Крсто Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
KrestoLazarofBGhistory.jpg
Роден 1881
Коњух, Кратовско, Македонија
Починал 1944
Кумановско, Македонија


Крсто Лазаров Иванов (познат и како Коњушки, Коњушкин, Крсто Кумановски или Ставре)[1] бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Од 1905 до 1931 година бил кумановски околиски војвода и водел борба против српската пропаганда во Македонија.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Крсто Лазаров е роден во 1881 година во село Коњух, Кратовско. Во редовите на ТМОРО пристапил во 1900 година. Од 1901 до 1903 година е четник во четата на капетан Јордан Стојанов.

Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско. На 15 јануари 1905 година (нов стил) во Куманово го убил поп Ташко, водачот на српската пропаганда во Куманово.[3]

Учествува во Балканските и Првата светска војна, во поддршка на бугарската армиja. Од 1919 до 1931 година е кумановски околиски војвода и водел борба против српската власт.

По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, во 1941 година се вратил во родната околија со бугарската војска. Одиграл важна улога во разбивањето на Козјачкиот партизански одред на 17 октомври 1941 година. Поради тоа, Бојан Зафировски во весникот „Октобрис“ напишал отворено писмо против него.[4][5] Бил војвода на Кумановската контрачета со седиште во Матејче, која се борела против партизаните.

Кон крајот на 1944 година или во јануари 1945 година, како соработник на окупаторот, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско од новата комунистичка власт.[6]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Христо Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев, Атанас Џолев, Мирчо Кикиритков, „Спомени: премрежињата на македонското револуционерно движење“, „Македонска книга“, Скопје, 2002, 2003.
  • „За контраверзите и премрежјата на еден војвода: (борбата на Крсто Лазаров Коњушки)“, „Корени“, Год. 9, бр. 33/34 (март/јуни 2010), стр. 5357-5359.
  • Крсто Лазаров Коњушки, „Спомени“, „Корени“, Год. 9, бр. 33/34 (март/јуни 2010), стр. 5360-5411.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 77
  2. Биографиja од саjт за ВМРО
  3. „Един жесток разказ на кумановския войвода Кръстю Лазаров за сръбската агресивна политика в Македония“, "Сите българи заедно"
  4. Бојан Зафировски, „Отворено писмо до Крсто Коњушки“
  5. Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 63-67 стр.
  6. Църнушанов, Коста. „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, София, 1992, стр. 246.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]