Александар Хаџи Панов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар Хаџи Панов
Alexander Hadhipanov.JPG
македонски револуционер
Роден Прилеп, Македонија
Починал 19 октомври 1900
Солун, Грција

Александар Хаџи Панов, познат и како Алексо Панов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Даме Груев, Григор Попев и Александар Хаџи Панов во арнаутска облека на пат за Охрид

Александар Хаџи Панов е роден 1875 година во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун во 1894 година, каде што станува еден од првите членови на Организацијата [1].

По завршувањето на гимназијата, работел како учител во Прилеп и учествувал во создавањето на револуционерниот комитет на Организацијата во градот заедно со Даме Груев, Јордан Гавазов и Јордан Поп Константинов. Го придружува Даме Груев при основањето на револуционерните комитети при Битолскиот револуционерен округ и учествува на Ресенско советување.

Раководи со комитетот се до 1895 година, кога запишува електроинженерство во Париз, но се разболел и се врати во Солун, каде што умрел на 19 октомври 1900 година [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. ВМОРО през погледа на нейните основатели“, Военно Издателство, София, 2003 г., стр.20
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 177.