Славе Мерџанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слави Мерџанов
Роден 16 јули 1876
Карнобат, Бугарија
Починал 27 ноември 1901
Одрин, Турција

Светослав Чанев Мерџанов (познат и како Слави Мерџанов) — Македонски анархист[1][2] и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот таен револуционерен комитет и еден од анархистичките инспиратори на Гемиџиите, а се вклучува и во редовите на Македонската револуционерна организација.

Женевска група[уреди | уреди извор]

Во 1897 година заминува за Женева да учи право и влегува во анархистичката Женевска група. Женевската група во 1898 година стапнува во контакт со луѓе на Внатрешната организација и Врховниот комитет.

Следната година Мерџанов, Петар Соколов и Петар Манџуков заминуваат со четата на Гоце Делчев, а после во Софија попаднаа конечно под влијанието на Сарафов, кој ги финансира.

Веднаш по снабдувањето со пари, кружокот испраќа неколку свои членови во Македонија. За таа цел Слави Мерџанов и Петар Манџуков се вовлекуваат во Македонија со туѓи имиња. Манџуков заминува за Скопје, а Мерџанов за Солун.

Гемиџии[уреди | уреди извор]

Инспиратор[уреди | уреди извор]

Петар Соколов и Светослав Мерџанов

Тука тој наидува на истомисленици, имено наколку ученици, главно велешани, познати потоа како Гемиџиите. Тримесечното другарување со Мерџанов во Солун е доволно за велашката група да ја добие својата идејна форма.

Кон крајот на 1899 година групата на Мерџанов замислува неколку планови: убиство на султанот и атентати на „Отоманската банка“ и Тутунската компанија во Цариград.

Мерџанов го повикува во Софија Јордан Поп Јорданов - Орцето, го посветува во планот и го осигурува учеството на гемиџиите. Тука Мерџанов и гемиџиите замислуваат план за прокопување на канал и под солунските темели на „Отоманската банка“.

Во Цариград[уреди | уреди извор]

Печатот на МТРК

Мерџанов, Соколов и Манџуков, со претходно тајно одобрените парични средства од Борис Сарафов, заминуваат за Цариград. Мерџановци, одржувајќи врски со ерменскиот револуционер Козаков, започнуваат со проучување на Цариград.

Откако се убедиле дека нема да може да му се приближат до царската приколка и да го убијат султанот со бомби, тие се зафаќаат со банката.

Ветеното количество на динамит од Сарафов пристигнува навреме во Цариград, но при неговото пренесување во градот било откриено од полицијата. Меѓутоа во рацете на полицијата попаѓа само ерменецот Козаков, кој како руски државјанин предаден на Русите и испратен во Сибир.

На 14 септември во Цариград, издадени од еден шпион, се апсени Мерџанов, Соколов, Манџуков и Павел Шатев. Мерџанов е измачуван за едно шифрирано писмо од Христо Матов, најдено зад кожата на грбот на еден речник, но маките ги пребродува.

По застапувањето на бугарската влада, турската полиција ги ослободува Соколов Мерџанов и Манџуков со препратување во Бугарија, а Шатев го интернира во неговиот роден град Кратово.

План за грабнување на персискиот шах[уреди | уреди извор]

Во 1901 година со свои другари Бугари и Ерменци прави обид да го киднапираат персискиот шах, кој што е неуспешен. Потоа е уапсен и обесен во Одрин.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Todorovski, G. (1990). Makedonskata kniževnost vo XX vek. Naša kniga. с.63
  2. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава: Од насељуването на Словените во Македонија до крајот на Првата светска војна. (1981). Univerzitet "Kiril i Metodij", Fakultet za filozofsko-istoriski nauki. с. 343
  3. Енциклопедия България, том 4, Издателство на БАН, София, 1984, стр. 193.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 102.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]