Никола Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Георгиев
Роден 1880
Радовиш
Починал 20 јуни, 1932
Петрич, Бугарија
Гробот на Тодор Александров, напред во средината Никола Георгиев (1), Георги Вандев (2) и Илија Хаџитошев (3).

Никола Георгиев (1880 - 1932) познат и под псевдонимот Велко, бил македонски учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографиja[уреди | уреди извор]

Георгиев е роден во 1880 година во Радовиш, Османлиското Царство, денес Македонија. Во 1902 година завршува Солунска машка гимназија во Солун.

Потоа, работи като учител во родниот град Радовиш и е избран за член на околискиот револуционерен комитет. После тоа Георгиев завршува право и работи како адвокат во Радовиш и Петрич, а потоа станува градоначалник на двете места.

Осуден е од српските власти на смрт после Првата светска војна. Во 1925 година Никола Георгиев е избран за секретар на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Кон 1930 година е член на Македонското благотворително братство „Христо Матов“ во Петрич.[1]

Умира на 20 јуни 1932 година во Петрич.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Албумъ-алманахъ "Македония". Софија, 1931.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 31.