Димитар Маџаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Маџаров
Роден 15 декември 1882
Мерхамли, Грција
Починал 25 ноември 1949
Крџали, Бугарија

Димитар Маџаров бил одрински револуционер учесник во македонско-одринското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Маџаров е роден во селото Мерхамли (денес Пеплос, Грција), Софлиско. Влегува во ВМОРО и се занимава со собирање на оружје. За време на Илинденското востание е четник во Малкотрновско и Лозенградско. Во 1907 година е четник во агитациона чета на Стамат Икономов во Малкотрновско.

По Хуриетот во 1908 година е меѓу приврзаниците на Јане Сандански. Формирал во Мерхамли, клуб на Народната федеративна партија.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 2 чета при Лозенградската партизанска чета на Михаил Герџиков.

Есента 1913 година по повлекувањето на бугарските војски е на чело на чета, која заедно со четата на Руси Славов, го заштитува бугарското население во Дедеагачко и Ѓумурџинско. Во септември двете чети го напаѓаат турски конвој меѓу Дедеагач и Фере и спасуваат 12 000 бугарски бегалци.

По завршувањето на Првата светска војна, Георги Поп Петков Калојанов, Димитар Маџаров и Петар Чапкнов ја формираат првата чета на Внатрешната тракиска револуционерна организација во Западна Тракија и Родопскиот крај. Член е на Управното тело на ВТРО. Делегат е од тракиската организација во составот на бугарската делегација на Париската мировна конференција, која доведува до склучувањето на Парискиот мировен договор од 1947 година.

Маџаров умира на 25 ноември 1949 година во градот Крџали. Во знак на благодарност во 1959 година селото Дупница (денес град) е преименувано во Маџарово [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Справочник на българските географски имена в [[Антарктика]] (Bulgarian Antarctic Gazetteer)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-03-08.