КГБ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амблем на КГБ

КГБ (руски: КГП, Комитет государственной безопасности) е кратенка за Комитетот за државна безбедност на Русија . Кгб во периодот од 1954 до 1991 година беше агенција за државна безбедност на Советскиот Сојуз и истовремено највисока организација за внатрешна безбедност, разузнавање и тајна полиција. Денешната Агенција за државна безбедност на Република Белорусија го употребува името КГБ. Поголемиот дел од архивите на КГБ се доверливи , но 2 извори на документи се достапни на интернет.

Начин на работа[уреди | уреди извор]

Во статија на списанието Тајм од 1983 година беше наведено дека КГБ била најуспешна организација за разузнавање во светот. КГБ работела на тој начин што легално и нелегално испраќала агенти во државите кои биле цели на разузнавање. Агентите кои во тие држави престојувале легално шпионирале од амбасадата на Русија во таа држава и ако ги фателе биле заштитени со дипломатски имунитет. Во најдобар случај, агентот кој е откриен би бил протеран од државата или пратен назад во Советскиот Сојуз. Агентите со нелегален престој немале дипломатски имунитет и работеле независно од советските дипломатски и трговски мисии. Во почетокот КГБ повеЌе ги ценела агентите кои биле испратени нелегално , бидејќи полесно доаѓале до своите цели. Седиштето на КГБ спроведувало 4 видови шпионажа: политичка , економска , воено-стратегиска и разузнавачка (запирање на дезинформациите) , притоа користејки активни мерки како контраразузнавање , разузнавање со помош на технологија и вообичаени должности кои некогаш подразбирале и нелегални активности. На почетокот ,советите со помош на идеалистички и интелектуални ветувања за борба против фашизмот и антинацистичка патриотска борба успеале да придобијат голем број претставници од западот , но руско-германскиот пакт (1939 година) , задушениот бунт во Унгарија (1956 година) воглавно беа виновниците за крајот на регрутирањето. До 60-тите и 70-тите години инвазиите на Црвената армија и слабото, корумпирано и лошо водство на Леонид Брежнев направија младите радикални припадници да се одтргнат од Советската Социјалистичка партија, па КГБ уценуваше и подмитуваше претставници од западот да шпионираат за Советскиот Сојуз. КГБ ги делеше своите шпиони на агенти (разузнавачи) и контролори (пренесувачи на информациите). Приказната за измислениот идентитет на руските агенти говори дека тие го земале идентитетот на починати луѓе или измислувале потполно нов идентитет . Агенот го потврдувал својот нов идентитет со исказот дека живеел во друга земја пред да се пресели во државата-цел. Вештината во работата се состоела во крадење и фотографирање документи , шифри, контакти , имиња на цели , пошта , инфилтрирање во целта и сеење раздор како и извршување на атентати и киднапирања.

Историја[уреди | уреди извор]

ЧК (Специјална Комисија) беше формирана со цел да ги штити Октомвриската револуција и новосоздадената Болшевичка држава од непријателот - Белата армија. За да го обезбеди опстанокот на Болшевичкиот режим, ЧК изврши контрареволуција со вршење терор и меѓународни измами. Бројот на странските разузнавачки операции го поттикна Ленин да нареди создавање на странски разузнавачки оддел - претходникот на Генералниот Директорат. Во 1922 година режимот на Ленин го преименува ЧК во Државен Политички Директорат. Државниот политички директорат успеа да ја прошири шпионажата во и надвор од државата, а на Сталин му додели личен телохранител. Каприците од паранојата на Сталин негативно се одразија врз работата на Државниот Политички директорат во 30-те години. Сталин побара да му бидат доставувани резултатите од разузнавачките информации со цел да го смири стравот од каков било заговор против него. Поновата историја на КГБ кулминира со Големата чистка ( 1936-1938 година) со убивањето на голем број цивили , воени лица и луЃе од владата кои ги сметале за недоверливи. МеЃу убиените се шефот на НКВД- тајната полицијаа на Советскиот Сојуз - Герник Јагода, Николај Ежов, а подоцна и Лаврентиј Берија. Иронично е тоа Што Ежов го обвинил Јагода за извршениот голем терор од 1937 и 1938 година, познат под името Ежовштина, односно немилосрдна ,,ера на Ежов,,. Во 1941 година , под раководство на Лаврентиј Берија Државниот Политички Директорат беше преименуван во Народен Секретаријат за државна безбедност. Сепак , Народниот Секретаријат за државна безбедност продолжи да се занимава со задоволување на каприците на Сталин во врска со неговиот страв од заговор , додека истовремено го постигна својот најголем успех на западот. Подоцна ,министерот за надворешни работи Вјачеслав Молотов направи централизација на агенциите за разузнавање преименувајки го Народниот Секретаријат за државна безбедност во КИ (Комитет за информации) во чиј состав влегоа Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање. Всушност самото поставување на пратеник за прв човек на Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање значеше дека власта ги презема разузнавачките операции под свое влијание. Комитетот за информации престана да постои кога Молотов панда во немилост на Сталин. Иако формално престана да постои , Комитетот за информации претставуваше важна потпора за советските агенти кои успеаа да се инфилтрираат во своите разузнавачки цели. Сакајќи да го наследи Сталин по неговата смрт во 1953 година, министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија ги соединил Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна безбедност. Предвидувајки државен удар ,Президиумот на Советската влада по брза постапка го елиминирала Лаврентиј Берија обвинувајки го за извршување на криминални дела против партијата и државата. По тој настан Министерството за државна безбедност било преименувано во КГБ и станало независно од Министерството за внатрешни работи. Свесен за амбициите на шефот на агенцијата за разузнавање, генералниот секретар на Советската Комунистичка партија - Леонид Брежнев лесно успеал да се справи со Александар шелепин -човекот кој го помогнал државниот удар против ХруШчов во 1964 година. После изборите Штитеникот на шелепин - Владимир Семичастниј бил симнат од позицијата шеф на КГБ , а самиот Шелепин бил разрешен од функцијата шеф на Комитетот на партијата и поставен на чело на трговскиот синдикат. Во 80-те години движењето за слобода наречено ,, Гласност,, било причина првиот човек на КГБ - Владимир Хрушчов да изведе обид за државен удар против владата на Горбачов. Сепак , непопуларноста на КГБ меѓу народот била една од главните причини за падот на популарноста на режимот на Советската Комунистичка партија. КГБ официјално престана да постои по неуспеШниот државен удар изведен на 6 Ноември 1991 година. Наследници на КГБ се Тајната полиција за државна безбедност на Руската федерација и Службата за надворешно разузнавање.

КГБ за времето на Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Во овој период Генералниот Директорат за воено разузнавање успеал да ги придобие агентите Јулиан Вадлеиг и Алгер Хисс кои во 1936 година станале пратеници во Стејт департментот. Првата операција на рускиот Народен Комесаријат за внатрешни работи во САД се состоела во легализирање на престојот на Борис Базаров и Исак Ахмеров. За тоа време Комунистичката партија во САД и нејзиниот генерален секретар Ерл Броудер му помогнале на Народниот Комесаријат за внатрешни работи на Русија во придобивање на луѓе кои работеле во владата и индустријата. Други агенти кои соработувале со Комесаријатот за внатрешни работи биле : пратениците Лауренце Дугган и Мицхаел Витни, статистичарот Хари Декстер Вајт од министерството за финансии и економистот Лауцхлин Цуррие. Згора на тоа кога Њхиттакер Цхамберс се обидел да ги открие шпионите , бил игнориран од владата на Рузвелт. Оттука произлегува причината поради која Јосиф Сталин бил подобро информиран во врска со случувањата во Втората светска војна од неговите американски и британски сојузници. Советското разузнавање имало најголем успех во собирањето научни и технолошки разузнавачки информации поврзани со млазниот погон , радарите и дешифрирањето, но кулминација на успехот на Државниот Комесаријат за државна безбедност на Русија била постигната со кражбата на тајните за атомското оружје на Америка и Британија. Вреди да се спомене дека физичарот во британскиот проект Менхетен - Клаус Фухс бил главниот Шпион на Розенберг. Во 1944 година владата ја формирала државната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико откако на своја страна го придобила Теодор Хол - 19 годиШен студент по физика на Харвард.

КГБ за време на Студената војна[уреди | уреди извор]

КГБ не успеала по вторпат да се поврзе со контакти од САД. Последиците од второто анти-комунистичко движење во САД , бројните обвинувања за нелојалност и престанокот со работа на Комунистичката партија на Америка ги отежнувале обидите за придобивање на нови агенти. Последниот агент од поголема важност кој престојувал нелегално бил Рудолф Абел , кој бил предаден од страна на својот помоШник во 1957 година. Подоцна биле регрутирани и платеници , што се покажало како особено успешно во разузнавањето за научни и технички цели , бидејќи приватниот сектор обрнувал помалку внимание на внатрешната безбедност за разлика од владата на САД. Кон крајот на 1967 година од особена важност претставувало приклучувањето на главниот офицер на американската морнарица - Џон Ентони Вокер кон КГБ, бидејќи му овозможил на Советското разузнаваштво дешифрирање на околу еден милион пораки и следење на воената морнарица на САД. Кон крајот на Студената војна среЌата и се насмевнала на КГБ со придобивањето на важни луѓе како што биле платениците Роберт Хенсен од ФБИ и Олдрич Ејмс - офицер во Советскиот оддел во ЦИА.

КГБ во Советскиот блок[уреди | уреди извор]

За време на Студената војна основна задача на КГБ и службите со кои соработувала било постојано да внимава на јавното и приватното мислење на народот, опасноста од државен удар и можноста од револуционерни планови во Советскиот блок. Поддржувајки ги комунистичките влади , КГБ имала клучна улога во задушувањето на револуцијата во Унгарија во 1956 година и ,, Прашката пролет,, во Чехословачка во 1968 година. За време на револуцијата во Унгарија првиот човек на КГБ Иван Серов лично го надгледувал нормализирањето на државата по упадот во неа. Како последица на тоа , КГБ сателитски ја набљудувала државата страхувајки од можна опасност од штетни активности. Сепак, најголем успех постигнала со задушувањето на ,,Прашката пролет,, и соборувањето на националистичката комунистичка влада. КГБ го подготвувала навлегувањето на Црвената армија во Чехословачка со инфилтрирање голем број илегални агенти кои биле преправени како туристи од западот. Агентите требале да ја придобијат довербата на најистакнатите следбеници на новата влада на Александар Дубчек и потоа да изведуваат шпионски активности за КГБ. Агентите требале да подметнат докази со кои би се оправдала окупацијата на Чехословачка од страна на Советскиот Сојуз, откако Чехословачката влада Ќе биде соборена од страна на партите од десното крило кои биле помогнати од западните агенции за разузнавање. На крајот, КГБ ги подготвила членовите на Комунистичката партија на Чехословачка Алојз Индра и Васил Билак да ја преземат власта во Чехословачка по упадот на Црвената армија. КГБ не можела да не ја забележи храброста на водачите на ,, Прашката пролет,,. шпионот Олег Гордиевски изјавил дека тоа бил еден страшен настан кој засекогаш го променил неговиот живот. Успехот на КГБ во Чешка во 1960-те години бил поврзан со неуспешното задушување на Солидаристичкото движење на трудот во Полска во 1980-те години. КГБ успеала да ја предвиди политичката нестабилност во Полска која се должела на избирањето на архиепископот Карол Војтила за прв папа од Полска - Јован Павле II кого тие го карактеризирале како опасност поради неговите беседи против комунизмот и режимот на полската Работничка партија. И покрај успешното предвидување од страна на КГБ , полската Работничка партија го спречила задуШувањето на Солидаристичкото движење на трудот , плашејки се од голем народен бунт. Помогната од страна на полската разузнавачка служба , КГБ успешно инфилтрирала агенти во Солидаристичкото движење и католичката црква и со помоШ на полската Комунистичка партија и генералот Војтек Јарузелски прогласиле воена состојба во државата. Сепак, колебливиот и благ став на Полска бил виновен за падот во делотворноста на КГБ, а токму тој став бил причината Солидаристичкото движење да предизвика слабеење на моЌта на полската Комунистичка влада во 1989 година.

Спречување на државен удар[уреди | уреди извор]

За време на студената војна, КГБ активно ги спречувала обидите за државен удар и другите заложби на нејзините противници. Во 1967, сето тоа било нагласено со доаЃањето новиот претседател на КГБ Јури Андропов, кој рекол дека неслогата и анти комунистичките религиозни движења претставуваат закана за Советската држава. Поголемиот број од уапсените противници биле испратени на неопределено време во кампови за принудна работа каде на нивните идеали им била одземена силата која ја имале во јавноста. Освен тоа, во архивите на Универзитетот Јејл постојат записи кои потврдуваат дека спречувањето на државен удар била главната преокупација на Јури Андропов и на Витали Фредрочук додека тие биле на чело на КГБ. По обвинувањето на Сталинизмот во својот таен говор ,,За неговиот личен култ и последиците од него,,, Никита Хрушчов го сменил ставот во врска со важноста од спречување на државен удар. Како резултат на тоа повторно се појавила литература која го критикувала Хрушчов, особено романот ,,Еден ден од животот на Иван Денисович,, (1962 година) од Александар Солченицин. Сепак, по отстранувањето на Хрушчов во 1964 година, Леонид Брежнев ја ставил државата заедно со КГБ под силен притисок притоа вршејки рутински инспекции по куќи сакајќи да заплени документи на противникот. Во 1965 година, при еден ваков претрес во домот на Солченицин (под шифра ,,пајак”) се пронајдени рекописите со ,,клеветнички измислици” . Писателите Андреј Синиавски и Јули Даниел , биле уапсени откога еден агент ја информирал КГБ каде може да ги најде. По задушувањето на бунтот во Прага, Шефот на КГБ - Андропов го формирал петтиот директорат со цел да спречи каков било државен удар и да ги елиминита противниците. Тој бил особено загрижен од Александар Солченицин и Андреј Сакаров бидејќи ги сметал за државни непријатели. Андропов не успеал да го протера Солченицин во 1974 година , но во 1980 успеал да го протера Сакаров во Нижни новоград. КГБ не успеала да го спречи Сакаров во 1975 година да ја земе Нобеловата награда за мир, но во тоа успеала да го спречи Јуриј Орлов. И двете операции лично ги надгледувал шефот на КГБ -Андропов. Инфилтрирањето на агентите на КГБ во редовите на противниците се одвивало на тој начин што агентите на КГБ се однесувале со почит и симпатии кон организацијата во која се вметнувале со цел да стекнат доверба. Тие ги испитувале своите истакнати непријатели со помош на темелни испрашувања , но имало и случаи кога агенти на КГБ се преправале во цимери од затворските соби на противниците, со цел да извлечат информации од нив. Во случај затворениците да признаат политиката на Михаил Горбачов им овозможувала смалување на казната. Тој во 1970 години успеал да реализира дел од промените во политиката кои ги барало неговото движење ,, Гласност,,.

Значајни активности[уреди | уреди извор]

-Во акцијата ,,Доверба,, Државниот политички директорат успеал да намами одредени водачи на десницата и истовремено поддржувачки на ,, Белото движење,, да дојдат во Советскиот Сојуз, сакајќи да се ослободи од нив. -Државниот комесаријат за внатрешни работи се инфилтрирал во групите на Тротски и ги уништил истите, а Шпанскиот агент Рамон Меркадер извршил атентат врз Леон Тротски во Мексико Сити. -КГБ започнала со преземање активни мерки како давање погрешни информации на непријателските држави -КГБ исто така имала подготвено оружје и разработено планови за саботажа во случај на војна. Во 1960-те години според информациите на шпионот во КГБ Анатолиј Голитсин биле поставени кртови на 2 позиции ( одделот за контра-разузнавање во ЦИА и ФБИ) со чија помош би се откриле и избегнале обидите за апсење на агентите на КГБ. Покрај тоа, КГБ по изврШената проверка на своите странски разузнавачки извори заклучила дека може да им верува на своите кртови во ЦИА. Ако погледнеме кон минатото Ќе забележиме дека Шефот на ЦИА - Енглтон залудно го изгубил работното место во ЦИА , бидејќи го сметале за параноичен во врска со предавниците во своите редови. Тоа било докажано со апсењето на Олдрич Ејмс и Роберт Хенсен. Во некои случаи КГБ самостојно или со помош на тајните служби со кои соработувала, извршувала атентати врз непријателите на Советскиот Сојуз ( авионската несреќа и загинувањето на Даг Хамарскјелд , труењето на бугарскиот шпион Георги Марков во 1978 година, атентатот на Борис Корцак и наводниот атентат на папата Јован Павле II во 1981 година.

Офицерот со највисок ранг во комунистичкото разузнаваштво кој дезертирал - генералот Михаил Пацепа изјавил дека претседателот на Комунистичката партија на Романија - Никола Чаушеску му ги доверил имињата на луЃето кои официјален Кремљ ги има убиено или има план да ги убие. Помеѓу нив се наоѓале и Лазло Рајк и Имре Наѓ од Унгарија, и и Георгију Деж од Романија; Рудолф Слански, претседателот на Чехословачка,и шефот на дипломатијата Јан Масарик; иранскиот шах Мохамед Реза Пахлеви, Палмиро Тољати од Италија, Претседателот на САД, Џон Кенеди и Мао Це Тунг од Кина. Исто така тој изјавил дека според вработените во Московското разузнавање преку сателит КГБ било вмешано во атентатот на претседателот Кенеди. Кон средината на 1970-те години КГБ тајно се обидела да купи 3 банки во Северна Калифорнија за да дојде до тајни во врска со високата технологија. Сепак, нејзините обиди биле спречени од страна на ЦИА. Се работело за националната банка Пенинсула во Брлингејм, прватанационална банка во Фресно и Националната банка Тахо во Солт лејк Тахо. Голем број на директори на компании за напредни технологии биле клиенти на овие банки и од нив имале земено големи суми на заем. За таа цел, КГБ користела средства од народната банка на Москва , а како купувач и посредник во процесот стоело името на стопанственикот Амос Дејви.

Структура на КГБ

Високи претставници

Претседател на КГБ, заменик-претседател и втор заменик-претседател на КГБ . Според својата политика Колегиумот се состоел од претседател , заменик-претседател, шефовите на директоратите и шефови на републичките директорати на КГБ.

Директорати[уреди | уреди извор]

-Прв директорат (надворешни работи) -надворешна шпионажа -Втор директорат -контра-разузнавање и внатрешна политичка контрола -Трет директорат( вооружени сили)- воено разузнавање и политичко набљудување на воените сили -Четвртиот директорат се занимавал со безбедноста на транспортот за Советскиот Сојуз -Петтиот директорат се занимавал со цензура на уметничките , политичките и религиозните опасности , а подоцна ( во 1989 година) бил наменет да го штити уставот. -шестиот директорат се занимавал со економско разузнавање и безбедност на индустријата -Седмиот директорат се занимавал со набљудување на националистите и странците. -Осмиот директорат се занимавал со следење и управување на комуникацијата по воден пат. -Деветтиот директорат бил задолжен за обезбедување на високите претставници на КГБ и Советскиот Сојуз. -15 Директорат бил задолжен за обезбедување на владата и нејзините институции -16 Директорат ( следење на комуникациите и управување на телеграфскиот и телефонскиот систем на владата) -Директоратот за гранична безбедност -Директорат за активности и технологија.