Илија Крчовалијата
Илија Крчовалијата | ||
Роден | Илија Аргиров 1856 Крчово, Солунски Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | јули 1918 Крчово, Царство Бугарија | (возр. 61–62)
Илија Аргиров, познат како дедо Иљо или Крчовалијата — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]
Роден е во 1856 година во селото Крчово, тогаш во Отоманското Царство. Потекнува од сиромашно семејство и од мал работи како овчар и слуга, бидејќи татко му и двајцата негови браќа се убиени од Турците, а неговата мајка умрела од тага. Почнал да произведува јаглен, но откако бил измамен од грчки трговец, тој станал ајдутин. Илија бил четник при Георги Зимбилев. Учествува во Македонското востание во четата на Стојан Карастоилов. По поразот продолжува да се занимава со ајдутство. Во 1895 година е привлечен од Македонскиот комитет и учествува во Мелничкото востание.
Во 1897 година се приклучува на ВМОРО под влиание на Гоце Делчев, се откажал од арамиството и раководи чета од 6 луѓе во Серско и Демирхисарско. Од 1899 година е војвода во Неврокопско. Од 1902 година е демирхисарски околиски војвода. Во летото 1903 година е делегат на конгресот на Серско револуционерен округ од Демирхисарско. За време на Илинденското востание дејствува во родниот крај, на чело на зборната чета со Јане Сандански. По поразот на востанието, тој дошол во судир со Сандански и бил отстранет од Округот Од 1906 до 1908 година, бил пунктовен началник на ВМОРО во Рила.
По Хуриетот се враќа како легален во Крчово, но во 1909 година е уапсен заедно со Георги Башлијата и уште тројца четници и осуден на доживотен затвор поради подготовка на атентат врз Јане Сандански. Во 1911 година, тој бил амнестиран. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година застанува на чело на дванаесеттата партизанска чета на Македонско-одринското ополчение, а подоцна служел во штабот на Четвртата битолска дружина. Тој бил награден со Орден за храброст - IV степен.
Од 1913 година е пунктовен началник во селото Петрово, Демирхисарско.
Умрел во Крчово во 1918 година.[1][2]
Илија Крчовалията е татко на војводата на ВМРО, Димитар Илиев.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 383.
- ↑ Енциклопедия България, Том 3, София, Издателство на БАН, 1982.