Александар Климов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Klimov.jpg
Роден 1881
Ложани, Струшко, Македонија
Починал 1967
Брезница, Кресненско, Пиринска Македонија

Александар Климов, познат уште како Александар Христов или Поповски бил офицер во Бугарската армија, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, учител и општественик.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој роден во 1881 година во село Ложани, во тогашната Османлиска империја. Имал брат Цветан (Целе) и сестра Велика. Сите се од големата струшка фамилија Поповци.

Основното образование го завршува во родното село и во градот Струга. Потоа го продолжува образованието во гимназијата во Битола, каде учители му се Даме Груев, Пере Тошев, Александар Мартулков и други.

За време на Илинденско востание е војвода на чета во Струшко [1].

Реонски војвода е Илија Коцарев од Охрид. Уапсен е од турските власти во февруари 1908 година по обвинение за револуционерна дејност и е осуден на 101 година затвор од турскиот суд во Битола и заточение во Диарбекир.

Амнестиран е неколку месеци подоцна, по Младотурската револуција. По Втората балканска војна, во 1913 година по неговиот отказ да стане српски учител е прогонет од новите српски власти со семејството во Бугарија, каде станува учител во селото Елешница, Разлошко.

Учествува во Првата светска војна под раководство на полковник Борис Дрангов. По војната се заселува во кресненското село Брезница (денес Горна Брезница), каде е учител и општественик до крајот на животот. Училиштето и општината се поместуваат во зграда во дворот на неговата куќа.

Погребан е во Брезница. Во 2003 година по повод 100 годишнината од Илинденското востание во селото е подигнат негов споменик.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, том 1, Јубилејно издание на Култура - Скопје за Илинденското востание, 2003, 313 с.

Корисна литература[уреди | уреди извор]

  • Борис Ј. Николов, Внатрешна Македоно-Одринска Револуционерна Организација. Војводи и раководители 1893-1934. Библиографски прирачник, Софија 2001


Галерија[уреди | уреди извор]