Прејди на содржината

Данаил Крапчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данаил Крапчев
Роден 15 декември 1880
Прилеп, Македонија
Починал 10 септември 1944
Горна Џумаја, Пиринска Македонија

Данаил Василев Крапчев — македонски новинар, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Во својот живот се занимавал со новинарство и е еден од поистакнатите бугарски политички аналитичари.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Прилеп на 15 декември 1880 година. Во 1898 година завршува Солунскаta машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1906 година историја на Софискиот универзитет. Истата година започнал со новинарската активност во неделното списание „Македонско-одрински преглед“, по што станува нелегален четник на Организација. Во 1907 година заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков го редактирал весникот „Илинден“ во Софија.

Следната 1908 година го уредува истовремено весникот „Татковина“ и весникот „Роднина“ во Солун. Во периодот меѓу 1909-1912 го издавал весникот „Вардар“ во Софија и последователно го преименувал на други реки "Места", "Струма", "Марица", "Брегалница" за да ја надмине забраната во Турција. Во 1912 година Данаил Крапчев е повторно четник заедно со Јаворов. Истата година го уредувал весникот "Бугарин" во Солун.

По Втората балканска војна е уредник е на органот на бугарската демократската партија "Прјапорец" во Софија. Во периодот меѓу 1915-1918, Данаил Крапчев е воен дописник на весниците "Воени известувања", "Добруџа" и "Прјапорец". Во 1919 година создаал независен информативен весник "Зора", на кој е директор до крајот на својот живот. Во исто време е директор-сопственик на акционерско друштво "Бугарски печат" и "Печат". Член е и еден од основачите на Македонскиот научен институт. Во 1928 година е во раководството на Сојузот на македонските младински организации. По превратот од 19 мај 1934 година поради своите демократските позиции е протеран во Карлово.

Во април 1941 година е испратен од бугарскиот премиер Богдан Филов да воспостави врска со Бугарските акциони комитети. На 9 септември 1944 година е уапсен поради политички причини. Починал при неразјаснети околности на 10 септември истата година во полициската станица на Горна Џумаја. Посмртно е осуден од Народниот суд. Во февруари 1994 година Врховниот суд на Република Бугарија ја укинала пресудата.[1]

  1. Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 463.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]