарската идеја, подоцна се пренасочила кон неолиберализам и неоконзерватизам.[6] Иштван Месарош и Миклош Крашшо, кои по Унгарската револуција од 1956 година пребегале во Велика Британија, се меѓу ретките ученици на Лукач кои останале леворадикални марксисти.

Основни дела[уреди | уреди извор]

  • Душа и форми (1910);
  • Историја на развојот на современата драма (1912);
  • Теорија на романот (1920);
  • Историјата и класната свест (1923) — во ова дело тој за првпат во план ја истакнал тезата за целокупноста на первый план тезис о целостности, при што настојувал дека решавачката разлика меѓу марксизмот и буржоаската мисла не треба да се бара во тоа што главната улога при објаснувањето на истористкиот процес им се придава на економските мотиви, туку дека најважна е категоријата на целокупноста;
  • Ленин: скица на заемната врска на неговите идеи (1924);
  • Литературни теории на XIX век и марксизам (1937);
  • Кон историјата на реализмот (1939);
  • Историски роман;
  • Гете и неговата епоха;
  • Младиот Хегел;
  • Уривање на разумот (1954);
  • Спецификата на естетското (1963).

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. С. Стикалин. Дьердь Лукач-мыслитель и политик. М., 2001. С. 16.
  2. 2,0 2,1 Gyorgy Lukacs, Британика.
  3. Judith Marcus и Zoltán Tarr. Предисловие к «Georg Lukács: theory, culture, and politics», стр. 123
  4. The «Lukács Effect» in Twentieth-Century Hungarian Literature and Film: Вертхајмеровци биле едно од најблагородните еврејски семејства во Австро-Унгарија.
  5. Georg Lukács sobre la cuestión judía
  6. Tormey, Simon (1998) From "Rational Utopia" to "Will-to-Utopia". On the "Post-modern" Turn in the Recent Work of Agnes Heller. Daimon, 17. Pp. 133-149.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: