Петруш Јовчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Petrush Yovchev IMARO.jpg
Роден 1880
Охрид, Македонија
Починал 6 февруари 1932
Русе, Бугарија


Петар (Петруш) Јовчев бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Петруш Јовчев е роден во 1880 година во градот Охрид. Завршува четврто одделение. Заедно со своите браќа заминува на печалба во Русе. Во почетокот на 1902 година заедно со Стефан Пенев заминува за Македонија. Се населил во Битола, каде што се приклучил на ВМОРО. На крајот на април 1902 година двајцата се уапсени од турските власти. Лежат една година во Битолскиот затвор.

Јовчев и Пенев се амнестирани во почетокот на 1903 година. Јовчев заминува за својот роден град, каде што станува член на терористичката група на ВМОРО. Подоцна станува војвода на чета. Зема учество во Илинденското востание во летото 1903 година [1].

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 9-та Велешка дружина. Носител е на орден "За храброст" IV степен [2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 67.
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 323.