Унгарска револуција (1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Унгарска револуција од 1956
Дел од Студена војна
Hole in flag - Budapest 1956.jpg
Знаме на Унгарија со отесечен комунистички грб. Знамето со дупка станало симбол на револуцијата.
Датум 23 октомври – 10 ноември 1956
Место Унгарија
Исход советска победа, револуцијата била задушена
Завојувани страни
 СССР

Flag of Hungary (1949-1956).svg Унгарија

Унгарски револуционери
Команданти и водачи
СССР Никита Хрушчов
СССР Иван Конев
Flag of Hungary (1949-1956).svg Ерно Геро
Имре Наѓ убиен
Пал Малетер убиен
Сила
31.550 трупи
1.130 тенкови[1]
непознат број на лојални членови од унгарската влада
непознат број на војници, вооружени групи и вооружени цивили
Жртви и загуби
Советски жртви:
722 убиени или исчезнати
1.540 повредени[2]
2.500–3.000 убиени (проценка)
13.000 повредени (проценка)[3]
3.000 убиени цивили[4]

Унгарска револуција од 1956 или Унгарско востание од 1956 (унгарски: 1956-os forradalom или 1956-os felkelés) — народен револт против унгарската влада и нејзините политики наметнати од СССР, кој траел од 23 октомври до 10 ноември 1956 година. Иако револтот започнал без предводник, тој прераснал во првата голема закана кон советската контрола откако силите на СССР ги потиснале силите на Нацистичка Германија од територијата на Унгарија на крајот од Втората светска војна и навлегле во Средна и Источна Европа.

Револтот започнал како студентски демонстрации што привлекле илјадници лица кои марширале низ центарот на Будимпешта до зградата на парламентот, разгласувајќи на улиците од комбе со помош на звучници преку Радио Слободна Европа. Студентска делегација се обидела да влезе во зградата на унгарското радио со намера јавно да ги објават студентските барања, но била задржана. Кога било побарано ослободување на студентската делегација од страна на лицата кои однадвор демонстрирале, Државната безбедносна полиција отворила оган од внатрешноста на градбата. Еден студент починал, бил завиткан во знаме и држен над толпата. Со овој настан започнала револуцијата. Со раширувањето на вестите, неред и немири започнале низ целиот град.

Револтот набргу се проширил низ цела Унгарија и владата се распаднала. Илјадници лица воено се организирале и започнале да се борат против Државната безбедносна полиција и советските трупи. Просоветските комунисти и членовите на Државната управа за безбедност биле убивани или затворани, а поранешните затвореници ослободувани и вооружувани. Радикалните импровизирани работнички совети се избориле за локална контрола од владејачката Унгарска работничка народна партија и побарале политички промени. Новата влада формално ја распуштила Државната управа за безбедност, ја објавила својата намера за повлекување од Варшавскиот пакт и се залагала за возобновување на слободните избори. На крајот на октомври, борбите речиси сопреле и состојбата започнала повторно да се нормализира.

По објавувањето на готовноста за преговори во врска со повлекувањето на советските сили, Политбирото ја променило одлуката и решило да ја задуши револуцијата. На 4 ноември, советските сили навлегле во Будимпешта и другите подрачја на земјата. Отпорот продолжил до 10 ноември. Повеќе од 2.500 унгарски и 700 советски трупи биле убиени во конфликтот, а 200.000 Унгарци ја напуштиле земјата. Следните неколку месеци биле исполнети со масовни апсења и јавни оптужби. До јануари 1957, новоназначената влада од страна на СССР ја задушила севкупната опозиција во јавноста. Овие советски активности, иако ја зајакнале контролата над Источниот блок, предизвикале поделба меѓу марксистите во западните земји и придонеле кон значајно намалување на членството во комунистичките партии во овие земји.

Јавна дискусија за револуцијата била забранета во Унгарија повеќе од 30 години. По омекнувањето на политикте во текот на 1980-тите, револуцијата била предмет на интензивно проучување и дебата. При создавањето на Третата унгарска република во 1989, 23 октомври бил прогласен за национален празник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Изворите значително се разликуваат во врска со бројките за советските сили вклучен во интервенцијата. Посебниот комитет за проблемот во Унгарија на Обединетите Нации (1957) проценил од 75.000–200.000 трупи и 1.600-4.000 тенкови (OSZK.hu, p. 56, para. 183), но недомана отворените советски архиви (достапни на Lib.ru Lib.ru) укажуваат дека советските сили броеле 31.550 трупи со 1.130 тенкови и самоходна артилерија
  2. Györkei, Jenõ; Kirov, Alexandr; Horvath, Miklos (1999). Soviet Military Intervention in Hungary, 1956. New York: Central European University Press. стр. 370 table 111. ISBN 963-9116-35-1. 
  3. UN General Assembly Special Committee on the Problem of Hungary (1957) Chapter V footnote 8 PDF (1.47 MB)
  4. "B&J": Jacob Bercovitch and Richard Jackson, International Conflict : A Chronological Encyclopedia of Conflicts and Their Management 1945–1995 (1997)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Arendt, Hannah (1951). Origins of Totalitarianism. New York: Harcourt. стр. 480–510. ISBN 0-15-670153-7. 
  • Bekes, Csaba; Byrne, Malcolm; Rainer, Janos (Editor), уред-ци (2003). The 1956 Hungarian Revolution: A History in Documents (National Security Archive Cold War Readers). Central European University Press. стр. 600 pages. ISBN 963-9241-66-0. 
  • Bibó, István (1991). Democracy, Revolution, Self-Determination. New York: Columbia University Press. стр. 331–354. ISBN 0-88033-214-X. 
  • Gadney, Reg (October 1986). Cry Hungary: Uprising 1956. Macmillan Pub Co. стр. 169 pages. ISBN 0-689-11838-4. 
  • Gati, Charles (2006). Failed Illusions: Moscow, Washington, Budapest, and the 1956 Hungarian Revolt (Cold War International History Project Series). Stanford University Press. стр. 264 pages. ISBN 0-8047-5606-6. 
  • Granville, Johanna (2004). The First Domino: International Decision Making during the Hungarian Crisis of 1956. Texas A&M University Press. стр. 323 pages. ISBN 1-58544-298-4. 
  • Granville, Johanna (1999) In the Line of Fire: New Archival Evidence on the Soviet Intervention in Hungary, 1956, Carl Beck Paper, no. 1307 (1999). отворен пристап — бесплатно за читање
  • Györkei, Jenõ; Kirov, Alexandr; Horvath, Miklos (1999). Soviet Military Intervention in Hungary, 1956. New York: Central European University Press. стр. 350. ISBN 963-9116-36-X. 
  • Kertesz, Stephen D. (1953). Diplomacy in a Whirlpool: Hungary between Nazi Germany and Soviet Russia. University of Notre Dame Press, Notre Dame, Indiana. ISBN 0-8371-7540-2. http://www.hungarian-history.hu/lib/dipl/dipl00.htm. 
  • Korda, Michael. Journey to a Revolution: A Personal Memoir and History of the Hungarian Revolution of 1956. Harper Perrenial (2006). ISBN 978-0-06-077262-8
  • Michener, James A. (1985). The Bridge at Andau (reissue издание). New York: Fawcett. ISBN 0-449-21050-2. 
  • Morris, William E. (August 2001). Lettis, Richard. уред. The Hungarian Revolt: 23 October–4 November 1956 (Reprint издание). Simon Publications. ISBN 1-931313-79-2. 
  • Napolitano, Giorgio (2005) (на Italian). Dal Pci al socialismo europeo. Un'autobiografia politica (From the Communist Party to European Socialism. A political autobiography). Laterza. ISBN 88-420-7715-1. 
  • Péter, László (2008). Resistance, Rebellion and Revolution in Hungary and Central Europe: Commemorating 1956. London: UCL SSEES. стр. 361. ISBN 978-0-903425-79-7. 
  • Schmidl, Erwin A. & Ritter, László. (2006) The Hungarian Revolution, 1956; Osprey Elite series #148. ISBN 1-84603-079-X ISBN 978-1-84603-079-6
  • Sebestyen, Victor (2006). Twelve Days: The Story of the 1956 Hungarian Revolution. New York: Pantheon. стр. 340 pages. ISBN 0-375-42458-X. 
  • Sugar, Peter F. (1994). Hanak, Peter, Frank, Tibor. уред. A History of Hungary: From Liberation to Revolution (pp. 368–83). Bloomington: Indiana University Press. стр. 448 pages. ISBN 0-253-20867-X. 
  • United Nations: Report of the Special Committee on the Problem of Hungary, General Assembly, Official Records, Eleventh Session, Supplement No. 18 (A/3592), New York, 1957 (268 pages) PDF (1.47 MB)
  • Ürményházi, Attila J.(2006) "The Hungarian Revolution-Uprising, Budapest 1956", National Library of Australia ISBN 0-646-45885-X, Record Id: 40312920
  • Zinner, Paul E. (1962). Revolution in Hungary. Books for Libraries Press. стр. 380 pages. ISBN 0-8369-6817-4. 
  • Lendvai, Paul (2008). One Day That Shook the Communist World: The 1956 Hungarian Uprising and Its Legacy. Princeton UP. стр. 254. ISBN 978-0-691-13282-2. 
  • Litván, György (1996). The Hungarian Revolution of 1956: Reform, Revolt and Repression, 1953–1963. Longman. стр. 221. ISBN 0-582-21505-6. 
  • Cox, Terry. Hungary 1956—forty Years on. London: F. Cass, 1997. Print.
  • Matthews, John P. C. Explosion: The Hungarian Revolution of 1956. New York, NY: Hippocrene, 2007. Print.
  • Watry, David M. Diplomacy at the Brink: Eisenhower, Churchill, and Eden in the Cold War. Baton Rouge: Louisiana State University Press, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Историски збирки
Други академски извори
Документарни филмови
  • Freedom's Fury The 2005 documentary film depicting events surrounding the Hungarian-Soviet confrontation in the Olympic water polo tournament, now known as the "blood in the water match". Narrated by Mark Spitz, produced by Lucy Liu and Quentin Tarantino.
  • Torn from the flag Documentary film 2007. The significant global effects of the Hungarian revolution of 1956.
Одбележувања
  • The 1956 Portal A resource for Hungarian-American organizations to highlight and promote their 1956 Hungarian Revolution commemoration activities, including 1956 photos, videos, resources, and events across the US.
  • Freedom Fighter 56 Personal stories of survival and escape from participants in the revolution
  • 1956 Hungarian Memorial Oral History Project Multicultural Canada oral history collection of revolution refugees in Canada