Коста Мазнејков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коста Мазнејков
KostaMazneikov.jpg
Роден 1882
Струмица, Отоманско Царство, денес Македонија
Починал 24 март 1903
Ињево, Радовишко, Македонија


Коста Мазнејков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мазнејков со неговата чета на Смрдешник

Коста Мазнејков е роден во 1882 година во Струмица, денешна Република Македонија. Бил ученик во селата Робово и Добрејци, а во периодот од 1899-1901 година заминал за Бугарија. По враќањето од Бугарија, тој станал радовишки регионален војвода на ВМОРО.

Во 1903 година дошло до обединување на неколку чети, и тоа четите на Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Тимо Ангелов и Никола Дечев.

Мазнејков учествувал во Битката кај Готен, на планината Готен, Малешевско[1].

Во Битката кај Ињево, која се одвила на 24 март 1903 година, Мазнејков заедно со околу 15 души загинал во борба против турскиот аскер.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Движението отсам Вардара и борбата с врховистите, по спомени на Јане Сандански, Чернопеев...
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 96.