Јордан Николов (револуционер)
Изглед
| Јордан Николов | ||
| Роден | 1884
Варош, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 4 јуни 1917
Прилеп, Царство Бугарија | |
Јордан Николов Попиванов — македонски просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Николов е роден во 1884 година во селото Варош, денес населба во Прилеп. Учителствувал во Прилеп, Солун, Сер и на други места. Како учител во Прилеп, во 1907 година, тој бил секретар на околискиот комитет на ВМОРО. Од 1901 до 1902 и од 1907 до 1911 година, тој бил учител во рамките на Солунските гимназии - машката, трговската и женската. Во 1910-1911 година, тој бил директор на женската гимназија „Свето Благовештение“.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Миладинова, Царевна. Епоха, земя и хора.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 134.