Михаил Димев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 август 1878
Битола, Македонија


Михаил Димев Ќосев, наречен Мише Ќосето, бил македонски револуционер, битолски селски војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Михаил Димев е роден на 15 август 1878 година во Битола, тогаш во Отоманската империја. Добива основно образование и станува член на ВМОРО во 1898 година. Учествува во терористичката група на Иван Кафеџијата. Од 1901 година е градски војвода, а во Илинденското востание е војвода на чета и учествува во борби во Смилево. По задушувањето на востанието Михаил Димев станува член на околискиот комитет на ВМОРО во Битола. За време на Хуриетот во 1910 година е уапсен и осуден на 15 години затвор, но наскоро потоа е амнестира. Од 1911 година ја продолжува револуционерната дејност и е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет на ВМРО [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 108.